Минаре

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот

Ислам
Mosque02.svg

Istanbul, Hagia Sophia, Allah.jpg
Историја на исламот

Верувања и обичаи

Божје единство
Вероисповед
МолитваПост
АџилакДобротворност

Главни дејци

Мухамед
АлиАбу Бакр
Дружината на Мухамед
Семејството на Мухамед
Исламски пророци

Текстови и Закони

КуранХадисШеријат
Исламско правоТеологија
Мухамедовите биографии

Гранки на исламот

СунитизамШиитизамСуфизам

Социополитички аспекти

АкадемциФилософија
УметностНауки
АрхитектураГрадови
КалендарПразници
Жените во исламотВодачи
ПолитикаЏихадЛиберализам

Видете исто така

Исламски лексикон
Индекс на статии за Исламот

Минаре (арапски: منارة ) претставува вид на кула во исламската архитектура која се наоѓа околу џамијата. Една од главните му функции е местото од каде мујезинот ги повикува верниците на молитва. Често пати минарето во исламот се нарекува „врата помеѓу небото и земјата“.

Историја[уреди]

Минарето не постоело во почетниот период на исламот. Се знае дека првата џамија Масџид ал-Набави во времето кога била изградена, немала минаре. Во некои од најстарите џамии, како што е Големата џамија во Дамаск, минарињата служеле служеле за посматрање и истите биле осветлени со факели. Од овде произлегло и името, на арапски нур значи светлина.

Во подоцнежни времиња основната функција на минарето била служи како место од кое муезинот се обраќал до верниците повикувајќи ги за молитва. Според хадиските преданија,верскиот повик на намаз го учел Билал (رضى الله عنه‎), еден од истакнатите асхаби и првите муезини, кој имал јак глас, кого требале да го слушнат повеке луѓе на што поголема далечина. Поради тоа дури од тогаш се употребувал поиздигнат простор како гласот на муезинот би допирал што подалеку.

Во тек на времето, многумина се обидувале на минарето да му доделат бројни значења, така минарите се претставени како капии помеѓу земјата и небото, како елиф – арапската буква, која изгледа како вертикална линија, и стреми кон небесите, или како прстот на тевхидот - односно испружениот прст со кој муслиманите 'со ишарет“ ја прикажуваат едноста на Алах (سبحانه وتعالى‎).

Во денешно време музеинот повикот не го упатува од минарињата, туку од мусалата, како главна просторија за молитва, преку микрофон и звучници. Од таа причина улогата на минарето во денешно време е повеќе традиционална и декоративна отколку практична.

Највисокото мунаре на светот е минарето на џамијата на Хасан II, во Казаблнка, Мароко. Високо е 210 m.