Фернандо II Арагонски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фердинанд II
Крал на Арагон, Крал на Кастилја и Леон
Владеење 20 јануари 1479 - 23 јануари 1516
Претходник Хуан II
Наследник Хуана I и Карлос I
Придружник на Изабела I Кастилјска
Сопруга Жермен од Фоа
Деца Изабела Португалска
Хуан, принц од Астуриас
Хуана Кастилјска
Марија Арагонска
Катерина Арагонска
Династија Династија Трастамара
Татко Хуан II Арагонски
Мајка Хуана Енрикез

Фернандо II Арагонски, познат и како Фернандо Католикот (шпански: Fernando II de Aragón y V de Castilla "el Católico") — крал на Арагон (1479. – 1516.), Сицилија (1468. – 1516.), Неапол (1504. – 1516.), Валенсија, Сардинија и Навара, Гроф на Барселона, крал на Кастилја (1474. - 1504., преку бракот со Изабела I), а потоа и регент на Кастилја во име на своjата ментално болна ќерка Јоана од 1508. до својата смрт.

Заедно со сопругата, кралицата Изабела од Кастилја, Фердинанд бил успешен владетел кој ги поставил основите на Шпанија како единствена држава и европска и светска сила.

Владеење[уреди]

Свадбен портрет на Фердинанд II Арагонски и Изабела Кастилјска.

Преку бракот со Изабела I од Кастилја создале личен сојуз помеѓу соседните кралства Арагон и Кастилја по што следело обединување на нивните територии и создавање на заедничка држава Шпанија, именувана според античкото римско име Хиспаниа, иако заедничката држава формално не била администрирана како единствена, туку како две посебни, сѐ до 18. век.

Фернандо и Изабела ги протерале Маврите од Пиринејскиот полуостров и ја освоиле нивната територија и последна муслиманска енклава на Европско тло - Гранада во 1492. Истата година, го испратиле Кристофер Колумбо во експедиција кон новиот свет. Исто така во 1492. со Декретот од Алхамбра ги условиле Евреите да го прифатат христијанството или да ги напуштат Арагон и Кастилја, што довело до голема иселување на стотици илјади Евреи кон Португалија и цела Европа, вклучувајќи ја Македонија по покана на султанот. Во 1494 г. со Договорот од Тордесиљас постигнале спогодба со Португалија за поделба на светот надвор од Европа.

Со цел да го зајакнат католицизмот, во 1478. ја создале шпанската инквизиција, која била под нивна директна власт, за разлика од средновековната која била под контрола на папата.

Фердинанд бил не само вешт политичар, туку и талентиран воен заповедник. И покрај тоа што не бил мошне впечатлив, бил многу шармантен, а поради силната љубов кон ловот, витешките турнири, коцкањето и жените, станал своевидно овоплотување на она што се вика ренесансен владетел. По смртта на Изабела тој се нашол во непријатна положба како бивш крал, а тоа траело до 1506 година, т.е. до смртта на неговиот зет Филип Убавиот. Тогаш Фердинанд се враќа во Кастилја како регент кој ќе владее наместо својата ќерка Хуана. Славољубов, но спремен кон компромиси, Фердинанд во Италијанските војни (1511-1513) за Шпанија освојува многу територии на Апенинскиот Полуостров.[1]

Заклучок[уреди]

Фернандо и Изабела постигнале ефикасен сојуз во текот на владеењето: Шпанија била обединета, териториите проширени, верски обединета со протерувањето на муслиманите и Евреите, основале војска и морнарица која ќе биде основа на освојувањата на светот во следните 150 години, црквата била реформирана. Со сите овие постигнувања, како и со откритијата на нови територии и природни богатства во Новиот свет, Фердинанд и Изабела ја создале првата светска сила во денешното значење.

Наводи[уреди]

  1. Историја - сеопфатен визуелен водич - Адам Харт-Дејвис, Скопје 2009