22 јуни
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јуни | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | ||||||
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
| 30 | ||||||
22 јуни е 173-тиот ден во годината според григоријанскиот календар (174-ти во престапна година). Остануваат 192 дена до крајот на годината. Настани:
| 217 п.н.е. | Птоломеј IV го поразил Антиохиј III од Селевкидското кралство во битката кај Рафија (денешна Рафа на границата помеѓу Палестина и Египет). |
| 168 п.н.е. | Четврта Македонско-римска Војна: Во битката кај Пидна, Римската Република ја поразила војската на македонскиот крал Персеј од антигонидската династија. |
| 1633 | Светата канцеларија во Рим го принудила Галилео Галилеј да се откаже од неговите научни тези дека Сонцето, а не Земјата, е центар на вселената. |
| 1815 | Наполеон абдицирал по втор пат по поразот во Битката кај Ватерло. |
| 1889 | Германија под водство на канцеларот Ото фон Бизмарк прва во светот вовела пензиски систем за работниците, земјоделците, занаетчиите и слугите постари од 70 години. |
| 1941 | Втора Светска војна: Почеток на операцијата Барбароса - нацистичка Германија го нападна СССР. |
| 1976 | Во Долниот дом на канадскиот Парламент е изгласано укинувањето на смртната казна. |
| 1978 | Откриен е Харон, сателитот на џуџестата планета Плутон. |
Родени:
| 1767 | Вилхелм фон Хумболт, основач на универзитетот Хумболт во Берлин. |
| 1837 | Пол Морфи, американски шахист. |
| 1898 | Ерих Марија Ремарк, германски писател. |
| 1907 | Алберто Моравија, италијански писател. |
| 1949 | Мерил Стрип, aмериканска актерка. |
| 1949 | Џуна, руски исцелител. |
| 1960 | Драган Спасески, македонски поет и сликар. |
| 1964 | Ден Браун, американски писател. |
| 1980 | Атанас Николовски, македонски кајакар. |
| 1984 | Јанко Типсаревиќ, српски тенисер. |
Починале:
| 1276 | Папа Инокентие V, римски папа. |
| 1527 | Николо Макијавели, италијански политичар и мислител (р. 1469.). |
| 1535 | Џон Фишер, англиски римокатолички епископ. |
| 1969 | Џуди Гарланд, американска филмска актерка и пејачка. |
| 1987 | Фред Астер, американски актер. |
| 2004 | Драган Геров, македонски новинар. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |