Љубомир Милетиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Lyubomir Miletich Shtip.jpg

Љубомир Милетиќ (бугарски: Любомир Милетич) (Штип, 1 јануари 1863 - Софија 2 јуни 1937) е научник од областа на бугарската и славистичката филологија и историја.

Роден е во 1863 година во Штип. Татко му Георги Милетич е роден во Хабсбуршката монархија, но потекнува од Одринска Тракија[1]. Во Македонија е учител во Велес, Штип, Кукуш, Струмица, Ваташа. Мајка му Евка Попдаова е од Велес[1].

Љубомир Милетич учи во Нови Сад и Софија, а потоа го завршил средното образование во Загреб. Словенска филологија учи во Загреб и Прага. Докторира во Загреб (1888). Работи како професор на Катедрата по словенска филологија на Софискиот универзитет “Св. Климент Охридски” (1892 - 1934). Тој е еден од основачите на Вишата школа во Софија (Софискиот универзитет) и активен член (од 1898) на Бугарското книжевно друштво (Бугарска академија на науките). Бил и ректор на Софискиот универзитет (1921) и претседател на Бугарската академија на науките (1926 - 1937).

Милетич е поддржувач на бугарскиот став за националната припадност на Македонците. Активно учествува во основањето на Македонскиот научен институт (МНИ) во Софија, чија основна задача е прибирање, обработка и објавување материјали за Македонија. Уредник е на списанието "Македонски преглед".

Милетич ги има редактирано и објавено спомените на бројни македонски револуционери, а на неписмените борци (Никола Митрев - Езерски) самиот тој им ги запишувал со своја рака.

Објавени дела[уреди]

  • “Старобългарска граматика с упражнения, текстове из старобългарските паметници и речник” (1888)
  • “O članu u bugarskom jeziku” (Загреб, 1889)
  • “Старото българско население в Североизточна България” (1902)
  • “Das Ostbulgarische” (Виена, 1903)
  • “Die Rhodopemundarten der bulgarischen Sprache” (Виена, 1911)
  • “Документи за антибългарския действия на сръбските и гръцките власти в Македония през 1912 - 1913 г.” (София, 1929)

Белешки[уреди]

  1. Кънчов, Васил, Сегашното и недaвното минало на град Велес, Избрани произведения, т.ІІ, София 1970, с. 243

Надворешни врски[уреди]


Претседатели на Македонскиот научен институт

професор Иван Георгов | професор Љубомир Милетиќ | професор Никола Стоjанов | професор Димитар Сиљановски | Георги Кулишев | професор Петар Шапкарев | професор Димитар Гоцев | професор Трендафил Митев