Инквизиција

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Галилео Галилеј пред римската инквизиција

Инквизицијата (латински: Inaquisittio - иследување) била установа, која во текот на средниот век во Римокатоличката црква имала за задача да иследува, суди и казнува луѓе кои што црквата ги сметала за еретици. Почетокот на работата на иквизицијата се поврзува со папа Григур IX (1227-1241), кој со папски декрет ја основал на 29 август 1289 година. Дејствувала во средниот век во сите земји на Западна Европа, а особено крвава и немилосрдна била озлогласената шпанска инквизиција.

Во 1232 година папата ги испратил инквизиторите во Франција под изговор дека тамошните епископи имаале премногу други обврски и затоа не можеле во целост да се посветат на борбата со еретиците. Окосница на инквизицијата отсекогаш биле Доминиканците поради наводниот факт што добро знаеле како да ги убедуваат отпадниците од црквата. Иследувањето на еретиците, и воопшто осомничените, го помагала и државната власт. На почетокот, инквизицијата не била организирана по територијален принцип, туку делувала по потреба. Покасно ова судство било организирано по региони. Папа Инокентие IV на 15 мај 1252 издал папска була под наслов “Ad exstirpanda” која експлицитно дозволувала мачење при изнудување на признание од наводните еретици во текот на инквизицијата, и експлицитно простувала пракса на убивање на повредени еретици, со палење на клада. Булата отстапувала дел од имотот на државата конфискуван од осудениците.

Многу напредни умови биле жртви на инквизицијата, како на пример Јан Хус, Џордано Бруно и други. Укината е во текот на 19 век.

Начин на испитување[уреди]

Инквизиторите во почетокот делувале на начин што оделе во некое место и прво ги повикувале еретиците и осомничените на покајување, ги собирале нивните имиња. Судот од своја страна пак се состоел од нотар, советници, чувари на затворите и бранители. Оптужените или осомничените ги немале имињата на сведоците кои сведочат против нив. Тие едноставно морале да ја зборуваат вистината и имињата на соучесниците. Во прилог на истрагата се пристапувало кон мачење. Најчести казни биле: одземање на имотот и сите права не само на оптужениот туку и на неговите роднини; потоа оптужениот е ставан во затвор. Упорните еретици биле осудувани на смрт и потоа спалувани. Тие кои се покајале биле задавени и потоа спалувани. Телата на умрените еретици се откопувани и потоа спалувани.

Инквизиторот себеси се сметал за одговорен единствено пред папата, а на суд можел да ги изведе и духовните авторитети поголеми од себе.

Делување[уреди]

Испитување на осуденик во време на шпанската инквизиција

Инквизицијата делувала брзо, и се потчинувала световната власт, а во самиот процес немало адвокатски расправи и образложенија. Пресудата обично била читана јавно на градскиот плоштад. На изрекувањето на пресудата задолжително и претходела проповед. Во присуство на илјадници луге, осудениот се појавувал облечен во посебно одело. Смртната пресуда обично била извршувана следниот ден. Всушност улогата на иквизицијата била во тоа што само прогласувала дека црквата не ги штити еретиците и дека ги предава во рацете на државните закони. На еретиците им бил одземан сиот имот и тоа во корист на државата, или црквата или пак самата инквизиција. Следува цитат од папа Никола II за инквизицијата од 1280 година:

Ние на овој начин им соопштуваме на сите еретици- катари, патарени, сиромашни луѓе на Лион… и сите други, па како и да се викаат. Кога Црквата ке ги осуди, тие ке бидат предадени на световниот судија да бидат казнети… ако било кој од нив, одкако ке го уапсат, се покае и посака да се покори, ке добие доживотна робија. Сите кои ги бранат или им помагаат на еретиците ќе бидат обележани. Ако било кој остане обележан година и еден ден, ќе биде прогонот… ако тие кои се осомничени за ерес не можат да ја докажат невиноста, пак ке бидат обележани. Ако останат обележани година дена ке бидат осудени како еретици. Тие немаат право на апелација… Секој кој ке им одобри христијански погреб ке биде обележан се додека не изврши пропишана надокнада. Тој не може да биде ослободен од вина с додека со свои раце не ги ископа нивните тела и ги фрли… Им забрануваме на сите световни лица да расправаат за работи од католичката вера, а ако било кој го стори тоа, ќе биде обележан. Секој кој познава еретици, или оние кои одржуваат тајни состаноци, или оние кои во секој поглед несодејствуват со правоверието, мораат со тоа да го запознаат исповедникот, или некој друг кој за тоа ќе го извести бискупот или инквизиторот. Ако тој не постапи така, ќе биде обележан. Еретиците и сите кои ги примаат, подржуваат или им помагаат, како и сите нивни деца до второ колено, нема да бидат примани во црковна служба… На овој начин, сега сите такви засекогаш ги лишуваме од нивните црковен статус.

Осудување[уреди]

Инквизицијата пројавила посебен интерес за Франција со движењето на албижаните, односно на катарите. Таму во Лангдок, Алба, Нарбони, Авињон, дошло до остри судири во кои во 1242 година некои инквизитори биле убиени. Освен во Франција инквизицијата делувала и во Италија, Германија, Чешка, Шпанија, но небила подеднакво застапена во сите европски земји. Во Арагон, Кастиља, Португалија, Шпанија имало помалку еретици, а повеќе муслимани и евреи.

Папа Никола IX во 1278 година им дал задача на доминиканците да го зацврстат римокатолицизмот. Доминиканците со мисионерство создале силно движење против арапите и евреите, така што многу од нив биле принудени да го примат католицизмот. Таквите се нарекувале марани или новохристијани. Тие, меѓутоа, биле христијани само по име, а за самото христијанство претставувале голема опасност, затоа што особено во повисоките слоеви на народот ширеле ерес. Со доаѓањето на Фернандо II Арагонски и Изабела I Кастилјска во Шпанија триумфирал римокатолицизмот, а еретиците биле прогонети. Така кон крајот на 15 век во Шпанија дејствувала најдобро организираната инквизиција. На чело на инквизицијата биле личности кои со одобрение на кралот ги поставувал папата. Прв генерал на инквизицијата бил Торкемада. Инквизицијата дејствувала против новохристијаните, против јудејските ереси. Околу 170.000 евреи биле протерани во 1492 година, а голем дел од муслиманското население го примиле христијанството.

Тие како христијани биле познати под името мориски. Во 1609 година околу 600.000 мориски биле протерани од Шпанија, додека јудејската ерес се сметала дека е уништена кон крајот на 16 век. Освен евреите и муслиманите, биле прогонувани и протестантинте, франко-масоните, астролозите. Била спроведувана строга цензура на книгите, школите, политиката. Кон крајот на 18 век инквизицијата била политички ангажирана во спречување на навлегувањето на либералните идеи од Франција.

Наполеон Бонапарт ја укинал инквизицијата во 1808 година, но повторно истата била обновена во 1814 година. Инквизицијата повторно била на удар во 1820 година. Конечно, во 1834 година, на интервенција на папата, инквизицијата била изгасната. Според некои статистики, последиците од инквизицијата предизвикале запалување на 34.628 лица, протерување на 18.049, а на други начини биле казнети околу 308.214 луѓе.

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]