Симеон I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Симеон I Велики, цар на Бугарија, 893-927 г., Современа слика, Д. Ѓуџенов
Бугарија за време на Симеон I Велики (893-927)

Цар Симеон I (бугарски: Цар Симеон Велики) е владетел, кој управувал со Бугарија од 893 до 927 година.

Роден е најверојатно во 864 година, а умрел на 27 мај 927 година. Станал цар на 27 години, кога го зазел престолот од својот брат Владимир Расате, кој бил сменет од власта од страна на неговиот татко, кнез Борис I и веројатно ослепен поради тоа што сакал да ја врати Бугарија кон паганизмот. Симеон ја преместил престолнината на бугарската држава од Плиска во Преслав.[1]

Во времето на владеењето на Симеон І, Бугарија се утврдила како најзначајната држава во источна Европа, со силна армија и голема територија и го достигнала врвот на своjата моќ. Во овој период, Бугарија излегувала на три мориња - Црно Море, Бело Море и Јадранско Море. Преку низа воени судири со Византија, Симеон ја проширил своjата држава на неjзина сметка. Во 904 г., Арапите од Триполи го освоиле и го ограбиле Солун, а голем дел од жителите одвеле во пленство. Симеон го искористил тоа за да ја помести границата на југ, поблиску кон Солун. Во 913 г. дошол со воjска под Цариград и од патриjархот изнудил царска круна. Во 914 г. ја пустошел околината на Солун и Драч. Во 918 г. продрел низ Грција на југ до Коринт и ја изнудил титулата "Цар на Бугарите и Ромеите". Во 924 г., Симеон ја покорил и ја опустошил Србија. Во тоа време била призната самостоjноста на бугарската патриjаршиjа.

Историчарите тврдат дека во времето на управувањето на Симеон I настанал т.н. „златен век“ на бугарската култура. Тогаш силно се развиле литературата, архитектурата и уметноста, биле изградени голем број христијански храмови, а престолнината Преслав била направена по терк на Константинопол.

По смртта на Симеон I, престолот го наследил неговиот втор син Петар. За време на неговото владеење, Бугариjа брзо ја загубила својата моќ, а Византиjа ги вратила своите поранешни територии и хегемониjата врз Средниот Балкан.

Наводи[уреди]

  1. И. Божилов, Царот Симеон Велики (893-927): Златниот век на средновековна Бугарија, Софија, 1983 (Цар Симеон Велики (893-927): Златният век на средновековна България, София, 1983).

Надворешни врски[уреди]


Владимир Расате >>> Симеон I, цар на Бугарија (893927) >>> Петар I


Бугарски владетели

Старата голема Бугарија (632681 г.)

Канови (ханови): Кубрат | Батбајан

Прва бугарска држава (6811018 г.)

Канови (ханови): Аспарух | Кубер (во Македонија) | Тервел | Кормесиј | Севар | Кормисош | Винех | Телец | Савин | Умор | Токту | Паган | Телериг | Кардам | Крум | Омуртаг | Маламир | Пресијан

Кнезови: Борис I (Михаил) | Владимир (Расате)

Царови: Симеон I | Петар I | Борис II |

Втора бугарска држава (11861396 г.)

Царови: Иван Асен I | Теодор-Петар IV | Иванко | Калојан | Борил | Иван Асен II | Калиман I Асен | Михаил II Асен | Калиман II Асен | Мицо Асен | Константин I Тих Асен | Ивајло | Иван Асен III | Георги I Тертер | Смилец | Чака | Тодор Светослав | Георги II Тертер | Михаил III Шишман Асен | Иван Стефан | Иван Александар | Иван Шишман | Иван Срацимир | Константин II Асен

Трета бугарска држава (после 1878 г.)

Кнез: Александар Батенберг

Царови: Фердинанд | Борис ІІІ | Симеон ІІ