Георги Димитров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Георги Димитров
Dimitrov George state in Moscow.jpg
Споменик на Георги Димитров во Москва
Роден 18 јуни 1882
Ковачевци, Кнежество Бугарија
Починал 2 јули 1949
Москва, СССР

Георги Димитров (18 јуни 1882 - 2 јули 1949) — бугарски политичар со потекло од Македонија[1], раководител на Бугарската комунистичка партија и на Комунистичката интернационала, како и премиер на Народна Република Бугарија од 1946 до својата смрт.

Димитров станува член на Бугарската социјалдемократска работничка партија во 1902 година, а следната година, кога настанува расцеп во партијата на тесни и широки социјалисти, Димитров се приклучува кон крилото на тесните социјалисти. Во 1909 станува член на ЦК на БСДРП и секретар на Сојузот на револуционерни синдикати на Бугарија.

По Октомвриската револуција бугарските тесни социјалисти се приклучуваат кон Коминтерната, а на нејзиниот Трет конгрес зема учество и Димитров. По неуспешното Септемвриско востание во 1923 година во Бугарија, Димитров е осуден на смрт и е принуден да пребегне во СССР. Таму зема учество во апаратот на Коминтерната, но од 1929 до 1933 година тој е немилост кај Сталин и советското раководство поради несогласувањето со политиката на Коминтерната кон социјалдемократијата и фашизмот по 1928 година.

Јосиф Сталин и Георги Димитров во 1936 година.

Димитров се стекнува со светска слава кога при Лајпцишкиот процес организиран од германските нацисти со цел да се обвинат комунистите за палањето на Рајхстагот во 1933, многу успешно се одбрани и успева да биде ослободен од обвинението. Имајќи го предвид неговиот стекнат имиџ при овој процес, Сталин во 1934 го поставува на чело на Коминтерната. Димитров ја врши функцијата генерален секретар на Коминтерната сè до нејзиното распуштање во 1943.

По доаѓањето на власт на Отечествениот фронт во Бугарија во септември 1944 година, Димитров останува во СССР, а во Бугарија се враќа откако таа е прогласена за народна република, по референдумот од 15 септември 1946 година. Набрзо, во ноември 1946 година Димитров бил избран за премиер на Бугарија.

Во декември 1946 во комунистичка Бугарија бил извршен првиот повоен попис на населението. Во Пиринска Македонија 70% се изјасниле како етнички Македонци. Во меѓувреме на кметовите во Пиринско било наредено сите граѓани да бидат пишувани како Македонци по националност, со исклучок на Евреите, Турците, Циганите и Бугарите коишто се родени надвор од регионот.[2][3][4][5] Вака во македонската историја Димитров е особено важен како прв челник на Бугарија што ја признал македонската националност.[6]. Во негова чест, неговото име го носи една скопска гимназија.

Извори[уреди]

  1. Виктор Цветаноски, „Македонците крем на бугарското општество“ (4), „Георги Димитров комунист со светски маштап“, „Утрински весник“, број 2860, петок, 12 декември 2008.
  2. Бърза! Телефонограма до Г Г кметовете на околията: Незабавно свикайте контрольорите и преброителите и им съобщете при попълване на графа 13 от домакинската карта и графа 5 на домакинския лист Б народност да се пише МАКЕДОНСКА, по изключение само евреите, циганите, турците и българите дошли от пределите на България. Българомохамеданите да се пишат по народност македонци, без разлика дали са отсам или оттатък р. Места. #10269, 27 XII 1946 г., гр. Неврокоп. Окол. Управител: Лаков (подпис и печат) - „од државниот архив на Благоевград, ф.242, оп.1, а.е.25, л.50“ (бугарски)
  3. Българско историческо дружество - „Исторически преглед“, София, 1990, Институт за история към Българската академия на науките, стр. 55/56
  4. Добрин Мирчев - „Македонския въпрос в българо-югославските отношения“, София, 1994, Университетско издателсвто „Св. Климент Охридски“, стр. 277
  5. Веселин Ангелов - „Премълчани истини: Лица, събития и факти от българската история (1941-1989)“, София, 2005, ИК „Анико“, стр. 9
  6. Георги Димитров, Македонски крем на бугарското општество

Надворешни врски[уреди]

Премиери на Бугарија
 Кнежество Бугарија  Бурмов | Климент | Цанков | Каравелов | Ернрот | незафатен | Соболев | Цанков | Каравелов | Климент | Каравелов | Радославов | Стоилов | Стамболов | Стоилов | Греков | Иванчов | Петров | Каравелов | Данев | Петров | Петков | Станчов* | Гудев | Малинов Flag of Bulgaria.svg
 Царство Бугарија  Малинов | Гешов | Данев | Радославов | Малинов | Теодоров | Стамболијски | Цанков | Љапчев | Малинов | Мушанов | Георгиев | Златев | Тошев | Ќосеиванов | Филов | Божилов | Багрјанов | Муравиев | Георгиев Flag of Bulgaria.svg
 Народна република Бугарија  Георгиев | Г. Димитров | Коларов | Червенков | Југов | Живков | Тодоров | Филипов | Атанасов | Луканов Flag of Bulgaria (1971-1990).svg
 Република Бугарија  Луканов | Попов | Ф. Димитров | Беров | Инџова* | Виденов | Софијански* | Костов | Сакскобургготски | Станишев | Борисов | Рајков* | Орешарски | Близнашки* | Борисов
* времено назначување
Flag of Bulgaria.svg