Евангелие
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Евангелие (од грчки: ευαγγελιον, арапски: إنجيل - добра, радосна вест) е името на четири библиски книги од Новиот завет, напишани од учениците на Исус Христос или од нивни ученици, кои го ширеле христијанството во тоа време. Во евангелијата се содржат разкази за животот и учењето на Исус Христос: неговото раѓање, живот, дејност, неговата смрт на крстот и воскресението. Во поширока смисла на зборот се подразбира целиот Нов завет.
Како време на составување на евангелијата се посочува втората половина на 1 век по Христос. Тие се напишани од апостолите Матеј, Марко, Лука и Јован, познати и како евангелисти (четрите евангелисти). Четирите евангелија се дополнуваат заемно и го распространуваат житието на Исус Христос.
Освен четирите канонични евангелија, постојат и околу педесет апокрифни евангелија, кои не се вклучени во црковниот канон. Во 9 век евангелијата биле преведени од грчки на старословенски јазик.
| „Евангелие“ на Ризницата |
| Оваа статија за христијанството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |