Долни Дисан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Долни Дисан
Долни Дисан се наоѓа во Македонија
Долни Дисан
Долни Дисан (Македонија)
Координати 41°25′40″ СГШ 22°05′44″ ИГД / 
Општина Општина Неготино
Flag of Macedonia.svg Портал „Македонија“

Долни Дисан — село во Општина Неготино, во околината на градот Неготино.

Географиja и местоположба[уреди]

Селото Долни Дисан се наоѓа во близина на општината Неготино, на оддалеченост од околку 7 километри. Селото е претежно со ридско земјиште. Долни Дисан според пописот од 2002 има 931 жител.

Историja[уреди]

Диме поп Атанасов бил учесник во НОБ и е првата жртва на бунтовната Тиквешија, против најновата бугарска окупација од 1941 год. (загинува на 11 јуни 1941 год., на само месец и половина од окупацијата на Македонија). Во непосредна близина на селото е смртно погоден Диме поп Атанасов каде што денес е поставен и негов споменик во негова чест во чест на првата жртва од Тиквешијата во Народно Ослободителната Борба (НОБ).

Економија[уреди]

Демографија[уреди]

Општествени институции[уреди]

Администрација и политика[уреди]

Културни и природни знаменитости[уреди]

Во Природонаучниот музеј велат дека тоа се остатоци од пикермиската фауна и оти селаните нашле коска од камила, стара од пет до десет милиони години

Во близина на Неготино, на околу двесте метри од последната куќа на селото Долни Дисан, месните жители случајно откриле коски од камили, жирафи, лавови, хиени, мастодони (предци на слоновите) и триножните предци на коњите - хипарионите стари десет милиони години.

Вработените од Природонаучниот музеј велат дека тоа се остатоци од пикермиската фауна и оти селаните нашле коска од камила, долга околу еден метар, стара од пет до десет милиони години.

Селанец што сакал да го прошири патот сосема случајно со рало ги откопал коските. Во неготинскиот крај често се среќаваат остатоци од пикермиската фауна, но овојпат е интересно тоа што покрај многуте мали коски, најдовме една невообичаено голема коска со зглоб и речиси цела шепа од камила. Во Македонија, пикермиската фауна има и свој белег тоа е хипарионот - предокот на коњот кој имал три прсти. Остатоци од пикермиската фауна има во Бугарија, Грција, Романија, Турција, Русија, Германија па дури и во Шпанија. Во земјава често се среќаваат коски од најголемиот цицач мастодонт, но и на антилопи, зебри, хиени, лавови и многу носорзи - вели Гуте Младеновски, кустос во Природонаучниот музеј.

Во музејската збирка сега има сочувани прешлени, коски од нозе, ребра и черепи од тој период. Младеновски вели дека ако надлежните обезбедат доволно пари, експертите од Музејот, со мала поддршка од странски експерти, би можеле да го направат и првиот скелет на хипарион или мастодон со коски стари десет милиони години.

На софискиот Универзитет е изложен мастодон. Скелетот е огромен и изгледа фасцинантно. Вистинско богатство е една земја да има таков скелет.

Редовни настани[уреди]

Личности[уреди]

Култура и спорт[уреди]

Иселеништво[уреди]

Надворешни врски[уреди]