Габрово (Бугарија)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Габрово

Грб на град Габрово Габрово

Бугарија Бугарија

Население 58.030[1]
Површина km
Административна поделба Габровска област
Регистарска ознака ЕВ (BG)
Веб страна www.gabrovo.bg
Градоначалник Томислав Дончев (ГЕРБ)
Надморска висина 576 m
Координати: 42° 52′ С, 25° 20′ И

Gabrovo location in Bulgaria.png

Габрово (бугарски: Габрово) е град во централна Бугарија. Габрово е центaр на Габровската област и се наоѓа близу до Трjaвна (18 км), Дрjаново (20 км) и Севлиево (27 км). Градот е сместен на северните падини на шипченскиот дел на Старата Планина, краj река Јатра. Градот е административен центар на општина Габрово.

При археолошките ископувања (1985 и 1989 г.) била проучена повеќеслојната некропола во центарот на Габрово, која датира од периодот на ХІІІ-ХІХ век и остатоците од црквата Св. Петка. Со тоа било потврдено минатото на населбата на габровска земjа од времето на Втората бугарска држава.

Во историскиот музеj на Габрово сe наоѓа првата бугарска банкнота со сериски број 000001 од 1881, една од трите златни монети на Филип Македонски од ІІІ в. пред новата ера.

Наjстарото друштво на Црвениот крст на Балканот е основано на 1 ноември 1883 г. во Габрово. Тука е и Палатата на хуморот и сатирата - културен институт, центар, музеj и галериja за популaризирање на светската хумористичка уметност.

Содржина

[уреди] Личности

[уреди] Збратимени градови

[уреди] Наводи

[уреди] Надворешни врски

[уреди] Галерија

[уреди] Извори

  • Цончев, д-р Петар Низ јавното и културно минато на Габрово, историски придонеси. С. 1934 (1996), стр 245
  • Растојанието е права линија од саат кулата во центарот на градот до телевизиската кула на "Градиште", дефинитивно од Google earth


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици