Бугари

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ова е статија за населението во современата Република Бугарија. За стариот народ видете Прабугари. Подетално на Бугари (појаснување)

Бугари
българи
Ethnic Bulgarians.jpg
Вкупен број на населението

9-10 милиони[се бара извор]

Региони со значително население
 Бугарија 6.655.210 (2001)
 Турција 328.000 [1]
САД САД 92.841 [2]

[3]

 Украина 204.600 [4]
 Шпанија 113.967 [5][6]
Flag of Moldova.svg Молдавија 76.769 [7][8]
 Германија 95.000 [9][10]
Велика Британија Велика Британија 75.000 [11][12]
 Грција 35.000 [13]
 Аргентина 70.000 [14]
 Италија 19.924 [15][16]
 Русија 31.965 [17]
 Канада 15.192 [18]

[19]

 Србија 20.000 [20]
 Франција 24.000

[21][22]

 ЈАР 15.000

[23]

 Романија 8.025 [24]
 Израел 20.000

[25]

 Казахстан 10.915 - 30.000 [26]

[27]

 Австрија 5.388 [28]
 Унгарија 3.316 - 5.000

[29][30]

 Чешка 4.000

[31]

 ОАР 9.000

[32]

 Австралија 4.902 [33]
 Шведска 4.000

[34][35]

 Португалија 628 - 4.000

[36][37]

 Холандија 2.076

[38][39]

 Ирска 1.000

[40]

 Нов Зеланд 816

[41][42]

 Норвешка 500 [43]
Јазици
бугарски
Религии
Основно Православие
малцински религии: Католицизам, Протестантство, Ислам
Поврзани етнички групи
Дел од серијалот
Бугари
Coat of arms of Bulgaria.svg

Бугарска култура
Книжевност · Музика · Уметност
Кинематографија · Кујна
Ора · Народна носија · Спорт

По региони и земји
(вклучувајќи ја дијаспората)

Република Македонија
Западни Покраини (Србија) ·
Банат (Романија/Србија) ·
Бесарабија (Украина/Молдавија) ·
Северна Добруџа (Романија)
САД · Унгарија · Источна Тракија ·
Малоазиски Бугари ·
Западна Тракија
Помаци

Религија
Православие · Ислам
Католицизам · Протестантство

Дијалекти
на бугарскиот јазик

источни · западни · рупски ·
торлачки ·
банатски

Историја · Владетели


Бугарите (бугарски: българи) се јужнословенски народ[44] генерално поврзан со Бугарија и бугарскиот јазик. Конечното оформување на денешната бугарска нација започнува во 19 век, а посебно значење имаат два настани: формирањето на Бугарската егзархија (1870) и третата бугарска држава (1878). Голема улога во овој процес одиграла Русија, чие политичко и културно влијание биле од клучно значење. Мнозинството Бугари денес живеат во Република Бугарија, иако постојат бугарски малцинства или имигрантски заедници во повеќе земји во светот. Нивниот број денес изнесува над 9 милиони луѓе.

Потекло[уреди]

Бугари празнуваат Водици.


Од историска гледна точка денешните Бугари настанале со мешање на различни народи во Првото бугарско царство од 7. до 10. век, од кои најзанчјни се Словените и асимилираните од нив - Тракијци, како и Прабугарите.[45] Во етногенезата на Бугарите има исто така келтски, римски, грчки, влашки, кумански и други елементи.[46] Тие се разликуваат по својот етнос, религија и култура, како сите тие придонесуваат за создавањето на денешната бугарска нација, вклучително и со својот фолклор и традиции.[47] Овој процес на мешање се одвивал во текот на повеќевековните историски процеси од кои бил зафатен Балканскиот Полуостров.

По развојот на популационата генетика во 21. век почнуваат истражувања на бугарскиот ДНК-профил. Меѓу праисториските настани наведени во набљудуваните халпогрупи, најголем е придонесот на локалните ловци-собирачи од мезолитот. Бугарскиот генетски фонд носи исто така траги од постледникова реколонизација од различни засолништа и експанзијата на неолитски земјоделци од Блискиот исток. Според резултатите од анализата на Y-ДНК и мтДНК, Бугарите припаѓаат на групата на европските народи, но се наоѓаат малку настрана од главното јато. Генетски, денешните Бугари се потесно поврзани со соседните балкански народи (Македонци, Срби, Романци, Грци и Албанци), отколку со другите Европејци.[48][49][50][51][52]

Името Бугари[уреди]

Настанокот на името „Бугари“ останалo од Прабугарите е нејасен и за него постојат повеќе објаснувања: Се претпоставува дека името Бугар е изведено од турскиот збор булга што значи „меша, тресе, мрда“ [53] и оттаму "мешан народ". Друга верзиja e туркскиот збор булгак: „револт, безредие“,[54] што вообичаено се преведува како „бунтовници“.[55] Според некои извори пак, името „bulgar“ доаѓа од името на животното „булга“, коe веројатно било тотемно на Прабугарите.

Создавање на бугарската народност[уреди]

Борис I ги покрстил Бугарите во 864 година, а во 885 година словенскиот јазик станал официјален, заменувајќи го грчкиот. Покрстувањето и прифаќањето на словенскиот јазик за официјален, имале ефект на спречување на асимилацијата на Словените во византиската култура, кое го промовирало формирањето на посебен бугарски идентитет.[56][57] Така, од времето на Цар Симеон I, (893-927) словенските племиња на широкиот простор од Дунав на север, до Егејот на југ и од Јадран на запад, до Црното Море на исток го прифатиле заедничкиот етникон „Бугари”.[58] Тие го асимилирале византиското население, составено главно од хелинизирани и романизирани Тракијци, и други претсловенски народи.[59] Прабугарите се претопиле и исчезнале во словенската етничка маса. Со освојувањето на Првата бугарска држава од Византија бугарската народност се лишила од држава. Но таа се стекнала со доволно внатрешна сила и одржливост, за да може да продолжи самостојното постоење и за време на речиси двовековната византиска власт дејствувала изградената "историска меморија" на Бугарите.[60]

Создавање на бугарската нација[уреди]

Со ликвидирањето на Втората бугарска држава на крајот на 14. век населените со Бугари земји поминале под власта на Османлиската империја. Покрај државата била ликвидирана и самостојната Бугарска патријаршија, како резултат на што дошло до големо духовно и етно-религиозно опаѓање. За време на Османлиското владеење на Балканот етноними не се користеле. Населението било поделено на верски заедници: правоверни и неверници, вклучени во законски признаени религиозни општества (миллети). Такви биле муслиманскиот миллет и источноправославниот - рум миллет. Како дел од рум миллетот, Бугарите без сомнение имале свест дека припаѓаат на посебна заедница, но таа не создавала толку силни чувства на приврзаност, каква имал рум миллетот. Како резултат, народот почнал постепено да ja губи својата етничка припадност и во 18 век бугарскиот дух останал зачуван главно во изолираните манастири. Сепак, под османлиска власт етнонимите никогаш не биле исчезнати, што укажува дека некоја форма на етничка идентификација била зачувана.[61] Тоа се гледа од султански ферман од 1680 година во кој се наведени народностите во Балканските земји на империјата и тоа се: Грците (Рум), Албанците (Арнаут), Србите (Срф), Власите (Ефлјак) и не на последно место Бугарите (Булгар).[62] За прв бугарски преродбеник и национален историчар со неговото дело "Историја Словенобугарска", напишано во 1762 година се смета Паисиј Хилендарски. По Големата француска револуција од 1798 година, започнал пораст на национализмот во Европа, вклучително и во Османлиската империја и почнало распаѓање на рум миллетот. По Бугарските земји започнал процес на национална преродба, а првиот протест на национална основа против контролата на Цариградската патријаршија бил кренат во 1824 година. Дополнителна храброст давал почетокот на реформи познати во историографијата како епоха Танзимат и поточно програмата на султанот за промени Ѓулхански хатишериф од 1839 година, коjа содржела идеи за нови закони со гаранции за правата на сите поданици независно од нивната народност и вера. Како резултат на започнатите црковно-национални борби во 1861 година била признаена Бугарската унија, а во 1870 година и самостојна Бугарска егзархија и така де јуре бил признаен посебен булгар миллет или бугарски народ. Постепено, миллетскиот систем се распаднал целосно во почетокот на 20-от век. Овој процес се совпаднал со создавањето во 1878 г. и зајакнувањето на Третата бугарска држава, во која се влел големиот дел од булгар миллетот. Тој практично формирал бугарскиот етнос и станал јадрото на новата бугарска нација. Како дел од булгар миллетот, во минатото голем дел од Макeдонците биле именувани како Бугари. Дел од муслиманскиот миллет во лицето на Бугарите муслимани, исто така, се вклучил подоцно во создавањето на бугарскиот етнос.

Бугарите во соседните земји[уреди]

Во Бугарија се смета дека денешна Република Бугарија од сите страни е опколена со поранешни бугарски територии[63] на кои има се уште остатоци од бугарско население.[1][4][7][13][20][24][63] Поголемиот дел од Бугарите во Србија живеат во општини Босилеград и Димитровград, и во некои од селата во Банат каде се нарекуваат Банатски Бугари.[20] Во Романија постоjат неколку групи Бугари.[24] Банатски Бугари живеат и во Романија. По преселбата во Австо-Унгарија, Банатски Бугари се оформуваат како посебна етно-религиозна група. Тие најчесто се католици и зборуваат на свој дијалект. Во Романија, словенското малцинство кое живее на југот од земјата традиционално го означуваат со зборот Срби. Во Бугарија се смета дека Србите во јужниот дел на Романија всушност се етнички Бугари.[64] Бугарите во Северна Добруџа биле автохтон локално население. Повеќето од нив ја напуштиле Романија во 1940 година поради договорена размената на население меѓу Бугарија и Романија. Бугари живеат и во Трансилванија, но со текот на времето тие се асимилирани. Во Бесарабија денес живеат 194.662 Бугари, кои таму емигрирале во првата половина на 19 век. Денес оваа територија и припаѓа на Република Молдавија и на Украина. Во Источна Тракија (Турција) постојат цели села со бугарски муслимани.[се бара извор] Некои податоци укажуваат во Турција има помеѓу 270.000 и 324.000 Помаци.[65][66] Бугарите во грчка Западна Тракија која ѝ припаѓала на Бугарија според Букурешкиот договор, 1913, како и во текот на Првата Светска војна се прогонети од сопствените огништа.[се бара извор] Не ретко во минатото Макдонцте биле именувани и се именували како Бугари.[67][68][69][70] Во денешно време Бугарите не се признати како малцинство во Македониja, а на последниот потпис како Бугари се изjасниле само околу 1,400 души.

Видете исто така[уреди]

Извори[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Бугари во Турција“. Joshua Project. http://www.joshuaproject.net/peopctry.php. конс. 20 јануари 2009. 
  2. US census
  3. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in the US according to the consulate in Washington D.C.“. www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=14393&Itemid=389. конс. 29 април 2008. 
  4. 4,0 4,1 „General results of the 2001 Ukrainian census by nationality“. www.ukrcensus.gov.ua. http://www.ukrcensus.gov.ua/eng/results/general/nationality. конс. 28 април 2008. 
  5. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Spain with an address registration“. www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=14718&Itemid=382. конс. 29 април 2008. 
  6. 2005 figures
  7. 7,0 7,1 „National Statistical Bureau of Moldova (романски). www.statistica.md. http://www.statistica.md/recensamint.php?lang=ro. конс. 28 април 2008. 
  8. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria“. www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=14876&Itemid=382. конс. 28 април 2008. (2006)
  9. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Germany (бугарски). www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=14599&Itemid=382. конс. 29 април 2008. 
  10. 2006 figures
  11. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in the UK (бугарски). www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=14754&Itemid=382. конс. 29 април 2008. 
  12. http://epp.eurostat.ec.europa.eu/extraction/retrieve/en/theme3/cens/cens_nscbirth?OutputDir=EJOutputDir_49&user=unknown&clientsessionid=43820756C6114AC37056183CD332EA49.extraction-worker-1&OutputFile=cens_nscbirth.htm&OutputMode=U&NumberOfCells=60&Language=en&OutputMime=text%2Fhtml&
  13. 13,0 13,1 2001 Greek Census, Population by Nationality: Απογραφή πληθυσμού της 18ης Μαρτίου 2001
  14. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Argentina (бугарски). www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=14306&Itemid=390. конс. 29 април 2008. 
  15. „Foreign citizens in Italy“. demo.istat.it. http://demo.istat.it/str2006/query.php?lingua=eng&Rip=S0&paese=A12&submit=Tavola. конс. 9 мај 2008. 
  16. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Italy“. www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=13758&Itemid=382. конс. 9 мај 2008. 
  17. „Russian census 2002“. Russia. http://www.perepis2002.ru/index.html?id=17. конс. 12 мај 2008. 
  18. „Results of the 2001 Canadian census“. www12.statcan.ca. http://www12.statcan.ca/english/census01/products/standard/themes/RetrieveProductTable.cfm?Temporal=2001&PID=62911&APATH=3&GID=431515&METH=1&PTYPE=55440&THEME=44&FOCUS=0&AID=0&PLACENAME=0&PROVINCE=0&SEARCH=0&GC=0&GK=0&VID=0&FL=0&RL=0&FREE=0. конс. 28 април 2008. 
  19. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Canada“. www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=14880&Itemid=389. конс. 30 април 2008. 
  20. 20,0 20,1 20,2 Serbia and Montenegro 2002 census
  21. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in France“. www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=14564&Itemid=382. конс. 30 април 2008. 
  22. Countries of the Eu by Birth
  23. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in South Africa“. www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=14874&Itemid=392. конс. 30 април 2008. 
  24. 24,0 24,1 24,2 Recensamant 2002
  25. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Israel“. www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=15398&Itemid=391. конс. 30 април 2008. The first number indicates people that have Bulgarian citizenship and the second represent those coming from Bulgaria in the 1940s and 1950s who are members of Associations of Bulgarian jews
  26. Population of Kazakhstan as of 1989 and 1999
  27. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Kazakhstan“. www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=15273&Itemid=393. конс. 30 април 2008.  According to members of the Bulgarian community in Kazakhstan their number is between 30,000 and 50,000
  28. New Title
  29. „2001 Hungarian Census, Ethnic group tables“. www.nepszamlalas.hu. http://www.nepszamlalas.hu/eng/volumes/06/00/tabeng/1/load01_10_0.html. конс. 30 април 2008. 
  30. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Hungary“. www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=15260&Itemid=382. конс. 30 април 2008. 
  31. „Government of the Czech Republic: Report on the Situation of National Minorities in the Czech Republic in 2001“. Government of the Czech Republic. http://www.vlada.cz/files/rvk/rnm/zprava_mensiny_2001_en.pdf. конс. 1 мај 2008. 
  32. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in UAE“. www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=15768&Itemid=391. конс. 30 април 2008. 
  33. „2006 Census Table : Australia“. www.censusdata.abs.gov.au. http://www.censusdata.abs.gov.au/ABSNavigation/prenav/ViewData?action=404&documentproductno=0&documenttype=Details&order=1&tabname=Details&areacode=0&issue=2006&producttype=Census%20Tables&javascript=true&textversion=false&navmapdisplayed=true&breadcrumb=TLPD&&collection=Census&period=2006&productlabel=Ancestry%20(full%20classification%20list)%20by%20Sex&producttype=Census%20Tables&method=Place%20of%20Usual%20Residence&topic=Ancestry&. конс. 28 април 2008.  The second number shows people that have indicated Bulgarian descent.
  34. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Sweden“. www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=15225&Itemid=382. конс. 30 април 2008. 
  35. Country of Birth
  36. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Portugal“. www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=14835&Itemid=382. конс. 30 април 2008. 
  37. Eurostat
  38. „Statistics Netherlands, Population Tables“. http://statline.cbs.nl. http://statline.cbs.nl/StatWeb/publication/?DM=SLEN&PA=03743ENG&D1=0&D2=35,201&D3=0&D4=0-10&LA=EN&HDR=T&STB=G1,G2,G3&VW=T. конс. 1 мај 2008. 
  39. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Netherlands“. www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=14659&Itemid=382. конс. 30 април 2008. 
  40. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Ireland“. www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=14867&Itemid=382. конс. 30 април 2008. 
  41. „Statistical Service of New Zealand, New Zealanders by Ancestry“. www.stats.gov.nz. http://www.stats.govt.nz/NR/rdonlyres/1C81F07B-28C6-4DDD-8EBA-80C592E8022A/0/20languagespokentotalresponse.xls. конс. 1 мај 2008. 
  42. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in New Zealand“. www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=15478&Itemid=393. конс. 30 април 2008. 
  43. „Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria - Bulgarians in Norway“. www.mfa.bg. http://www.mfa.bg/bg/index.php?option=com_content&task=view&id=14842&Itemid=382. конс. 30 април 2008. 
  44. Predrag P. Pajic - The South Slavic Collections at the Library of Congress, Library of Congress
  45. Ангелов Д., Образуване на българската народност, Наука и изкуство, София, 1971 г., стр. 136, 215 (бугарски)
  46. Георги Острогорски, Историја на Византија
  47. Mercia MacDermott - „Bulgarian folk customs“, Jessica Kingsley Publishers, 1998, ISBN 978-1-85302-485-6, стр. 13
  48. Five polymorphisms of the apolipoprotein B gene in healthy Bulgarians.Department of Chemistry and Biochemistry, Medical University of Sofia, Bulgaria.PMID: 12713147
  49. Bulgarian Bone Marrow Donors Registry—past and future directions - Asen Zlatev, Milena Ivanova, Snejina Michailova, Anastasia Mihaylova and Elissaveta Naumova, Central Laboratory of Clinical Immunology, University Hospital “Alexandrovska”, Sofia, Bulgaria, Published online: 2 June 2007
  50. From Asia to Europe: mitochondrial DNA sequence variability in Bulgarians and Turks. Ann Hum Gen.1996.Jan;60 (Pt 1):35–49.
  51. HLA polymorphism in Bulgarians defined by high-resolution typing methods in comparison with other populations.
  52. Distributions of HLA class I alleles and haplotypes in Bulgarians – contribution to understanding the origin of the population. M. Ivanova, P. Spassova, A. Michailova, E. Naumova. Division of Clinical and Transplantation Immunology, Medical University, Sofia, Bulgaria.
  53. Dybo, Anna. „bulga-“. „Turkic etymology“. StarLing. http://starling.rinet.ru/cgi-bin/response.cgi?root=config&morpho=0&basename=\data\alt\turcet&first=295. конс. 18 мај 2009. 
  54. Lebedynsky, Iaroslav. Les Nomades : Les peuples nomades de la steppe des origines aux invasions mongoles. Paris: Errance, 2003: p.178.
  55. Taylor, Isaac (2008). „Names and Their Histories: A Handbook of Historical Geography and Topographical Nomenclature“. BiblioBazaar, LLC. стр. 78. http://books.google.com/books?id=7JTVFbT3TnsC&pg=PA78&dq=bulgar+turkic+bulga. конс. 18 мај 2009. 
  56. Who are the Macedonians? Hugh Poulton, C. Hurst & Co. Publishers, 2000, ISBN 1-85065-534-0, pp. 19-20.
  57. A short history of modern Bulgaria, R. J. Crampton, CUP Archive, 1987, ISBN 0521273234, p. 5.
  58. Средновековни градови и тврдини во Македонија, Иван Микулчиќ, Македонска академија на науките и уметностите – Скопје, 1996, стр. 72.
  59. Византийците в България, Робърт Браунинг - Studia Slavico-Byzantina et Mediaevalia Europensia, vol. I, Ivan Dujčev Centre for Slavo-Byzantine Studies, Sofia, 1988, pp. 32-36.
  60. Formation of the Bulgarian nation: its development in the Middle Ages (9th–14th c.) Academician Dimitŭr Simeonov Angelov, Summary, Sofia-Press, 1978, pp. 413–415.
  61. Balkan cultural commonality and ethnic diversity. Raymond Detrez (Ghent University, Belgium).
  62. История на българите. Късно средновековие и Възраждане, том 2, Георги Бакалов, TRUD Publishers, 2004, ISBN 9545284676, стр. 23. (Bg.)
  63. 63,0 63,1 http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1103&ArticleID=71623
  64. Вестник „Адевърул“ за с. Сърби, Влашко
  65. http://www.joshuaproject.net/peopctry.php
  66. Данни на OECD за населението на страните членки
  67. Академик Иван Катарџиев, "Верувам во националниот имунитет на македонецот", интервjу, "Форум", бр. 37: "ФОРУМ - Дали навистина Делчев се изјаснувал како Бугарин и зошто? КАТАРЏИЕВ - Ваквите прашања стојат. Сите наши луѓе се именувале како „Бугари“."
  68. In 1913, the majority of Macedonians in all three regions of Macedonia were Bulgarophile, i.e. they had Bulgarian identity; Center for Documentation and Information on Minorities in Europe, Southeast Europe (CEDIME-SE) - "Macedonians of Bulgaria", p. 14.
  69. The struggle for Greece, 1941-1949, Christopher Montague Woodhouse, C. Hurst & Co. Publishers, 2002, ISBN 1-85065-492-1, p. 67.
  70. Who are the Macedonians? Hugh Poulton,Hurst & Co. Publishers, 1995, ISBN 1-85065-238-4, 9781850652380, p. 101.

Надворешни врски[уреди]