Аспарух

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кан Аспарух
KhanAsparuh.jpg
споменик во Бугарија
Творец и прв владетел на Дунавска Бугарија
Роден ок. 640
Починал 701
краj Днепар, денес Украина

Аспарух (околу 640-701) е творецот и првиот владетел на Дунавска Бугарија, којшто со 300.000-500.000 Прабугари (Уногундури)[1][2][3] дошол од исток кон утоката на Дунав, бегајќи од Хазарите, кои ја уништиле Голема Бугарија.

Откако ги покорил словенските племиња и ги разбил Византијците, Аспарух ја создал првата држава на Прабугарите на Балканскиот Полуостров во 681 година со седиште во Плиска, од кадешто подоцна ќе ги проширува границите на својата држава на просторот до Стара планина. Во „Именик на бугарските ханови„ Аспарух е наречен кнез, но историчарите мислат дека оригиналната титула треба да е к(х)ан. Постои една теорија според која вистинското име на бугарскиот владетел e Батај, a „аспарух“ е грчки изговор на титула во смисла на кнез.[4] Се смета дека Асапрух загинал во борба со Хазарите.

Аспарух бил од значајниот бољарски род Дуло, а татко му бил Кубрат, основачот на Велика Бугарија. Според легендата Аспарух имал уште 4 браќа - потврден е само Батбајан, за Котраг се претпоставува дека доаѓа од името на бугарското племе Котраги; наспроти на хипотезите, нема никакви податоци Кубер и Алцек да се негови браќа.

Литература[уреди]

  1. Васил Н. Златарски. История на Първото българско Царство. Епоха на хуно-българското надмощие с. 188.
  2. Ал. Бурмов, Създаване на Българската дъжава с. 132.
  3. Образуване на българската народност. Димитър Ангелов (Издателство Наука и изкуство, „Векове“, София 1971) с. 203—204.
  4. За името на Аспарух - на бугарски



- >>> Кан на Бугарија (ок.680701) >>> Тервел


Бугарски владетели

Старата голема Бугарија (632681 г.)

Канови (ханови): Кубрат | Батбајан

Прва бугарска држава (6811018 г.)

Канови (ханови): Аспарух | Кубер (во Македонија) | Тервел | Кормесиј | Севар | Кормисош | Винех | Телец | Савин | Умор | Токту | Паган | Телериг | Кардам | Крум | Омуртаг | Маламир | Пресијан

Кнезови: Борис I (Михаил) | Владимир (Расате)

Царови: Симеон I | Петар I | Борис II |

Втора бугарска држава (11861396 г.)

Царови: Иван Асен I | Теодор-Петар IV | Иванко | Калојан | Борил | Иван Асен II | Калиман I Асен | Михаил II Асен | Калиман II Асен | Мицо Асен | Константин I Тих Асен | Ивајло | Иван Асен III | Георги I Тертер | Смилец | Чака | Тодор Светослав | Георги II Тертер | Михаил III Шишман Асен | Иван Стефан | Иван Александар | Иван Шишман | Иван Срацимир | Константин II Асен

Трета бугарска држава (после 1878 г.)

Кнез: Александар Батенберг

Царови: Фердинанд | Борис ІІІ | Симеон ІІ