Старословенски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Старословенски јазик
Словѣ́ньскъ ѩзꙑ́къ, Native name of Old Church Slavonic in Glagolitic.svg
Изговор slověnĭskyi językŭ
Застапен во Словенска Европа
Подрачје Источна и Јужна Европа
Изумрен се употребува само како богослужбен и официјален јазик на православните цркви
Јазично семејство
Индоевропско
Писмо глаголица; кирилица
Јазични кодови
ISO 639-1 cu
ISO 639-3 chu

Старословенскиот јазик или старомакедонски јазик [1](стсл. словѣ́ньскъ ѩзꙑ́къ, Native name of Old Church Slavonic in Glagolitic.svg) е познат во лингвистиката (поточно во славистиката) како првиот пишан, забележан, засведочен словенски јазик, а тоа бил јазикот којшто го говореле македонските Словени во непосредната околина на Солун (дијалектите Сухо и Високо), во втората половина на IX век и се базирал на македонскиот јазик[2]. Често, што поради неинформираност, што поради непрецизност на мислата или пак невнимание, погрешно се вели дека старословенскиот јазик е јазик-татко на модерните словенски јазици, т.е. дека сите модерни словенски јазици директно водат потекло од овој јазик. Ова тврдење не е точно: старословенскиот јазик, од генеалошко гледиште, припаѓа во групата на јужнословенски јазици, поточно во нејзината источна подгрупа, заедно со современите македонски и бугарски јазик. Сите словенски јазици, вклучително и старословенскиот, водат потекло од прасловенскиот јазик. Познато е дека вистинските говорители сопствениот јазик го именувале како словенски (словѣ́ньскъ ѩзꙑ́къ), а себе се именувале како Словени (Словѣнинъ, мн. Словѣне).


Историја и поважни особини

Статии поврзани со индоевропските народи
Словени
Знамето на панславизмот

Словенска култура
Книжевност · Музика
Уметност · Кујна
Носија · Митологија

Словенски народи и нивни земји
Источни Словени
Руси · Белоруси · Украинци · Русини
Западни Словени
Полјаци · Чеси · Словаци
Лужички Срби
Јужни Словени
Срби · Хрвати · Бошњаци
Македонци · Црногорци · Словенци
Бугари · Југословени

Русија · Украина · Белорусија
Полска · Чешка · Словачка · Лужица
Македонија · Србија · Црна Гора
Бугарија · Хрватска · Словенија
Сродни народи
Балтички народи
( Литванци · Летонци )

Словенски јазици и говори
Пра- или општословенски јазик
Источнословенски јазици
Руски · Украински · Белоруски · Русински
Западнословенски јазици
Чешки · Полски · Словачки
Долнолужички · Горнолужички
Померански · Кашупски · †Полапски
Јужнословенски јазици
Српски · Бугарски · Хрватски
Македонски · Босански · Црногорски
Српскохрватски / Hrvatskosrpski
Старословенски · Црковнословенски

Словенска писменост
Св. Кирил и Методиј · Глаголица
Кирилица · Моравска мисија
Прв словенски универзитет
Св. Климент Охридски · Св. Наум Охридски
Црноризец Храбар · О писменех

Историја
Потекло · Прататковина
Преселба на Словените
Словенски опсади на Солун
Склавинии

Други статии поврзани со Словените
Наука за словенштината · Панславизам
Знаме на панславизмот
Химна на панславизмот

Оригиналното име на јазикот, напишано со старата кирилица

Со големата преселба на народите дошло до раселување на многу народи и племиња, меѓу кои биле и Словените. Кон крајот на VI век од нашата ера словенските племиња веќе ја имале напуштено својата (претпоставена) прататковина во Закарпатието и се раселувале низ Европа. Раселувањето се движело главно во три правци: на исток низ Источноевропската низина, на запад кон средна Европа и на југ кон Балканскиот Полуостров. Со распадот на оваа „племенска“ заедница на старите словени, дошло до јазично раслојување на словенските говори, односно на распад на прасловенската јазична заедница. Така се оформиле три големи групи дијалекти: источна, западна и јужна група. Секоја од овие групи пројавила (создала) сопствени особини кои ја разликувале од останатите, но се претпоставува дека овие разлики биле (до средината на IX век, т.е. до запишувањето на првите словенски зборови) сè уште мали и не толку значајни за да пречат во дирекната комуникација помеѓу говорителите на различни дијалекти. Од друга страна, пак, овие групи биле своевидни конгломерати, па во секоја од нив се јавувале поддијалекти. Така, крајот на VI век се смета за крај на постоењето на единствената прасловенска јазична заедница.

Во почетокот на VII век словенските племиња масовно го преминуваат Дунав и се населуваат на Балканот. Тие главно се населуваат околу градовите, зачувувајќи ги своите верски и културни обичаи и секако својот јазик. Околу тоа како доаѓа до создавање на првото словенско писмо и како зачнала словенската писменост, консултирајте ја статијата за словенската писменост.

Востановувањето на (старо)словенскиот јазик во пишана форма е директно поврзан со дејноста на византиските мисионери, светите браќа Константин Филозоф и Методиј (наречени и Апостоли на Словените) и покрстувањето на Словените. Родум од Солун, тие имале допир со Словените, ги познавале нивниот јазик и култура и имале голема улога во политичките игри на Византија кон Словените, секако клучна во нивната христијанизација. Како што е речено погоре, старословенскиот јазик е всушност говорот (дијалектот) на Словените од околината на Солун, кој е избран за прв книжевен словенски јазик од проста причина што Светите Браќа многу добро владееле со него (како што се вели во Панонските Легенди: „...въı боѥста сєлѹнѧнина, да сєѹнѧнє вьси чисто словѣньскъı бесѣдѹютъ...“ („...зашто вие сте Солунјани, а сите Солунјани беседаат чисто словенски...“). Припаѓа на индоевропската фамилија на јазици, поточно во потфамилијата на сатемски јазици. Ова се најзначајните особини на старословенскиот јазик, според рускиот славист Николај Дурново:

  • замена на прасловенските согласнички групи *tj и *dj со -шт- и -жд- соодветно:
*světja > свѣшта (свеќа), *medja > мєжда (меѓа);
  • Почетно а без прејотација:
азъ (јас), абиє (веднаш), агнѧ (јагне);
  • Доследно разликување на ултракратките вокали, т.н. ерови (ъ и ь) во нивниот најстар изговор и во нивниот развој:
ъ > o и ь > є;
  • о и є со „носов призвук“, т.е. носни вокали оn и en (наречени назали, во старата кирилица графемите се наречени голем и мал јус):
оn=ǫ
en=ę;
  • Неразликување на гласовната вредност на јатот (ѣ) и прејотираното а:
ѣ = ıa (ја);
  • Отсутство на етимолошка разлика на є и ѥ, т.е.
є = ѥ (је);
  • Сведување на прасловенските согласнички групи *tl и *dl кон -л-:
*metlŭ > мєлъ, *radlo > рало, *krydlo > кръıло;
  • Придавски форми без скусување:
добраѥго („добрајего“ наместо „добрааго“ или „добраго“)

Ова се основните особини на јазикот, кои го разликуваат од останатите словенски говори, меѓутоа тој носел одредени особини кои пак го разликувале од останатите, несловенски, јазици меѓу кои се: задолжителната употреба на двоината како граматички број, сите слогови се отворени, т.е. завршуваат на самогласка, постоење на вокални р и л (ŗ и ļ ), палатализација на заднонепчените согласки к, г и х, изедначување на генитивот и аблативот во корист на првиот, метатеза (промена на местата) во прасловенските групи: *or, *ol, *er и *el помеѓу согласки или во почетокот на зборот пред согласка, чувањето на супинот како посебна глаголска форма итн.

Наведените карактеристики на јазикот се одржале многу кус период. Со ширењето на писменоста меѓу Словените, говорителите ги внесувале во книжевниот јазик нивните месни (локални) особини, па по извесен временски период се формирале т.н. рецензии или редакции на книжевниот јазик, односно негови варијанти. Кон почетокот на 12. век разликите меѓу овие варијанти станале доволно изразени, што се создале услови за формирање на посебни јазици; краен резултат на овој процес е создавањето на современите словенски јазици. Славистиката го именува периодот од зачетоците на словенската писменост до почетокот на 12. век како старословенски период, период на условна единственост на книжевниот јазик. Периодот од 12. век до конечното оформување на современите словенски јазици (некаде околу XVII-XVIII век) се именува како црковнословенски период, бидејќи традицијата на стариот јазик (со помали или поголеми отстапки) се задржала само во рамките на Црквата, каде старословенскиот (во различни варијанти) бил јазик на литургијата и богослужбата, па оттука и името црковнословенски јазик. Заради сè поголемиот углед на Руската Православна Црква по XII век и историските околности на Балканот (доаѓањето на Турците и замирањето на словенската книжевна активност), руската варијанта на црковнословенскиот јазик постепено се наметнала себе си како службен и литургиски јазик на Православната Црква.

Така, веќе во 18. век ширум словенскиот свет се случува национално будење, па истовремено се оформуваат и модерните словенски јазици, што пак претставува крај на активното користење на црковнословенскиот јазик (во ова време веќе премногу одалечен од народниот говор!), односно со старословенската традиција. Во денешно време употребата на јазикот е мошне ограничена, само во рамките на Православната Црква како јазик на богослужбата, паралелно со локалните јазици.

Писмо

Главни статии: Глаголица и Старословенско писмо
Псалми на старословенски јазик
Минијатура со старословенски натписи. Добрејшинско Евангелие, XIII век

Старословенскиот јазик се пишувал на две писма: глаголица и (старословенска) кирилица. Во славистиката општо е прифатен фактот дека глаголицата е писмото кое го создал Константин Филозоф, наречен Кирил. Во прилог на ова одат следниве факти:

  • Утврдено е дека одредени кирилски документи (споменици) се всушност (пре)напишани врз постар, глаголски текст; обратниот пак процес не е забележан.
  • Во некои документи пишувани на кирилица или пак со грчката алфабета, за специфичните словенски гласови се употребени глаголски графеми.
  • Во трактатот О писменех од Црноризец Храбар кој се занимава со зачетоците на словенската писменост, дирекно се наведува бројот на букви создадени од Св. Кирил: 38 букви. Токму толку букви има глаголицата, не броејќи ги прејотираните самогласки.

Меѓутоа во Панонските Легенди при една мисија на св.Кирил на бреговите на Црно Море, забележено е следново:


...и обрѣт жє тѹ єѵаггєлїє и ѱалтирь роськъі писмєнь писано, и чловѣка ѡбрѣть глаголюща тою бєсѣдою и бєсѣдовавь съ нимь и силѹ рѣчи приѥмь, своѥи бєсѣдѣ прикладаѥ, различїи писмєнь, глааснаа и съсласнаіа и къ богѵ молитвѵ дръжє и въскорѣ начєть чисти и сказати, и мнѡзи сє ѥмѹ дивліа сє бога хвалєщє...
...и тука пронајде евангелие и псалтир напишани со руски букви, и наоѓајќи човек кој го говореше тој јазик и зборувајќи со него, примајќи ја силата на зборовите на својот јазик му прикладе различни букви, согласки и самогласки и наскоро држејќи почест кон Бога почна да кажува молитва, а многумина му се восхитуваа воспевајќи го Бога...


Овој дел остава простор за шпекулации околу авторството на Кирил на глаголицата или воопшто - словенското писмо. Како и да е, во него не е подетално објаснето за какво писмо се работи ниту пак подоцна се навестува дека Кирил го употребил (или барем се угледал на ова писмо) при создавањето на глаголицата.

Глаголицата, така, се смета за оригинално словенско писмо, иако познато е дека нацртите на одредени графеми се многу слични со оние од грчкото брзописно (минускулно) или хебрејското писмо. Кирилицата, пак, од друга страна е создадена некаде на почетокот на X век, најверојатно во Преславскиот книжевен центар од страна на Св. Наум - ученик на Светите Браќа. Таа е создадена по углед на грчкото уставно писмо и броела 44 букви заедно со прејотираните самогласки и неколку графеми за позајмени грчки гласови. Заради својата практичност, кирилицата многу брзо почнала да ја истиснува глаголицата како главно словенско писмо. Така се јавила поделба во употребата на писмата, на едната страна биле оние верни на традиционалноста (пред сè Охридската Книжевна Школа и слични институции во Хрватска), додека на друга страна биле книжевните центри кои ја прифатиле кирилицата (пред сè Преславската Книжевна Школа и сличните инстиуции во Србија и Русија). Со тек на време, глаголицата била сосема истисната од употреба, задржувајќи се само во хрватските краишта сè до XVIII век.

Двете писма биле фонетски: еден глас - една буква, верно пренесувајќи го изговорот. Исто така секоја буква имала сопствена бројна вредност (и тука глаголицата била независна, додека кирилицата го следела грчкото писмо).

Во науката, за претставување на старословенски зборови, во главно се користи кирилицата во нејзината постара, оригинална варијанта. Глаголицата се употребува само кога тоа е нужно.

Граматика

Граматички, старословенскиот јазик бил доста сложен и се карактеризирал со изобилие од форми и именски и глаголски. Именските зборови (именки, заменки, придавки, броеви) се менувале по падеж и број (освен броевите, секако) и припаѓале на одреден род (машки, женски или среден, или пак имале посебни форми за одреден род), глаголите се менувале по време, лице и број, одредени глаголски форми имале и род и падеж, а особено значајна е категоријата глаголски начин (аспект), односно поделбата на свршени (перфективни) и несвршени (имперфективни) глаголи. Постоеле, секако и неменливи зборови: прилози, предлози, сврзници и честички (партикули).

Фонетика

Главна статија: Фонетика на старословенскиот јазик

Во однос на современите словенски јазици старословенскиот пројавувал особени фонетски сложености, особено во самогласничкиот систем на јазикот, кој броел 11 гласа. Зборовите се состоеле од слогови кои завршувале на самогласка - отворени слогови. Исто така се вршела палатализација на веларните согласки пред самогласки од преден ред.


Именски зборови

Главна статија: Именски форми во старословенскиот јазик

Именските зборови делат неколку заеднички менливи категории: род, број и падеж. Постоеле: седум падежи: номинатив, генитив, датив, акузатив, вокатив, инструментал и локатив; три рода: машки, женски и среден род и три броја: еднина, двоина и множина.

Именките се менувале според повеќе парадигми (начини на промена), и тоа главно според основата, а не според родот. Постоеле пет вакви парадигми: О/ЈО-промена, А/ЈА-промена, И-промена, У-промена, ЪВ-промена и Согласнички промени.

Заменките општо биле поделени на нелични и лични. Личните не разликувале форми за секој род, туку имале една, општа, форма; за разлика од нив пак, неличните различувале и род.

Лични заменки се: азъ, тъı, вѣ, ва, мъı и въı (јас, ти, ние (за двоина), вие (за двоина), ние и вие), лично-повратната замека: сѧ (себе, се), прашалните заменки: къто и чьто (кој?, што?), како и облиците изведени од нив: нѣкъто, нѣчьто (некој, нешто); никъто, ничьто (никој, ништо) и сл.
Нелични заменки се: и, ıa, ѥ (тој, таа, тоа, заменка за 3.лице); тъ, та, то (тој, таа, тоа); онъ, она, оно (оној, онаа, она); къıи, каıа, коѥ (кој, која, кое); сь, си, се (овој, оваа, ова); вьсь, вьса, вьсе (сиот, сета, сето).

Придавките се дополнение на именките. За нив се врзува една карактеристична особина на јазикот; имено постојат два начини на нивна промена: проста или именска и сложена или заменска промена. Нивниот однос (разлика) е следниов: простата промена означува нешто новонаведено. новоспоменато, неодредено, додека сложената пак, нешто познато, одредено, однапред познато (за говорителите/читателите), слично како состојбата со членот во современиот македонски јазик.

Глаголи

Главна статија: Глаголски форми во старословенскиот јазик

Глаголот е една од најспецифичните црти на старословенскиот јазик. Слично како кај именските зборови, и глаголите изобилуваат со форми. Некои од категориите и формите што ги пројавува глаголот се исклучиво словенски, други пак индоевропски. Според информацијата кој ја носи, глаголот ги има следниве категории:

Прости времиња: сегашно (презент), минато определено несвршено (имперфект) и минато определено свршено (аорист)
Сложени времиња: минато неопределено (перфект), предминато (плусквамперфект) и идно определено (футур егзактен);

Покрај наведените категории, постојат и следниве именски форми на глаголот:

  • инфинитив, супин и глаголска именка;
  • Партиципи, вкупно пет од кои три активни и два пасивни: партицип на презентот активен, партицип на презентот пасивен, партицип на претеритот активен прв, партицип на претеритот активен втор, партицип на претериото пасивен;

За разлика од глаголите во латинскиот или старогрчкиот јазик, старословенскиот глагол морфолошки не разликувал состојба на глаголот - глаголски залог. Пасивноста на дејствието се означувала аналитички (перифрастично) со употреба на комбинации од пасивните партиципи и лично-повратната заменка.

Примери

Бъıтиє 1:1 - 1:8

1. Въ начѧтоцѣ сътвори Богъ нєбо и зємлѭ.
2. Зємлıа жє бѣашє нєвидима и нєѹстроєна и тьма бѣ врьхѹ бєздьнъı и дѹхъ божии ношаашє сє врьхѹ водъı.
3. И рєчє Богъ: да бѫдєтъ свѣтъ! и бъıстъ свѣтъ.
4. И видѣ Богъ ıако свѣтъ добръ съı и разлѫчи Богъ свѣтъ отъ тьмъı.
5. И нарєчє Богъ свѣтъ дьньмь, а тьмѫ нарєчє ноштьѭ. И бъıстъ вєчєрь и бъıстъ ѹтро, дьнь пръвъıи.
6. И рєчє Богъ: да бѫдєтъ твръдь посрѣдѣ водъı, да разлѫча
7. И сътвори Богъ твръдь и разлѫчи мєждѹ водоѭ подъ твръдьмь бъıвъшєѭ и мєждѹ водоѭ надъ твръдьмь бъıвъшєѭ.
8. И нарєчє Богъ твръдь нєбо. И видѣ Богъ нєбо ıако добро съı. и бъıстъ вєчєрь и бъıстъ ѹтро, дьнь въторъıи.

ѥваньгєлиє ѥжє отъ Лѹкъı 20:2 - 20:8

2. Рѣшѧ ѥмѹ глаголѧ ıако рьци намъ коѥѭ овластьѭ дѣлаѥши сє или къто ѥстъ дадъıи тєбѣ овласть сьѭ?
3. Иисѹсъ отъвѣштавъ рєчє имъ ıако въпрошѫ васъ слово ѥдьноѥ, то рьцѣтє ми.
4. Cъ нєбєсє ли бѣашє крьштєниє Иоаново или съ чловѣкъ жє?
5. Они жє, мислѧ въ сєбѣ глаголаахѫ ıако рєчємъ ли съ нєбєсє, рєчєтъ жє онъ почьто нє вѣровастє ѥмѹ, рєчємъ ли съ чловѣкъ, народъ вьсь побиѥтъ насъ камєньми вѣроваахѫ бо Иоан пророкъ бѣашє.
6. Tо рѣшѧ ıако нє вѣмъ отъ кѫдѹ.
7. Иисѹсъ рєчє жє имъ ıако нє съкажѫ вамъ коѥѭ овластѭ дѣлаѭ сє.


ѥваньгєлиє ѥжє отъ Маръка, 14:17 - 14:24

17. Бъıвъши вєчєри приидє Онъ съ обѣма на дєсѧтє.
18. Сѣдѧштємъ имъ и ıадѧштємъ рєчє Иисѹсъ къ нима ıако ѥдьнъ отъ ваю ıадѫштѹ съ мъноѭ, прѣдастъ мѧ.
19. Сътѫжьша сѧ начѧте она ѥдьнъ за ѥдьньмь въпити ıако азъ ли ѥсмь?
20. Он жє отъвѣштавъ рєчє има: ѥдьнъ отъ обѣю на дєсѧтє ѥстъ омочии съ мъноѭ въ солило.
21. Нъ идєтъ съıнъ чловѣчьскъıи ıакожє писано ѥстъ о ѥмь; То горє чловѣкѹ томѹ имьжє прѣдастъ сѧ съıнъ чловѣчьскъıи, добрѣ бъıло би чловѣкѹ томѹ да нє родилъ сѧ.
22.ıадѧштємъ имъ, поимъ Иисѹсъ хлѣбъ и благослови и прѣломи и и рєчє има ıако примита и ıадита, сє ѥстъ тѣло моѥ.
23. И поимъ чашѫ и хвалѫ въздадъ, дастъ има и питє вьси отъ ѥѩ.
24. То рєчє има ıако си ѥстъ кръı моıа завѣта новаѥго проливаѥмаıа за мъногъı.

Отьчє нашь Во прилог следуваат две верзии на Оче наш:

Отьчє нашь· ижє ѥси на нєбєсѣхъ ! Да свѧтитъ сѧ имѧ Твоѥ́ ·
да придєтъ цѣсарьствиѥ Твоѥ́ · да бѫ́дєтъ волꙗ Твоꙗ́ ꙗко на нєбєсє и на ꙁємл҄и;
хлѣбъ нашь насѫщьнъ даждь намъ дьньсь ·
и остави намъ длъгꙑ нашѧ ꙗкожє и мꙑ оставлꙗѥмъ длъжьникомъ нашимъ·
и нє въвєди на́съ въ искоушєниѥ · нъ иꙁбави нꙑ отъ лѫкаваѥго ⁙
ꙗко твоѥ́ ѥ́стъ цѣсарьствиѥ и сила и слава въ вѣкꙑ ⁙
Аминь
Старословенскиот текст на молитвата „Оче наш“ (Pater Noster)

Видете исто така

Википедија
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на старословенски јазик
Wikibooks
Англиските Викикниги нудат повеќе материјал на тема:


Извори

  1. R. E. Asher, J. M. Y. Simpson. The Encyclopedia of Language and Linguistics, pg. 429
  2. Encyclopedia od Indo-European Culture, J.P. Mallory and D.Q. Adams, page 301.

Надворешни врски