Днепар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Днепар
руски: Днепр, белоруски: Дняпро,
украински: Дніпро,
кримскотатарски: Özü
Река
Реката Днепар набљудувана од рид во Киев, Украина
Земји Русија, Белорусија, Украина
Притоки
 - леви Сож, Десна, Трубиж, Супиј, Сула, Псјол, Ворскла, Самара, Конка, Биложерка
 - десни Друт, Березина, Припјат, Тетерив, Ирпин, Стухна, Рос, Тјасмин, Базавлук, Инхулетс
Градови Доробогуж, Смоленск, Могиљов, Киев, Черкаси, Днепропетровск
Извор
 - место Валдајска Висорамнина, Русија
 - височина 220 м
 - координати 55°52′00″ СГШ 33°41′00″ ИГД / 
Утока Днепарска делта
 - координати 46°30′00″ СГШ 32°20′00″ ИГД / 
Должина 2.290 км
Слив 516.300 км²
Истек во Херсон
 - просечен 1.670 м3
Сливот на реката Днепар
Сливот на реката Днепар

Днепар (руски: Днепр; белоруски: Дняпро; украински: Дніпро; кримскотатарски: Özü) е една од поголемите реки во Европа (четврта по големина), која извира во Русија тече низ Белорусија, а во Украина се влива во Црното море. Вкупната должина на реката е 2.285 километри и има сливно подрачје од 50.400 км². Реката е позната по нејзините брани и хидроцентрали. Днепар е важен воден пат за економијата на Украина и е поврзан со каналот Днепар-Буг до другите водни патишта во Европа.

Во антиката, Днепар се спомнува од старогрчкиот историчар Херодот (5 век п.н.е.) под името Бористен (во буквален превод од старогрчкионој кој тече од север“). Римските историчари ја нарекуваат оваа река Данаприс додека за време на Киевска Русија меѓу Словените била позната како Славутич.

Етимологија[уреди]

Името „Днепар“ е изведено од персискиот збор Dānu apara „реката на крајната страна“.[1] (Спротивно од ова, реката Днестар се нарекува „блиска река“.)

Во трите земји низ кои поминува реката има исто име, но со различен изговор:

Реката Днепар во Херсон, Украина.
Реката Днепар во Кременчук, Украина.

Географија[уреди]

Вкупната должина на реката е 2.285 километри, од кои 485 км се во Русија, 595 км во Белорусија и 1.095 км се во Украина. Нејзиниот слив покрива 504.000 км², од кои 289.000 км² се во Украина.[2]

Изворот на реката Днепар е во тревнатите мочуришта на Валдајската Висорамнина во Европска Русија на надморска височина од 220 м.[2] 115 км од нејзиниот тек ја сочинува природната граница помеѓу Белорусија и Украина. Поврзана е со реката Буг преку каналот Днепар-Буг. Се влива во Црното Море, каде прави голема делта.

Притоки на Днепар[уреди]

Днепар има многу притоки. Главните се:

Постојат и многу мали директни притоки, особено во Киевската област, како Сирец (десна притока) во северниот дел на градот, историски значајната Либид (Д) која минува западно од центарот и Боршаговка (Д) на југ.

Езера и хидроцентрали[уреди]

Реката е позната по нејзините брани и хидроцентрали.

Најпозната била ХЦ „Днепар “ близу Запорожје, изградена во 1927-1932 со инсталирана моќност од 558 MW. Била уништена во текот на Втората светска војна, но била повторно изградена во 1948 со моќност од 750 MW.

Другите се: Кременчук (1954–60), Киев (1960–64), Днепродзержинск (1956–64), Канив (1963–75).

Овие брани и хидроцентрали учествуваат до 10 проценти во вкупното производство на електрична енергија во Украина.

Вештачки езера се Киев (922 км²), Канив (675 км²), Кременчук (2.250 км²), Днепродзержинск (567 км²), Днепар (420 км²) и Каховка (2.155 км²).

Градови на Днепар[уреди]

Сателитска слика на Днепар и нејзините притоки

Градовите сместени на реката Днепар се подредени од изворот (во Русија) до вливот (во Украина):

Пловност[уреди]

Днепар е важен за водниот сообраќај, како и за самата економија на Украина: нејзините езера имаат големи брани за бродови, дозволувајќи пловила од 270х18 м да можат да пристапат до пристаништето во Киев и така создаваат важен сообраќаен коридот. Реката се користи и од патнички бродови.

Узводно од Киев, во Днепар се влива реката Припјат. Оваа пловна река ја поврзува со каналот Днепар-Буг, врската со реката Буг. Историски, врската со западните европски водни патишта била можна, но каскадите близу градот Брест го попречиле овој меѓународен воден пат. Слабите политички врски помеѓу Западна Европа и Белорусија не влеваат надеж дека ова би се сменило во скора иднина.[3]

Пловноста е нарушена секоја година од мразот во зима и силните зимски виулици.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Mallory, J.P. and Victor H. Mair. The Tarim Mummies: Ancient China and the Mystery of the Earliest Peoples from the West. London: Thames and Hudson, 2000. p. 106
  2. 2,0 2,1 Кубијович, Володимир. „Река Днепар“. „Енциклопедија на Украина“. http://www.encyclopediaofukraine.com/display.asp?AddButton=pages\D\N\DnieperRiver.htm. конс. 19 јануари 2007. 
  3. NoorderSoft Waterways Database

Надворешни врски[уреди]