4 јуни
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јуни | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | ||||||
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
| 30 | ||||||
4 јуни е 155-тиот ден во годината според григоријанскиот календар (156-ти во престапна година). Остануваат 210 дена до крајот на годината.
Настани:
| 781 п.н.е. | За првпат во пишаната историја, во Кина е забележано затемнување на Сонцето. |
| 1896 | Индустријалецот и пронаоѓач Хенри Форд се провозел на својот „квадрицикл“. |
| 1917 | Доделени се првите Пулицерови награди во САД. |
| 1920 | Во Париз е склучен Тријанонскиот договор со кој на Унгарија ѝ се одземени околу две третини од територијата и од населението. |
| 1944 | Втора светска војна: Американските и Британските сојузници го зазедоа Рим. |
| 1989 | Протестите на плоштадот Тјенанмен во Пекинг, Кина се крваво задушени со употреба на воена сила врз демонстрантите кои барале демократизација на општеството. |
| 1989 | Солидарност победи на изборите во Полска, што го означи почетокот на распадот на комунистичките режими во источна Европа. |
| 2010 | Наото Кан е назначен за Премиер на Јапонија, по оставката на неговиот претходник Јукио Хатојама. |
Родени:
| 1911 | Милован Ѓилас, комунистички раководител на СФР Југославија. |
| 1929 | Каролос Папуљас, грчки политичар. |
| 1937 | Пандо Колевски, македонски поет и преведувач. |
| 1952 | Бронислав Коморовски, полски политичар. |
| 1975 | Расел Бренд, англиски комичар, водител и колумнист. |
| 1975 | Анџелина Џоли, американска актерка. |
| 1990 | Џецун Пема, кралица на Бутан, сопруга на кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук. |
| 1991 | Анте Вукушиќ, хрватски фудбалер. |
Починале:
| 1530 | Максимилијан Сфорца, милански војвода. |
| 1876 | Абдул Азис, отомански султан. |
| 1971 | Ѓерѓ Лукач, унгарски марксистички философ. |
| 1917 | Јордан Николов, македонски револуционер. |
| 1934 | Васил Апостолов Икономов, учител, фолкрорист, етнограф, печатар, преведувач и калиграф. (р. 1848.). |
| 2001 | Борислав Џинлески, македонски ветеринар. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |