18 јуни
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јуни | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | ||||||
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
| 30 | ||||||
18 јуни е 169-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (170-ти во престапна година). Остануваат 196 дена до крајот на годината.
Настани:
| 1583 | Во Лондон е издадена првата полиса за животно осигурување во светот. |
| 1821 | Свечено отворен Кралскиот драмски театар (денес Концертен дом) во Берлин. |
| 1940 | Втора Светска војна: Германците го зазедоа француското пристаниште Шербур. |
| 1940 | Шарл де Гол, француски генерал, ги повика од Лондон сите Французи да ја продолжат борбата против германските освојувачи, кои во тие денови целосно ги поразија вооружените сили на Третата република. Во таа пригода Шарл де Гол ја изговори познатата мисла „Французите загубија една битка, но не и војната“. |
| 1953 | Египет е прогласен за република по соборување на Фаруковиот режим. Прв претседател на Египет станал Нагиб. |
| 1965 | Во Алжир е извршен државен воен преврат. Хари Бумедиен ја презеде власта наместо дотогашниот претседател Бен Бела. |
| 1996 | Бенјамин Нетанјаху ја презеде должноста премиер на Израел по изборната победа на неговата десничарска коалиција. |
| 1997 | Турскиот премиер Неџметин Ербакан поднесе оставка на функцијата. |
| 2000 | Башер ел-Асад е избран за лидер на владеачката сириска партија Баас, по смртта на претседателот Хафез ел-Асад. |
Родени:
| 1491 | Хенри VIII, славен крал на Англија. |
| 1866 | Стамат Икономов, бугарски офицер. |
| 1882 | Георги Димитров, раководител на БКП и премиер на Бугарија. |
| 1922 | Жамила Коломонос, македонска револуционерка. |
| 1935 | Слободан Мицковиќ, македонски есеист. |
| 1946 | Фабио Капело, италијански фудбалски тренер. |
| 1949 | Лех Качињски, полски политичар. |
| 1972 | Митко Тошев, македонски скулптор, вајар и сликар. |
| 1982 | Фабиен Лефевре, француски кајакар. |
| 1982 | Марко Бориело, италијански фудбалер. |
Починале:
| 741 | Лав III Исавријанин, византиски император. |
| 1762 | Мишел-Ришар Делаланд, француски барокен композитор. |
| 1926 | Олга Константиновна, Голема руска кнегиња. |
| 1936 | Максим Горки, руски, односно советски писател, еден од основачите на советската книжевност. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |