Исламски календар
Од Википедија
| Дел од серијалот |
| Верувања и обичаи |
|
Божје единство |
| Главни дејци |
|
Мухамед |
| Текстови и Закони |
|
Куран • Хадис • Шеријат |
| Гранки на исламот |
| Социополитички аспекти |
|
Академци • Философија |
| Видете исто така |
Исламскиот календар или Муслиманскиот календар (арапски: التقويم الهجري; персиски: تقویم هجری قمری турски: Hicri Takvim; уште се нарекува и Хичри календар) е лунарен календар кој е во службена употреба во многу муслимански земји, а исто така се користи од сите муслимани во одредувањето на верските празници.
Календарот е лунарен, составен од дванаесет месеци, а годината трае околу 354 дена. Бидејќи лунарната година има 11 дена помалку од соларната, исламските празници, иако се прославуваат на фиксни дати според нивниот календар, обично се поместуваат за 11 дена порано секоја следна соларна година, т.е. според грегоријанскиот календар.
Првата година од календарот се вика Хиџра, годината кога пророкот Мухамед се преселил од Мека во Медина, и календарот ги брои годините од тој настан.[1]
Содржина |
[уреди] Месеци
Месеците се именувани вака:[2]
- Мухарам (или Мухарам ал Харам); арапски: محرّم
- Сафар (или Шафар ал Музафар); арапски: صفر
- Раби ал-ауал (Раби I); арапски: ربيع الأول
- Раби ал-тани (или Раби ал-Акир или Раби II); арапски: ربيع الآخر أو ربيع الثاني
- Џумада ал-ауал (Џумада I); арапски: جمادى الاولى
- Џумада ал-тани (или Џумада ал-акир или Џумада II); арапски: جمادى الآخر أو جمادى الثاني
- Раџаб (или Рахаб ал Мурахаб); арапски: رجب
- Шабан (или Шабан ал Моазам); арапски: شعبان
- Рамадан (или Рамазан ал Мукарам); арапски: رمضان
- Шавал (или Шауал ал Мукарам); арапски: شوّال
- Ду ал-Кидах; арапски: ذو القعدة
- Ду ал-Хиџах; арапски: ذو الحجة
Од сите месеци, Рамадан или Рамазан е најславениот. Муслиманите треба да постат во текот на денот во овој месец. За повеќе околу светиот месец видете и: Рамазан.
[уреди] Денови
Првиот ден од неделата е недела. Според исламскиот календар, деновите започнуваат на зајдисонце.[3] Муслиманите се собираат за молитва во џамија на пладне на „денот за собор“ кој одговара на петок. Затоа, петокот се смета за ден за одмор, а саботата често пати е прв работен ден.
Имињата на деновите се:
- јаум ал-ахад يوم الأحد (прв ден - недела) (урду: Itwaar اتوار) (персиски: Yek-Shanbeh یکشنبه)
- јаум ал-итнајн يوم الإثنين (втор ден - понеделник) (урду: Pîr پير, персиски: Do-Shanbeh, دوشنبه)
- јаум атх-тулаатаах يوم الثُّلَاثاء (тред ден - вторник) (урду: Mangl منگل) (персиски: Seh-Shanbeh, سه شنبه)
- јаум ал-арбиа`aa' يوم الأَرْبِعاء (четврти ден - среда) (урду: Budh بدھ) (персиски: Chahar-Shanbeh, چهارشنبه)
- јаум ал-кхамис يوم الخَمِيس (петти ден - четврток) (урду: Jumahraat جمعرات) (персиски: Panj-Shanbeh, پنجشنبه)
- јаум ал џума يوم الجُمُعَة (соборен ден - петок) (урду: Jumah جمعہ) (персиски: Jom'eh, جمعه или Adineh آدينه)
- јаум ас-сабт (сабота) (урду: Saneechar/Hafta ہفتہ) (персиски: Shanbeh, شنبه)
„Јаум“ значи ден, а неколку денови имаат имиња на редоследни броеви: првиот, вториот, третиот и четвртиот.
[уреди] Броење на годините
Според исламската традиција Абраха, гувернерот на Јемен, кој во тоа време бил провинција на христијанското кралство Аксум (денешна Етиопија се обидел да ја уништи Кааба напаѓајќи ја со војска која вклучувала слонови. Нападот не успеал. Според овој настан, таа година е наречена Година на слонот, а тоа е и годината во која е роден Мухамед. Се смета дека оваа година одговара на 571. или 570. година од европскиот календар. До 638. година, во предисламскиот период, годините биле броени почнувајќи од годината на слонот. Мухамед во 9-тата година ги забранил престапните месеци и години, односно го вовел лунарниот календар. Во 638. година (17. година според исламскиот календар), вториот калиф Умар почнал да ги брои годините од Хиџра, која била оттогаш сметана како прва година. Првиот ден од првиот месец на таа година, по бришењето на престапните денови од првите 9 години, се совпаднал со 16. јули 622. година, и ова и денес се смета за првиот ден од исламскиот календар (иако всушност преселбата на Мухамед се случила во септември 622. година).[1]
Првиот доказ за користењето на исламскиот календар доаѓа од еден папирус од Египет во 22. година (644. г.).
[уреди] Референци
- ↑ 1,0 1,1 Watt, W. Montgomery. „Hidjra“. Encyclopaedia of Islam Online. Изд. P.J. Bearman, Th. Bianquis, C.E. Bosworth, E. van Donzel and W.P. Heinrichs. Brill Academic Publishers. ISSN 1573-3912.
- ↑ B. van Dalen.; R.S. Humphreys; A.K.S Lambton, et al. „Tarikh“. Encyclopaedia of Islam Online. Изд. P.J. Bearman, Th. Bianquis, C.E. Bosworth, E. van Donzel and W.P. Heinrichs. Brill Academic Publishers. ISSN 1573-3912.
- ↑ Trawicky (2000) p. 232