Калојан

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Калојан
Цар на Бугарија
[[File:NHMB-Anthrolopogical-reconstruction-of-the-head-of-Tsar-Kaloyan-by-Prof.Yordan-Yordanov.jpg|frameless|alt=]]
Владеење 1197–1207
Починал(а) октомври 1207
Место на смрт Солун
Претходник Теодор-Петар
Наследник Борил
Деца see below
Династија Асенска династија

Калојан Асен-Ромеоубиец[1] бил цар на Бугарија од 1197 до 1207 година. Тој е најмалиот брат на основачите на Второто Бугарско Царство, Иван Асен I и Теодор-Петар.

По опсадата на Ловеч во 1187, Калојан бил испратен како заложник во Константинопол, но успеал да побегне две години подоцна. По убиството на цар Асен, царот Петар го назначил за помошник во управувањето. Кога и тој станал жртва на заговор, Калојан ги открил заговорниците и бил крунисан за бугарски цар во почетокот на 1198 година.

Во 1202 година, по ликвидирањето на државата на Добромир Хрс, тој успеал да им го одземе на Византија, поголемиот дел од Македонија (северна и средна). Сепак, во истата таа година се појавиле и првите проблеми. Имено, унгарскиот крал Имре ги нападнал бугарските окупирани области во Србија, при што ги зазел градовите Белград, Костолац и Ниш. Набргу, Калојан се одмаздил, и на престолот на Србија го ставил братот на Вукан, Стефан Првовенчани.

Папа Инокентие III во 1199 година му предложил на Калојан да ја признае неговата власт, а истото пак да го стори и царот според кој договор, тој би требало да го признае папата како владетел над светските империи и царства, пример кој веќе се практикувал во Западна Европа. Во продолжение на пет години, Калојан и папата преговарале околу можниата унија. Во исто време, папата му заповедил на унгарскиот крал да се откаже од денешните српски земји Белград и Браничево. Во исто време, Калојан пак започнал преговори со Византија чија цел била таа да го прогласи за цар (цѣсарь — цезар), титула која била еднаква на титулата император, како и да се признае автокефалноста на неговата црква. Во крајна сметка, Калојан се одлучил за православниот свет, во кој владетелот односно царот не бил управуван од страна на црквата, туку цезарот односно царот бил над црковниот поглавар. Со помош на папата, Калојан бил крунисан со титула "rex Bulgarorum et Blachorum" (крал на Бугарите и Власите). Дури и византискиот император му ја признал титулата, а ветил и црковно признавање. Царот Калојан во исто време потпишал заклетва според која тој се задолжил да ја признае Римокатоличката црква и нејзината надмоќ врз овие простори, со кои тој требало да се потчини на секое решение земено од страна на папата. Но со заземањето на Константинопол од страна на крстоносците, на повеќе пати биле нападнати бугарските територии. Така, царот Калојан испратил писмо до Балдвин Фландриски со предлог да се склучи договор за мир. Но императорот ова не го прифатил, и борбите продолжиле. Така кон почетокот на 1205 година, Калојан склучил договор со византиската аристократија за заеднички воени походи против Латинската империја.

Така, скоро сите тракиски тврдини и области застанале на страната на Калојан. Во Едрене (или Одрин), Калојан ја испратил куманската коњаница каде рицарите и крстоносците доживеале голем пораз. Во таа битка бил заробен и самиот император Балдвин Фландриски и однесен како заробеник во Трновградската тврдина. По битката кај Едрене, бугарската армија зазела големи делови од Тракија и Македонија. Поради страв да не биде нападната и расцепканата византиска држава, византиската аристократија се откажала од договорот кој бил склучен со Калојан. Поради тоа, царот Калојан го зазел денешниот град Пловдив. Во 1207 година војната се проширила го голема мера, за да на крај повторно биде склучено примирје за заедничко дејство против Константинопол односно Латинската империја. Следувала опсада на Едрене и неуспешна опсада на престолнината на Латинската империја. Како главна причина се смета повлекувањето на куманите од опсадата. По ова, бугарските позиции се насочиле кон Солун.

За време на опсадата на Солун, при походот против Солунското кралство, Калојан ненадејно починал. За неговата смрт постојат повеќе тези. Едната е дека умрел од природна смрт, друга дека бил убиен од неговиот најдобар командант Манастр, или пак дека станал жртва на заговор во кој учествувала и неговата жена, куманката Целгуба.

Наводи[уреди]