Хан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Хан (понекогаш кан, турски: khān,[1][2] монголски: 'qāān',[2] Кинески: 可汗 или 汗, kehan или han) претставува тутула која ја имал суверен или војсоководец од Централна Азија. На почетокот бил користен во средновековието од Алтајските номадски племиња кои живееле на северот од Кина. За прв пат овој назив бил користен во Ксијнбеи конфедерацијата[3] за нивниот водач во периодот од 283 до 289.[4], а подоцна бил користен како титула за владетел на некоја држава.[5]

Подоцна овој поим бил прифатен и од други народи во Азија пред турските народи и Монголите да го пренесат во останатиот дел од азија и во Европа. Во средината на шестиот век за Персијците бил вообчаена употребата на зборот хан со значење „Крал на Турците“. [6]

Денес овој збор најчесто се поврзува со слични значења: командант, лидер или владетел. Денес канови постојат претежно во Јужна Азија, во Централна Азија, во Авганистан и во Иран.

Наводи[уреди]

  1. „"khan."“. „Merriam-Webster Online Dictionary“. Merriam-Webster. http://www.merriam-webster.com/dictionary/khan. конс. 25 април 2008. 
  2. 2,0 2,1 „"khan."“. „The American Heritage Dictionary of the English Language“. Bartleby.com. http://www.bartleby.com/61/93/K0049300.html. конс. 25 април 2008. 
  3. Henning, W. B., 'A Farewell to the Khagan of the Aq-Aqataran',"Bulletin of the School of Oriental and African studies - University of London", Vol 14, No 3, p501-522. ,
  4. Zhou 1985, p. 3-6
  5. René Grousset (1988). „The Empire of the Steppes: A History of Central Asia“. Rutgers University Press. стр. 585. ISBN 0813513049. 
  6. Henning, W. B., 'A Farewell to the Khagan of the Aq-Aqataran',"Bulletin of the School of Oriental and African studies - University of London", Vol 14, No 3, p501-522.

Поврзано[уреди]

Надворешнни врски[уреди]