Едрене

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Селимова џамија
Бугарската црква Свети Ѓорѓи

Едрене, Едирне(во антиката познат како Адријанопол), а понекогаш Одрин (старогрчки: Αδριανούπολις (Адријанополис), турски: Edirne) е град во Источна Тракија, Турција. Се наоѓа во западниот европски дел на земјата, близу до границата со Бугарија. Градот брои 128.000 жители (2002).

Историја[уреди]

Градот бил основан од римскиот император Адријан на местото на тракиска населба. Во 378 година во близината на Адријанопол била големата битка на војските на римскиот император Валент со готите. Во оваа битка Римјаните биле поразени а императорот Валент бил убиен.

Во 1362 година, Едрене бил превземен од турците. Од 1365, па сѐ до 1453 година, Едрене бил главен град на Отоманската Империја. За време на Првата балканска војна во 1913 година после долга опсада Едрене бил превземен од бугарските војски, а според Лондонскиот договор од 1913 година, градот бил вклучен кон територијата на Бугарија. По крајот на Втората балканска војна, Едрене поново бил даден на Отоманската Империја.

Во градот функционираат бугарските цркви „Св. Ѓорѓи“ и „Св. Св. Константин и Елена“.

Историски градби[уреди]

  • Селимова џамија
  • Едренска кула
  • Караван-сарај Рустем паша и Екмекчиоглу Ахмет паша
  • Бугарската црква Св. Ѓорѓи

Надворешни врски[уреди]