Софија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Софија

Софија Софија
Бугарија Бугарија

Област Област Софија
Општина Столична
Население 1.270.284
(според 2011[1])
Регистарска ознака С, СА (BG)
Градоначалник Јорданка Фанд'кова
Надморска височина 550 м
Портал http://www.sofia.bg
Координати: 42° 41′ С, 23° 19′ И

Софија (бугарски: София) е главниот град на Бугарија. Според пописот од 2011 година, градот броел 1. 270.284 жители (16% од вкупното население на Бугарија [1]). Во 1879 година, Софиjа е избрана за престолнина на современата бугарска држава.

Софија се наоѓа во Софиската котлина во централниот дел на западна Бугарија. Опкружена е со планините Стара планина на север, Витоша на југ и Љулин на југозапад. Просечната надморска височина на градот е 550 м. Низ градот течат три реки - Искар, Перловска и Владајска.

Софија е главниот административен, економски и културен центар на земјата.

Историја на градот[уреди]

На местото на поранешната неолитска населба во 8 век пр.н.е. околу термалните извори изникува древен тракиски град, наречен подоцна од римските освојувачи Сердика — град на сердите, по името на тракиското племе коешто го населувало градот.

Во римската епоха (14 век) градот е познат како центар на провинциjaта Внатрешна Tракија. По смртта на императорот Диоклецијан (305 г.) и религиозната реформа на императорот Константин Велики (306-337 г.), Сердика ќе биде центар на епископија. Во 357 г. римскиот историчар Амиан Марцелин го определува градот како „голем и познат“. Сердика и црквата „Света Софија“ ќе бидат центар на многу важниот Сердикиски собир од 343 г.

Во 56 век во времето на т.н. „голема преселба на народите“ градот е сведок на нападите на хуни, готи и други варварски племиња. Од средината на 6 век, при управувањето на император Јустинијан Велики (527-565 г.), Сердика се обновува како важен административен и стопански центар на Византиската империја со името Триадица, но таа е потчинета на создадената од императорот во неговиот роден крај архиепископија Јустинијана Прима со центар во Охрид.

Во 809 г. градот е дел од териториите на бугарската држава и го носи бугарското име Средец. Во 10 век управникот (комит) на Средецката област е Никола. Подоцна неговите наследници од династијата на комитопулите, ќе се бораат против византискиот напад на овие делови на Балканот.

По создавањето на Второто бугарско царство во 1185 г. епископот на Средец е воздигнат во сан митрополит.

Од крајот на 14 век до 70-те години на 19 век градот, како и бугарската држава, се под отоманска власт. Во 15 век градот го добива своето последно име — Софија, по името на најважната црква, древната „Света Софија“.

По завршувањето на Османлиската власт и создавањето на современата бугарска држава, Софија е избрана за престолнина во 1879 година. Како резултат на тоа, бројот на жителите нараснува побрзо во однос на другите бугарски градови, главно поради внатрешната миграција. Со текот на времето таа имаше повеќе имиња. Остатоците од стариот дел на градот се уште се видливи. Бугарите за прв пат биле заробени во Сердика 809 година и градот брзо се здобил со бугарски карактер. Бугарите за име на градот го поставиле првично Средец, а подоцна беше променето во Софија (што на грчки значи "мудрост"). За време на последните векови на средниот век благодарение на царот на Константинопол, Софија станала центар на бугарските власти, со многу значителни трговски центар и занаети. Софија во 1382 победи на Отоманската империја, и стана главен град на турска провинција, Румелија. Под Турција Софија беше речиси 5 цели века.

Население[уреди]

Подетален приказ на грбот на Софија

Населението на Софија е 1 270 284 (2011)

Според пописот од 2001 година во областа Софија живеат 1 177 577 жители. Од нив 559 229 се мажи (47,5%), а жените се 618 348 (52,5%). На 1000 мажи се паѓаат по 1106 жени.

Во градот Софија живееле 1 094 410 жители (2001), од кои мажите се 518 149, а жените 576 261. Најголемиот реон во рамките на престолната општина е Љулин со 120 000 жители, следен од Младост со 110 000, Подујане - 75 312 и Красно село со 72 773 жители. Најголем дел од софијанците се меѓу 18 - 64-годишна возраст (790 180 души), а по нив следат до 18-годишна возраст (201 202) и највозрасната група над 65-годишна возраст (18 3049).

Густината на населението во текот на 2000 г. беше 909,1 луѓе на км2. Населението на Софија е многу поголемо од официјално објавеното.


Економија[уреди]

Софија е главен град на економскиот живот во Бугарија. Производствениот сектор на економијата, што претставува повеќе од 800 големи производствени компании, кои, меѓу другото, произведуваат метални производи (75% од вкупниот производ на земјата), како и текстилни производи, гума, кожа, печатење индустрија (50% од производството) и електроника (15% од производството). Софија е исто така финансискиот центар на земјата, седиштето на бугарската Народна банка, на Бугарската берза, како и некои од најголемите бугарски комерцијални банки (како што се Bulbank, Банка ДСК и Обединетата бугарска банка). Градежништвото, трговијата и транспортот се, исто така, важни сектори на локалната економија.

Административна поделба[уреди]

Административна поделба на област Софиjа-град
Сателитски поглед на Софија

Софиjа е една од 28-те области во земjата. Истовремено, таа е центар на Софиската област и на престолнинската општина којашто има статус на област.

Освен Софиjа, Столична општина ги опфаќа градовите (Банкja, Бухово и Нови Искар), како и 34 села. Поделена е на 24 реони (или општини):

  1. Банкjа
  2. Витоша
  3. Врбница
  4. В'зраждане
  5. Изгрев
  6. Илинден
  7. Искар
  8. Красна Полjана
  9. Красно Село
  10. Кремиковци
  11. Лозенец
  12. Љулин
  13. Младост
  14. Надежда
  15. Нови Искар
  16. Овча Купел
  17. Обориште
  18. Панчарево
  19. Подуjaне
  20. Сердика
  21. Слатина
  22. Студентски
  23. Средец
  24. Триадица

Клима[уреди]

Клима на {{{Место}}}
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек

Транспорт[уреди]

Јавен автобус пред Аеродром Софија

Поради стратешката положба на Софија, таа е меѓународен центар на железничкиот и автомобилниот транспорт. Три од десетте Транс-европски транспортни коридори преминуваат преку градот: 4ти, 8ми и 10ти. Сите основни видови транспорт освен бродскиот се застапени во градот. Во Софија има осем железнички станици, а најголемата од нив е Главната железничка станица во центарот на градот. Во близина на неа се наоѓа Главната абтобуска станица. Преку Софискиот аеородром во 2011 година се превезле 3.47 милиона патници.[2]

Цариградско шосе, еден од најпрометните софиски булевари.

Јавниот транспорт е добро развиен и изнесува 2380 км. автобуска мрежа, 308 км. трамвајна мрежа, 193 км. тролејбуска мрежа, кои ги покриваат сите раони на градот.[3] Од 1998 година во Софија работи метро. Во 2012 година метрото има две линии со општа должина од 31 километри и 27 станици.[4]

Културно-историски споменици во Софија[уреди]

„Св. Александар Невски“ - еден од наjголемите православни храмови на Балканот

Св. Софија е најстарата црква во Софија, подигната пред доаѓењето на прабугарите. Низ вековите црквата доживела бројни преправки.

Св. Александар Невски - подигната во чест на рускиот светец Александар Невски и во спомен за загинатите руски војници во Руско-турската војна од 1877/78 година.

Св. Недела, или „Црквата Свети крал“, е позната по тоа што во неа почиваат моштите на српскиот крал Милутин (Стефан Урош II).

Османлиска архитектура. По создавањето на современата бугарска држава (1878) во Софија беа разурнати речиси сите траги од 5-вековното османлиско присуство, меѓу кои и 40-тина џамии. Денес во Софија има само една џамија - „Бања Баши џамија“; зградата на археолошкиот музеј се ноаѓа во поранешната „Бујок џамија“ (до Народната банка), а прочуената црква „Св. Седмочисленици“ е сместена во поранешната „Черната џамија“.

Руски паметник (Руски споменик) е обелиск посветен на Руската армија.

Цар Ослободител е споменик посветен на рускиот цар Александар II. Споменикот во вид на скулптура го претставува рускиот цар седнат на коњ. Автор на споменикот е италијанскиот уметник Арналдо Ѕоки (1862-1940). Камен темелникот е ставен на 23 април 1901, а работата е завршена на 15 септември 1903 година.

Боjанската црква е еден од најзначајните споменици на културата во Бугарија. Посебно внимание привлекува живописот кој спаѓа меѓу ремек делата на великотрновската средишна уметност.

Личности[уреди]

Градски занимливости[уреди]

Градот има 16 универзитети, вклучувајќи го и Универзитетот за технологија и Универзитетот во Софија "Св Климент Охридски", кој е основан во 1888 година.

Оваа метропола има многу православни цркви, вклучувајќи ги големите цркви: Свети Ѓорѓи, Света Софија, Црква на Светиот недела (или Светата Кинг, познат по тоа што во неа лежат моштите на српскиот крал Стефан Милутин) и патријаршиски Катедралата, во храмот на Александар Невски.

Галериjа[уреди]

Врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Население на Бугарија по градови
  2. „Летище София - Статистически данни за трафика“ (на бугарски). www.sofia-airport.bg. http://www.sofia-airport.bg/pages/content.aspx?lm01=107&lm02=73&lm03=76. конс. 25 септември 2012. 
  3. „Public transport Sofia — official website (бугарски). www.sumc.bg. http://www.skgt-bg.com/. конс. 24 мај 2008. 
  4. „Българска национална телевизия - Новини“ (на бугарски). www.bnt.bg. http://bnt.bg/bg/news/view/83680/nov_lych_na_metroto. конс. 2 септември 2012.