Мароко

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралство Мароко
المملكة المغربية
al-Mamlaka al-Maġribiyya
Знаме Грб
Гесло"Allāh, al Waţan, al Malik"  (transliteration)
"Господ, Нацијата, Кралот"
Химна"Hymne Chérifien"
Вклучена е и Западна Сахара на мапата.
Вклучена е и Западна Сахара на мапата.
Главен град Рабат
34°02′ СГШ 6°51′ ЗГД / 
Најголем град Казабланка
Службен јазик арапски,[1] .
Народности  80% Арапи, 20% Бербери, 0.8% Сахрави, 0.3% други[2]
Демоним Мароканец
Уредување Уставна монархија
 -  Крал Мохамед VI
 -  Премиер Абас Ел Фаси
Обединување 1554 
 -  Обединета од Саади династијата 1554 
 -  Алауитска династија (денес) 1666 
 -  Независност од Франција 2 март 1956 
 -  Независност од Шпанија 7 април 1956 
Површина
 -  Вкупна 446.550 км2 (57-ма)
 -  Вода (%) 250km²
Население
 -  проценка за 2008-01 31,352,000[3] (37-ма)
 -  Густина 70 жит/км2 (122-ра)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $136.728 милијарди[4] 
 -  По жител $4,349[4] 
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $86.394 милијарди[4] 
 -  По жител $2,748[4] 
ИЧР (2007) 0.646 (среден) (126-та)
Валута Марокански дирхам (MAD)
Часовен појас WET (UTC+0)
 -  (ЛСВ) WEST (UTC+1)
Се вози на десно
НДД .ma
Повик. бр. 212
Сите податоци се без Западна Сахара.

Кралството Мароко е држава во Северозападна Африка. Се граничи со Алжир на исток, со Мавританија на југ и со Шпанија на север. На запад излегува на Атлантскиот Океан. Главен град е Рабат.

Мароко е единствената африканска држава која не е членка на Африканската Унија. Но, Мароко членува во Арапската Лига, во Арапскиот магрепски сојуз, во Франкофонијата, Организацијата на исламската конференција, Групата 77 и е главен не-НАТО сојузник на САД.

Мароко тврди дека Западна Сахара е негова територија и моментално ја има реалната власт на главнината од оваа територија. Полисарио не ја признава мароканската власт над Западна Сахара.

Етимологија[уреди]

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Мароко.

Пред околу 8.000 години, на просторот на денешен Мароко опстојувала т.н. Капсиска култура. Тогаш Магреб не бил толку сув како што е денеска, климата била поблага и дополнително помагала за развој на човечката култура.[5] Во текот на 12 век п.н.е. во Мароко живееле Феникијците, кои создавале голем број на пристаништа кои главно биле наменети за снабдување на феникиските градови со сол и руда.[6] Во тоа време, берберите веќе живееле во поголемиот дел од Северна Африка. Картагина воспоставила добри трговски односи и соработка со Фенекија. До 2 век п.н.е. на територијата на Северна Африка, а со тоа и во Мароко, постоеле неколку берберски царства кои биле зазимани од страна на Картагина и Римската империја. Во 40 година, Римјаните успеале да ја анексираат денешната територија на Мароко, формирајќи ја провинцијата Тингитанска Мавританија. Во следните години започнало да се шири христијанството по овие земји. Во текот на 5 век, Римксата империја ја изгубила провинцијата, и таа била под чести напади од страна на Визиготите, Византијци, Вандали и др. Кон крајот на 7 век, од истокот престигнале арапските освојувачи и го донеле исламот.

Во 11 век подрачјето станало дел од територијата на Алмохадската династија. Во текот на 16 век, Мароканците успеале да се одбранат од обидот на европските и османлиските освојувачи и колонизатори, кои претходно веќе го имале освоено Алжир, и на тој начин создале свој сопствен идентитет. Во 1666 година локалниот владетел Ар-Рашид го зазел Фес, а подоцна и поголемиот дел од мароканската земја, по кое го дал почетокот на династија Алави, која владее до денес. Во 1830 година, Французите го освоиле соседниот Алжир, но Мароко останал независен до почетокот на 20 век кога Велика Британија им го препуштила Мароко на француските освојувачи. На француското освојување на Мароко најмногу се противела Германија, па дипломатските кризи помеѓу двете земји за малку ќе прераснеле во војна. Во 1912 година Мароко станал француски протекторат под формална управа на султанот. Северниот дел од земјата бил под управа на Шпанија, а градот Тангер станал т.н. меѓународен град. Градот Казабланка станал најголениот град во земјата, индустриски и економски развиен, а Рабат станал престолнина.

По крајот на Втората светска војна, обидите за независност на Мароко продолжиле, но Франција секогаш ги преземала сите мерки за да ги скроти. Сепак, во втората половина на 1950-тите Франција морала да попушти и Мароко во 1956 година станал независна монархија, а следната година султанот Мохамед бил прогласен за крал.[7]Во периодот од 1961-1999 година, во Мароко владеел Хасан II од Мароко. Земјата, за разлика од многу други арапски земји, останала на страната на капиталистите во времето на Студената војна. Во 1976 година, Хасан заедно со Мавританија ја зазел соседна Западна Сахара, поранешната шпанска колонија. Во 1990-тите започнува процесот на демократизација на земјата, при што во 1997 година е воспоставен дводомен парламент. Во 2004 година Мароко стекнува статус на главен не-НАТО сојузник на САД.

Географија и клима[уреди]

Планината Висок Атлас во централниот дел на Мароко

Политички систем[уреди]

Административна поделба[уреди]

Мароко се дели на 16 региони прогласени во 2012 г. со законот за децентрализација (регионализација)[8] и претставуваат највисока административна единица во земјата. Регионите потоа се делат на вкупно 61 префектури и покраини. На чело на секој регион стои валија (управник), што го предлага кралот. Валијата воедно е управник и на покраината/префектурата во којашто живее.

Карта на регионите во Мароко
Бр. Регион Админ. центар
1 Гарб-Шрарда-Бени Хсен Кенитра
2 Гелмим-Ес-Семара Гелмим
3 Голема Казабланка Казабланка
4 Дукала-Абда Сафи
5 Источен Уџда
6 Лаајун-Буждур-Сакија Ел-Хамра Лаајун
7 Маракеш-Тенсфит-Ел-Хауз Маракеш
8 Мекнес-Тафилалет Мекнес
9 Рабат-Сале-Замур-Заер Рабат
10 Сус-Маса-Драа Агадир
11 Тадла-Азилал Бени Мелал
12 Таза-Ел-Хосејма-Таунат Ел-Хосејма
13 Тангер-Тетуан Тангир
14 Уед Ед-Дахаб-Лагуира Дахла
15 Фес Булман Фес
16 Шавиja-Уардига Сетат

Регионите Гелимим-Ес-Семара (3) и Лаајун-Буждур-Сакија Ел-Хамра (2) делумно навлегуваат територија Западна Сахара. Уед Ед-Дахаб-Лагуира (1) е наполно во нејзините граници. Суверенитетот врз Западна Сахара е предмет на спор Мароко и фронтот Полисарио, кој ја смета територијата за независна Сахарска Арапска Демократска Република (САДР). Најголемиот дел од регионот е под управа на Мароко како негови јужни покраини. Фронтот Полисарио, кој има седиште во Тиндуф во југозападен Алжир, владее само со подрачјата источно од Мароканскиот Ѕид.

Економија[уреди]

Население, јазик и религија[уреди]

Култура[уреди]

Музика[уреди]

Спорт[уреди]

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Moroccan Constitution“, 1996 (објавено на 1996-09-13), http://www.pogar.org/publications/other/constitutions/mrc-constitution-96-e.pdf, конс. 23 декември 2008  "An Islamic and fully sovereign state whose official language is Arabic, the Kingdom of Morocco constitutes a part of the Great Arab Maghreb."
  2. Moroccan people
  3. Haut-Commissariat au Plan - Population Clock
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Morocco“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/01/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=686&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=59&pr.y=3. конс. 22 април 2009. 
  5. D. Rubella, Environmentalism and Pi Paleolithic economies in the Maghreb (ca. 20,000 to 5000 B.P.), in, J.D. Clark & S.A. Brandt (eds.), From Hunters to Farmers: The of Food Production in Africa, Berkeley: University of California Press, pp. 41-56
  6. „C. Michael Hogan, Mogador: Promontory Fort, The Megalithic Portal, ed. Andy Burnham“. Megalithic.co.uk. http://www.megalithic.co.uk/article.php?sid=17926. конс. 31 јануари 2010. 
  7. http://www.spiritus-temporis.com/1956/
  8. Владин портал за регионализацијата на Мароко (француски)