Музеј Рахми Коч

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Музеј Рахми Коч
Rahmi M. Koç Müzesi
Општи информации
Град Истанбул
Земја Турција
Изградбата започнала 1994
Проектирање и изградба
Сопственик Групација Рахми Коч

Музејот Рахми Коч (турски: Rahmi M. Koç Müzesi) се наоѓа во Истанбул, Турција. Овој музеј располага со дела од историјата на транспортот, индустријата и комуникациите[1]. Во 1991 година, од страна на Рахми Коч, еден од најбогатите луѓе во Турција била основана групацијата Коч. По три години, на 13 декември 1994 година бил основан и истоимениот музеј. Музејот се наоѓа во преградието на населбата Хаској, на северниот брег од Златниот Рог. Музејот е сместен во две згради кои се меѓусебно поврзани. Тој е отворен секој дек освен понеделник. Директор на музејот е Ентони Филипсоон.

Инспирацијата за основање односно создавање на музејот, Рахми Коч ја добил по посетата на музејот Хенри Форд. Во јули 2001 година музејот бил проширен. Во престолнината на Турција, Анкара, исто така постои т.н. сестра музеј кој го носи истото име на познатиот милионер.

Наводи[уреди]

НАдворешни врски[уреди]