Латвијци

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Летонци)
Латвијци

Латвијците или Летонците (латвиски: latvieši) се балтички народ кој воглавно ја населува европската држава Латвија. Мајчин јазик на Латвијците е латвијскиот јазик.

Историја[уреди | уреди извор]

Латвијците самите себеси понекогаш се нарекуваат со старото име Latvji, кое најверојатно потекнува од зборот latve кое е име на река за која се претпоставува течела во источна Латвија. Подоцна, на територијата на Латвијците се доселило финското племе Ливонци и тогаш зборот за нацијата се модифицирал во Latvis, што значи „чистачи на шума“. Германските колонизатори се доселиле во регионот и започнале да го именуваат народот како Lette, а нивната територија ја нарекле Ливленд. Латинското име Ливонија, постепено почнало да се користи за целиот регион на денешна Латвија. Денес, Латвијците и Литванците се единствените живи балтички народи.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]