Црква Свети Седмочисленици (Софија)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црква Свети Седмочисленици
SvetiSedmochislenitsiChurch-Sofia-3.jpg
Основни податоци
Место Софија, Бугарија
Религија Христијанство, Ислам
Осветен 1528
Архитектонски опис
Архитект Синан
Архитектонски тип џамија подоцна црква
Завршено 1903
Карактеристики
Материјали гранит

Свети Седмочисленици е црква која се наоѓа во Софија, Бугарија. Старото име на објектот бил Кара Дервиш Мехмед паша џамија.

Историја [уреди]

Објектот бил изграден во 1528 година како џамија во времето на Сулејман Величенствениот, а како архитект се смета дека бил Синан. Главен материјал кој бил употребуван при изградбата на џамијата бил црн гранит, па од овде, оваа џамија е позната и како Црна џамија и оваа градба била под директна контрола на Мехмед Паша Соколовиќ. Кога султанот поминувал низ Софија со војници на пат за Виена, се упатил кај својот везир и при оваа посета забележал дека градот иако е седиште на румелискиот бејлербег, нема доволно ориентален вид бидејќи во него нема ниту една голема и убава џамија.

Во текот на 18 век дел од џамијата бил разрушен од земјотрес, а по 1878 година претворена во магазин и затвор. Во периодот помеѓу 1901 и 1903 година, џамијата била претворена во црква, каде самото минаре и мадреса биле срушени.

Црквата била осветена на 27 јули 1903 година. Проектот за претварање на зградата е дело на архитектите Јордан Миланов и Петко Момчилов. Иконостасот во црквата е дело на дебарски мајстори од родот на Филипови[1].

Наводи [уреди]

Надворешни врски [уреди]