Авињон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Авињон (француски: Avignon) — град и општина во југоисточна Франција. Лежи на левиот брег на реката Рона и според проценките од 2010 година има 94.787 жители од кои речиси 12.000 живеат во јадрото на стариот град, кое е опкружено со средновековни ѕидини.

Воздушен поглед на Авињон

Заштитен е од УНЕСКО како светско културно наследство, поради бројните историски наоѓалишта од огромно значење за европската и светската историја. Меѓу поважните споменици освен градското јадро се вклучуваат и средновековните ѕидини, Папскиот дворец и Авињонскиот мост. Дворецот бил седиште резиденција на папата од 9 март 1309 до 13 јануари 1377 година.[1]

Меѓу традиционалните манифестации најпознат е катагодишниот театарски фестивал, Фестивал Д`Авињон.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]