Надреализам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жена и птица, Жоан Миро,1982, Барселона

Надреализмот претставува културно движење кое започнува во раните 1920ти и е најдобро познатo по визуелните уметнички дела и списи од членовите на групата. Делата на надреализмот го вклучуваат елементот на изненаденост, неочекувани јукстапозиции и апсурдното; како и да е, голем број на уметници и писатели надреалисти, ја гледаат својата работа како израз на филозофско движење најпрво и најмногу, со делата како артефакти. Предводникот Андре Бретон е експлицитен во своето тврдење дека Надреализмот е пред се револуционерно движење. Надреализмот се развива преку дадаистичките движења за време на Првата Светска војна и најважен центар на движењето е Париз. Од 1920 година па понатаму, движењето се проширува околу светот, на крајот влиаејќи врз визуелната уметност,литературата,филмот и музиката на многу држави и јазици, како и политичката мисла и вештините, филозофијата и општествената теорија.

Создавање на движењето[уреди]

Називот надреалист е скован од Гијом Аполинер и најпрво се појавува во воведот на неговата театарска претстава Градите на Тиресиас на премиерата во 1917 год. Првата Светска војна ги распрскува писателите и уметниците со седиште во Париз и во меѓувреме многумина се приклучуваат кон Дадаизмот, верувајќи дека претерано рационалната мисла и буржоаските вредности му го донесоа воениот конфликт на светот. Дадаистите протестираат преку анти-уметнички собири, перформанси, списи и уметнички дела. По војната, со враќањето во Париз, дадаистичките движења продолжуваат.

Насловна страница на списанието Надеалистичка револуција, април 1926

За време на војната, Андре Бретон кој изучува медицина и психијатрија, работи во невролошка болница, каде ги користи психоаналитичките методи на Зигмунд Фројд врз војниците со нервно растројство. Сретнувајќи се со младиот писател жак Ваше, Бретон мисли дека Ваше е духовниот син на писателот и основач на патафизиката, Алфред Џери. Тој му се восхитува на анти-општествениот став на младиот писател и неговиот презир кон традиционалните уметнички форми. Подоцна Бретон напиша, “ Во литературата бев последователно донесен со Рембо, Џери, Аполинер, Нуво, Латремон, но Жак Ваше е оној на кого му должам најмногу. Назад во Париз, Бретон се приклучи кон дадаистичките активности и го отпочна литературното списание Литература (Littérature) заедно со Луис Арагон и Филип Шопал. Заедно започнуваат да експериментираат со автоматско пишување- спонтано пишување без притоа цензурирајќи ги нивните мисли- и објавуваат трудови, како и профили на соништа во списанието. Бретон и Шопал почнуваат подлабоко да го истражуваат автоматизмот и ја пишуваат Магнетски полиња (Les Champs Magnetiques)(1920). Продолжувајќи со пишувањето, тие привлекуваат повеќе уметници и писатели; почнуваат да веруваат дека автоматизмот е подобра тактика за општествени промени отколку дадаистичкиот напад врз тогашните широко прифатени вредности. Групата се проширува, вклучувајќи ги Пол Елуард, Бенџамин Пере, Рене Кревел, Роберт Деснос, жак Барон, Макс Морис, Пиер Навил, Роџер Витрак, Гала Елуард, Макс Ернст, Салвадор Дали, Ман Реј, Ханс Арп, Џорџ Малкин, Антонин Арто, Ремон Квено, Андре Масон, Џоан Миро, Марсел Дишан, Жак Превер и Ив Тангај. Како што се развива нивната филозофија, тие веруваат дека надреализмот би ја бранел идејата дека вообичаените и сликовити експресии се витални и важни, но смислата за нивното уредување мора да биде отворена со целосен опсег на имагинација, според Хегеловата дијалектика.Тие огледуваат на Марксистичката дијалектика и теоретичари како Валтер Бенјамин и Херберт Маркузе. Фројдовата дејност за слободно здружување, анализи на соништа и несвесното е од најголема важност за надреалистите во развивањето на методи за ослободување на имагинацијата. Тие ја опфаќаат идиосинкразијата,(карактеристичност,особеност) одбивајќи ја идејата за општо лудило. Подоцна Салвадор Дали ја објаснува како: Постои само една разлика помеѓу луд човек и јас. Јас не сум луд. Покрај употребата на анализи на соништа, тие нагласуваат дека “во истата рамка можат да се комбинираат елементи кои обично не одат заедно еден со друг, со цел да се создадат нелогични и изненадувачки ефекти”. Бретон ја вклучува идејата за изненадувачките јукстапозиции во неговиот манифест од 1924, земајќи ја од есеј од 1918 година од поетот Пјер Реверди, кој вели: “ јукстапозиција од две помалку или повеќе далечни реалности. Колку повеќе врската помеѓу двете јукстапозирани реалности е далечна и вистинита, толку посилна ќе биде сликата- ќе има поголема емоционална моќ и поетска реалност. Групата цели кон тоа да ги револуционеризира човечките искуства од личен, културен, општествен и политички аспект. Тие сакаа да ги ослободат луѓето од лажната рационалност и ограничувачките обичаи и структури. Бретон прогласува дека вистинската цел на надреализмот е: “ да живее општествената револуција и само таа! “ За оваа цел, надреалистите во различни периоди се приклучуваат кон комунизмот и анархизмот. Во 1924 година ја објавуваат својата филозофија во првиот “ Манифест на надреализамот“ . Истата година го основаат Бирото за надреалистички истражувања и почнуваат да го издаваат списанието Надреалистичка Револуција.

Манифест на надреализмот[уреди]

Бретоновиот манифестот од 1924 година ги дефинира целите на групата. Тој вклучува цитати од влијанијата на надреализмот, примери од работата на надреалистите и дискусија за надреалниот автоматизам.

Го дефинира надреализмот како: Речник: Надреализам, чист психички автоматизам со кој се сака да се изрази или усмено или писмено, или на кој било друг начин, вистинското делување на мислите. Диктатот на мислата во отсуство на целосна контрола која би ја вршел разумот, надвор од секоја естетска или морална преокупација. Енциклопедија: Надреализам. Филозофија. Надреализмот се заснова на верувањето во виша реалност на некои облици на асоцијации кои до сега се игнорирале, во семоќниот сон, во непристрасна (незаинтересирана) игра на мислите. Се стреми кон тоа дефинитивно да ги уништи сите останати психички механизми и да ги замени во решавањето на главните животни проблеми.

Надреалистичката Револуција[уреди]

Кратко по објавувањето на првиот Манифест на надреализмот, надреалистите го издаваат уводното издание на Надреалистичка револуција(La Revolution Surrealiste). Публикувањето продолжува во 1929 година со примерокот на списанието од страна на првите директори, Навил и Пере за конзервативната научна критика Природа. На задоволство на надреалистите, списанието е константно скандалозно и револуционерно. Додека акцентот се става на пишувањето, списанието исто така вклучува репродукции на уметност, а меѓу нив дела на Џорџо де чирико, Ернст, Масон И Ман Реј.

Биро за надреалистички истражувања[уреди]

Бирото за надреалистички истражувања (Centrale Surrealiste) беше центар за писатели надреалисти и нови уметници, разговори и интервјуа. Тие го истражуваа говорот под состојба на транс.

Развој[уреди]

Движењето во средината на 20тите се карактеризираше со состаноци во кафулиња каде надреалистите играа заеднички игри со цртање, разговараа за теориите на надреализмот и развија разновидни техники, како што е автоматското цртање. Бретон се сомневаше дека визуелната уметност може да биде корисна во движењето на надреалистите затоа што е непроменлива и не е прилагодлива за автоматизам. Претпазливоста беше надмината со откривањето на техники како триење и трансфер.

Гала на прозорецот од Салвадор Дали

Набргу се вклучија повеќе визуелни уметници, како Џорџо де Чирико, Макс Ернст, Жоан Миро, Франсис Пикабиа, Ивс Тнгуи, Салвадор Дали, Луј Буњуел, Алберто Џакомети, Валентин Хуго, Мере Опенеим, Тојан И подоцна по втората војна: Енрико Донати. Иако Бретон им се восхитуваше на Пабло Пикасо и Марсел Душамп и сакаше да се придружат кон движењето, тие останаа споредни. Се придружија и поранешни писатели дадаисти како Тристан Цара, Рене Шар и Жорж Садул. Во 1925, во Брисел се формираше автономна група на надреалисти. Групата ги вклучуваше музичарот, поет и уметник Е.Л.Т. Месен, сликарот и писател Рене Маргит, Пол Нуже, Марсел Лекомт и Андре Сорис. Во 1927 им се придружи и писателот Луи Скутенер. Тие редовно кореспондираа со групата во Париз и во 1927 обајцата Гоеманс и Маргит се преселија во Париз и се придружија кон Бретоновиот круг. Уметниците со корени од Дадаизмот и Кубизмот, апстракцијата на Василии Кандински, експресионизмот и пост импресионизмот исто така допреа до постарото “крвно сродство” како Херонимус Бош и таканаречената примитивна и наивна уметност. Автоматските цртежи на Андре Бретон од 1923 год, често се користат како степен на прифаќање на визуелна уметност и пад на дадаизмот, затоа што го рефлектираат влијанието на идејата за несвесниот ум. Друг пример е Џакометовата Торсо од 1925, која го одбележа неговото движење до поедноставени форми и инспирација од пред-класичната скулптура. Како и да е, ударен пример за линијата употребена за да ги подели дадаизмот и надреализмот меѓу уметничките експерти е впарувањето на Мала Машина Конструирана од Минимакс Дадамакс во живо(Little Machine Constructed by Minimax Dadamax in Person)од 1925 год.со Бакнежот(Le Baiser)од 1927 од Макс Ернст. Првата во главни црти има далечен и еротски субтекст, додека втората претставува еротски акт отворено И директно. Во втората е видливо влијанието на Миро и стилот на Пабло Пикасо со употребата на течни брановидни и пресекувачки линии и боја, а пак првата зема насока која подоцна ќе има влијание во Поп арт движењето. Џорџо де Чирико со неговиот претходен развој на метафизичката уметност, е еден од важните придружувачки фигури меѓу филозофските и визуелни аспекти на Надреализмот. Помеѓу 1911 и 1917 тој усвои неорнаментиран стил на сликање, чија површина подоцна ќе биде усвоена од други. Црвената Кула(La tour rouge) од 1913 год. Ги покажува тешките контрасти на бои и илустративниот стил, подоцна превземен од страна на надреалистите. Во неговата Носталгијата на Поетот(La Nostalgie du poete) од 1913 год. Фигурате е свртена настрана од гледачот и јукстапозицијата на биста со очила и риба како олеснување му пркоси на конвенционалното објаснување. Тој исто така беше писател чија новела “ Хебдомерос ” претставува серија на сонови со невообичаена употреба на правопис, синтакса и граматика ,замислена со цел да создаде атмосфера и рамка околу своите слики. Неговите слики, вклучувајќи сет од дизајни за Руски Балет создадоа декоративна форма на Надреализам и имаа влијание врз двајца уметници кои беа дури поблизу поврзани со Надреализмот во јавниот ум: Дали и Маргит. Како и да е, тој ја напушти групата на надреалисти во 1928год. Во 1924, Миро и Масон го вметнаа надреализмот во сликањето, експлицитно водејќи до изложбата Надреалистични Цртежи(La Peinture Surrealiste) од 1925, одржана во Галеријата Пјер во Париз, и изложија дела од Масон, Мен Реј, Пол Кли, Миро и други. Настанот потврди дека надреализмот има компоненти во визуелната уметност (иако се дебатираше дали е тоа возможно) и беа користени техники од дадаизмот, како фотомонтажа. Во следната година, на 26 март 1926, се отвори Надреалната Галерија со изложба од Мен Реј. Бретон ја објави Надреализам и цртање во 1928 која го сумираше движењето, иако продолжи со својата работа се до 60тите.

Поголеми изложби во 20-тите

  • 1925 - La Peinture Surrealiste - Првата изложба на надреализмот во Галерија Пјер во Париз. Изложени дела на Масон, Мен Реј, Кли, Миро И други. Настанот потврди дека Надреализмот има компоненти од визуелната уметност (иако се дебатираше дали е тоа возможно), техники од Дадаизам, како што е фотомонтажата.
  • Надреална Галерија се отвори на 26 март, 1926 со изложбан а Мен Реј.

Пишувањето продолжува[уреди]

Според лидерот Бретон, првата изработка од надреализмот беше Магнетски Полиња (Les Champs Magnetiques) (Мај-јуни 1919). Литература (Littérature)содржи дела на автоматизам и профили на соништа. Обете, списанието и портфолијото го покажаа својот презир кон буквалното значење дадено на предметите и повеќе се фокусираа на инсинуациите што поетските скриени струи го претставуваат. Не само што тие даваат акцент на поетските скриени струи, но ист и на конотации и призвуци кои ‘постојат во двосмислените односи на визуелните слики.’ Поради фактот што надреалистите ретко, ако воопшто се чини дека ги организираат своите мисли и сликите што тие ги претставуваат, делата на некои од луѓето се тешки за интерпретирање. Оваа идеја сепак е површно сваќање,несомнено предизвикана од бретоновиот почетен акцент за автоматско пишување како главен пат кон повисоката реалност. Но како што е во случајот на Бретон, многу од тоа што е претставено како чисто автоматско, всушност е уредувано и обмислено. Самиот Бретон подоцна признава дека централноста на автоматското пишување е преценета и се претставени други елементи, посебно поради тоа што растечкото вмешување на визуелните уметности од движењето го принудуваат прашањето, бидејќи автоматското цртање бара доста посилен приоден сет. Така беа претставени елементите како што е колажот , произлегувајќи делумно од идеалот на изненадувачки јукстапозиции како што се открива во поезијата на Пиер Реверди. И- како во случајот на Маргит ( каде нема очигледно прибегнување кон автоматски техники или колаж) – самиот поим на конвулзивно спојување стана алатка за откривање во и на себе си. Надреализмот е создаден за секогаш да биде во поток- да биде посовремен од современото- и така беше природно да има забрзано довлечкување на филозофијата како што дојдоа нови предизвици. Надреалистите покажаа интерес кон Исидор Дакас, познат под неговиот псевдоним Грофот од Лотремон и за мислата ‘прекрасно како состанок на маса за дисекција на машина за шиење и чадор’ и Артур Римбод, двајца писатели од доцниот 19ти век за кои се верува дека се предци на Надреализмот. Примери на литература кај надреализмот се Кревеловите ‘Г-дин Нож Г-ѓа Вилушка’ (1927), Бретоновата ‘На патот до Сан Романо’(1948), Перетовата ‘Смрт за Свињите’(1929) и Артовата ’Скали’ (1926) . Револуцијата на надреалистите продолжи со објавување во 1929 со повеќето страници густо спакувани со текстуални колумни, но исто така вклучуваше уметнички репродукции, меѓу нив цела од Чирико, Ернст, Масон и Мен Реј. Други дела содржеа книги, поеми, памфлети, автоматски текстови и теоретски трактови.

Надреалистички филмови[уреди]

Рани филмови на надреалистите :

  • Меѓуакт од Рене Клер(1924)
  • Школката и свештеникот од Герман Дулак (1928)
  • Морска ѕвезда од Мен Реј(1928)
  • Андалузиски Пес од Бунуел и Дали (1930)
  • Златна Доба од Бунуел и Дали (1930)
  • Имитација на кино од Марсел Мариен (1959)

Надреалистички театар[уреди]

Зборот надреалист за прв пат го употребува Гијом Аполинер за да ја опише својата претстава од 1917 Градите на Тиресиас, која пооцна е адаптирана во опера од Францис Пуленк. Антонин Артод, ран надреалист, го одива мнозинството на западниот театар како перверзија на својата првична намера, за која тој почувствува дека треба да иде мистично, метафизичко искуство.Тој смета дека рационалниот дискурс е составен од лага и илузија. Теоретизирајќи нова театрална форма која би била веднаш и директно, која ќе ги поврзува несвесните умови на изведувачите и гледачите во вид на ритуален настан, Арто го создава Театарот на Суровоста , во кој емоциите, чувствата и метафизичкото се искжани не преку јазик туку физички, создавајќи митолошка, архетипска и алегорична визија блиску поврзани со светот на соништата. Другиот голем практикант кој експериментира со надреализмот во театарот е шпанскиот сценарист и режисер Федерико Гарсија Лорка, особено во неговите претстави Јавноста (1930), Кога поминуваат 5 години (1931) и Претстава без наслов (1935). Други надреални претстави се Арагонската Грбови на Ѕидот (1925) и Мистерии на љубовта (1927) на Роџер Витрак и Виктор или Децата ќе завладеат (1928).Операта на Гертруд Стеин, Доктор Фауст ги пали светлата (1938) исто така е опишана како ‘Американски Надреализам’ иако е исто поврзана со театрална форма на кубизам.

Музика од надреалистите[уреди]

Во 1920 г. Неколку композитори го попримаат влијанието на надреализмот или индивидуи во надреалистичкото движење. Меѓу нив се Бохуслав Мартину, Андре Сури и Едгар Варес, кој истакнува дека неговото дело Аркана произлегува од секвенца на сон. Сури посебно е поврзан со движењето: во долга врска е со Маргит и работи на изданието Пријатно Марија на Пол Нуџ. Герман Таилфер од француската група Шесте, напиша неколку дела кои може да се сметаат како инспирирани од надреализмот, вклучувајќи го балетот од 1948 Парис-Маги (сценарио од Лис Дехарм), операта Малата Сирена (книга од Филип Шонал) и Господар (книга од Јуџин Јонеско). Таилфер исто така напишал познати песни на текстови од Цлод Мерси, жената на Хенри Џинсон, чиј портрет е насликан од Маргит во 30тите. Иако до 1946, Бретон покажува негативни реакции кон предметот на мзиката со неговиот есеј Тишината е Златна, подоцна надреалистите како Пол Гарон се заинтересирани во- и наоѓаат паралели во- надреализмот во импровизацијата на џез и блуз. Џезерите и блузерите од време на време му возвраќаат на интересот. На пример Светската изложба на надреалисти вклучува настапи на Дејвид Ханибој Евардс.

Златна доба[уреди]

Низ 30-тите, надреализмот продолжува во голема мера да биде повидлив за јавноста. Во Британија се појавува Група на надреалисти и според Бретон, нивната Меѓународна изложба на надреализмот во Лондон претставува високо одбележје на тоа време и станува модел за меѓународни изложби. Дали и Маргит ги создадоа најшироко препознатливите слики на движењето. Дали се придружува на групата во 1929 и учествува во брзото воведување на визуелниот стил помеѓу 1930 и 1935. Како визуелно движење, надреализмот наоѓа метод : да ја разоткрие психолошката вистина вадејќи ги обичните предмети од нивното нормално значење со цел да создаде принудна слика која е над вообичаената формална организација со цел да предизвика соживување од гледачот.

Дали Атомикус, фотографија од Филипе Халсман, 1948

1931 е годината кога неколку надреалистички сликари создаваат дела кои бележат осврт во нивната стилистичка еволуција: Маргитовиот Глас на Вселената е пример за овој процес, каде три различни сфери кои претставуваат ѕвона, закачени над пејзаж. Друг надреалистички пејзаж од истата година е Испакната Палата на Ив Танги со своите истопени форми и течни облици. Течните облици стануваат заштитен знак на Дали, особено во неговата Упорноста на меморијата, за која карактеристична е сликата со часовници кои пропаѓаат како да се топат. Карактеристиките на овој стил- комбинација на описното, апстрактното и психолошкото- се однесува на отуѓувањето кое многу луѓе го почувствуваа во современата ера, комбинирано со чувството на навлегување подлабоко во психата, да биде ’целина со сопствената индивидуалност’. Помеѓу 1930 и 1933, групата на надреалисти во Париз го издава периодичниот Надреализмот во услуга на револуцијата како наследник на Надреалистичката еволуција. Од 1936 низ 1938 на групата се придружуваат Волфганг Пален, Гордон Онсло Форд и Роберто Мата.Пален придонесе за Фумаж, а Онсло Форд за Кулаж како нови графички автоматски техники. Маргит и Дали продолжуваат да ја дефинираат визуелната програма во уметноста, долго по личните, политичките и професионалните тензии фрагментирани во групата. Оваа програма достигнува над сликањето, опфаќајќи ја и фотографијата, како што може а се види од автопортретот на Мен Реј, чија употреба на монтажирање врши влијание на колажните кутии на Роберт Раушенберг. Во текот на 1930 г. Пеги Гугенхем, важен американски колекционер на уметнички дела, стапува во брак со Макс Ернст и започнува со промовирање на други надреалистички дела како што се тие на Ив Тангај и британскиот уметник Џон Тунар.

Големи изложби во 1930-тите

  • 1936- Меѓународната лондонска надреалистичка изложба е организирана во Лондон од страна на историчарот на уметност Херберт Рид, со вовед од Андре Бретон.
  • 1936- Музејот на современа уметност во Њу Јорк ја прикажува изложата Фантастична уметност , Дадаизам и Надреализам.
  • 1938- Нова Меѓународна надреалистичка изложба се одржува во Галеријата на ликовни уметности во Париз, со повеќе од 60 уметници од различни држави и се изложуваат околу 300 слики, предмети, колажи, фотографии и инсталации. Надреалистите сакаа да создадат изложба која самата по себе ќе биде креативен чин и се повикаа на Марсел Душам за да го стори тоа. На изложбата тој го постави Далиевото Дождовно Такси ( старо такси, лажно наместено за да создаде постојан ситен дожд во внатрешноста на прозорците и суштество со глава на ајкула на седитето на возачот и руса кукла

што ползи со полжави на задното седиште) ги поздрави гостите кои беа во целосен вечерен фустан. Улицата на надреалистите пополни една страна на лобито со кукли облечени од различни надреалисти. Тој ја дизајнираше главната сала да изгледа како подземна пештера со 1200 кеси со јаглен од таванот преку јаглен мангал со една светилка што го обезбедуваше единственото осветлување, па на покровителите им беа дадени рефлектори со кои ја гледаа уметноста. Подот беше покриен со суви лисја, папрати и трева и мирисот на печено кафе го исполнуваше воздухот. Повеќе на задоволство на надреалистите, изложбата предизвика скандал кај гледачите.

Втора светска војна и повоен период[уреди]

Втората светска војна создаде хаос не само за главното население во Европа туку посебно за европските уметници и писатели кои му се противеа на фашизмот и нацизмот. Многу важни уметници одлетаа за Северна Америка и релативната сигурност во Соединетите Американски Држави. Уметничката заедница во Њу Јорк веќе се бореше со надреалистчките идеи и некои уметници како Аршил Горки, Џексон Полок, Роберт Маервел и Роберто Мата, обединети заедно со уметниците надреалисти, иако со мала сомнеж и резервираност. Идеите кои се однесуваа на несвесното и сонот беа бргу прифатени. До Втората светска војна, вкусот на американската авангарда во Њу Јорк се сврти решително кон апстрактниот експресионизам со поддршка кон Пеги Гугенхем, Лео Стеинберг и Клемент Гринберг.Сепак, не треба лесно да се заборави дека самиот апстрактен експресионизам изникна од состанувањето на американските уметници (особено од Њу Јорк) со европските надреалисти самопрогонети за време на Втората светска војна.Особено Аршил Горки и Волфганг Пален влијаеја врз развојот на оваа американска уметничка форма која, како што направи надреализмот, го славеа моменталното човечко дејствување како и изворот на креативноста.Раната работа на многу апстрактни експресионисти ја открива тесната врска меѓу поповршните аспекти на обете движења и појавата на аспекти од дадаистичкиот хумор кај уметници како Рашенберг кој фрла уште поизразено светло на врската.Се до појавата на поп арт, на надреализмот може да се гледа како најважно влијание на ненадејниот раст кај американските уметности па дуи и кај поп артот, може а се забележи дел од надреалистичниот хумор често свртен кон културолошки критицизам. Втората светска војна ги стави во сенка за некое веме скоро селата интелектуални и уметнички дела. Во 1940 Ив Танги се ожени со анериканската надреалистичка сликарка Кеј Саж.Во 1941, Бретон замина за САД каде го ко-основаше списанието со каткотраен век ВВВ со Макс Ернст, Марсел Дишан и американскиот уметник Дејвид Хер.Сепак, тоа беше американскиот писател Чарлс Хенри Форд и неговото списание Поглед (View) оној кој му понуди канал на Бретон за промовирање на надреализмот во Соединетите Американски Држави. Специјалното издание на Поглед на Дишан беше од суштинско значење за јавното разбирање на надреализмот во Америика. Тоа ги нагласи неговите врски со надреалистичките методи, понуди интерпретација на неговата работа од страна на Бретон, како и Бретоновиот поглед дека Дишан го претставува мостот помеѓу раните современи движења како футуризмот и кубизмот, до надреализмот. Волфганг Пален ја напушти групата во 1942 поради политичко филозофски разлики со Бретон, основајќи го својот дневник Дин. Иако војната се покажа како вознемирувачка за надреализмот, работата продолжуваше. Многу уметници надреалисти продолжија да истражуваат, вклучувајќи го Маргит. Многу членови на надреалистичкото движење продолжија да соработуваат и да се состануваат. Додека Дали можеше да биде исклучен од страна на Бретон, тој во ниеден момент не ги напушти своите теми од 1930тите, вклучувајќи ги референците за ‘упорноста на времето’ во подоцнежното цртање. Неговиот класичен период не даваше остра претстава за паузирањето со минатото, како што преку некои описи од неговите дела можеше да се портретира. Некои од луѓето како Тирион, тврдеа дека има дела по овој период кои продолжија да го имаат истото значење за движењето. Низ 1940 г. Влијанието на надреализмот се чувствуваше и во Англија и Америка. Марк Ротко покажа интерес во биоморфиски имиња и Хенри Монро, Лучиан Фројд, Францис Бејкон и Пол Неш порано експериментираа со надреалистичките техники во Англија. Сепак,Конрој Медокс, еден од првите британски надреалисти чија работа во овој жанр датира од 1935 г., остана во рамките на движењето и организираше изложба на тогашните надреалистички дела во 1978 како одговор на претходниот настан кој го налути затоа што неправилно го претставуваше надреализмот. Медоксовата изложба, насловена Неограничен Надреализам , беше одржана во Париз и привлече меѓународно внимание. Тој ја изведе својата последна соло претстава во 2002 и почина 3 години подоцна. Маргитовите дела станаа пореални во приказот на реалните предмети, додека одржувајќи го елементот на јукстапозиција, како во ‘Лични Вредности ‘ ( Les Valeurs Personnelles)од 1951 и Империја на Светлината (L’Emire des lumieres) од 1954 тој продолжи да создава дела во кои се внесе уметничкиот речник како во Замокот на Пиринеите (Le Chateau des Pyrenees) кој се врати назад кон Вуа (Voix) od 1931 со своето потпирање на пејзажот. Другите имиња од надреалистичкото движење беа протерани. Некои од овие уметници, како Роберто Мата ‘останаа блиску до реализмот’. По Унгарската револуција од 1956 г. Ендре Розда се враќа во Париз за да продолжи да го создава својот свет кој го надмина надреализмот. Предговорот на неговата изложба во галеријата Фурстенберг (1957) беше напишан од Бретон. Многу нови уметници експлицитно го подигнаа знамето на надреализмот за себе. Доротеа Тенинг и Луис Буржуа продолжуваат да работат со Доротиното Дождливо Канапе од 1970. Дишан продолжува да прави скулптури во тајност вклучувајќи инсталација со реалистична претстава на жена, видлива само преку дупка за ѕиркање од врата. Бретон продолжува со пишување и се заложува за важноста на ослободувањето на човечкиот ум, како во изданието на Кулата на Светлината од 1952. По враќањето од војната, Бретон започнува со нова фаза на надреалистички активности во Париз и неговите критики на рационализмот и дуализмот добиваат нова публика. Тој инсистираше дека надреализмот е константен револт против намалувањето на човештвото до пазарни односи, религиски гестови и мизерија и заложувањето на важноста за ослободувањето на човечкиот ум.

Големи изложби на 1940-тите, 50-тите и 60-тите[уреди]

  • 1942- Првите трудови на надреализмот- Њу Јорк- Надреалистите повторно го повикуваат Дишан за да ја дизајнира изложбата . Овој пат тој закачува 3-димензионална низа на мрежа низ собите во просторот,во некои случаи правејќи го невозможно гледањето на делата.Тој склучува таен договор со синот на еден од соработниците да ги донесе неговите пријатели на настанот за да кога добро облечените патрони ќе пристигнат, да се сретнат со десетина деца во спортски облеки кои ќе играат и ќе си подаваат топка и ќе скокаат на јаже. Неговиот дизајн за каталогот за настанот вклучуваше најдени, наместо позирачки фотографии на уметниците.
  • 1947- Меѓународна надреалистичка изложба - Галерија Мает, Париз
  • 1959 -Меѓународна надреалистичка изложба -Париз
  • 1960 - Надреалистички напад во доменот на маѓепсникот - Њу Јорк

Пост-Бретонов надреализам[уреди]

Не постои јасен консензус за крајот, ако воопшто имало крај на надреалистичкото движење. Некои историчари на уметност укажуваат на тоа дека Втората светска војна ефикасно го распушти движењето. Сепак, историчарот на уметност Саран Александриска (1970) вели: “смртта на Андре Бретон во 1966 година, го одбележа крајот на надреализмот како организирао движење.” Исто така, имало обиди замирањето на движењето да се поврзе со смртта на Салвадор Дали во 1989 година. Во 1960 година, уметниците и писателите групирани околу Situationist Interacional, се тесно поврзани со надреализмот. Додека Гај Дебор бил критички настроен и дистациран од надреализмот, другите, како Азгерн Јорн, експлицитно ги користеа надреалистичките техники и методи. Настаните од мај 1968 година во Франција, вклучија голем број надреалистички идеи и помеѓу слоганите на ѕидовите на Сорбона испишани со спреј од страна на студентите, имаше и такви со надреалистичка содржина. Џоан Миро ќе го одбележи ова во слика со наслов Мај 1968. Исто така, имаше и групи кои беа поврзани со двете струи и се во прилог на надреализмот, како што била Револуционерната Надреалисричка Група. Во Европа и во целиот свет, во 1960те години, уметниците направија комбинација од надреализам и нешто за што се верува дека е класична техника од 16от век наречена “мешана техника “, еден вид на темпера и масло на платно повторно откриено од страна на Ернест Ф., привремено применувана од Дали и во денешно време применета и проучувана од многу следбеници, вклучувајќи ги Роберт Веноса и Крис Марс.Од страна на поранешниот куратор на Музејот на Современа Уметност во Сан Франциско, Мајкл Бел, овој стил беше наречен “веристичен надреализам”, каде се слика со прецизна бистрина и многу детали, свет аналоген на светот од соништата. Други сликари со темпера, како што е Роберт Викрев, редовно прикажуваа надреално сликарство. Во текот на 1980те години, зад железната завеса, надреализмот повторно навлезе во политиката преку тајно уметничко опозициско движење познато како Портокаловата Алтернатива. Портокаловата Алтернатива е создадена во 1981 година од Валдемар Фидрих (алијас “Мајор”), дипломиран историчар и историчар на уметност на Универзитетот Вроцлав. Тие употребуваа надреалистичка симболика и терминологија во нивните случувања од голем размер, организирани во големите Полски градови за време на режимот на Јарузелски и сликаа надреалистички графити, покривајќи ги местата со анти-режимни слоган. Самиот Мајор беше автор на “Манифест на Социјалистичкиот Надреализам”. Во овој манифест, тој изјави дека социјалистичкиот (комунистичкиот) систем стана толку надреалистички што би можеле да го видиме како експресија на самиот уметник. Надреалистичката уметност исто така останува позната по музејските мецени. Гугенхајм музејот во Њу Јорк одржа изложба, Две лични очи во 1999 и во 2001 Тејт Модерн одржа изложба на Надреалистична уметност што привлече повеќе од 170.000 посетители. Во 2002 година Мет музејот во Њу Јорк приреди шоу, Десире Унбоунд, исто така и центарот Георгес Помпидоу во Париз приреди шоу наречено Револуција на надреалистите.

Влијанието на надреализмот[уреди]

Додека надреализмот е вообичаено поврзан со уметноста , тоа е кажано за да ја надмине; надреализмот има влијание и во многу други области. Во таа смисла, надреализмот конкретно не се однесува само на себе-идентификуваните “надреалисти”, или оние што биле санкционирани од страна на Бретон , туку тоа се однесува на низа креативни дејствија на револт и напорите да се ослободи имагинацијата. Во прилог на надреалистичките идеи кои се втемелени во идеите на Хегел, Маркс и Фројд , надреализмот се гледа од неговите поборници како инхерентно динамичен и дијалектен во својата мисла.

Други извори од надреалистичките епигони[уреди]

Надреалистите исто така се потпираат на извори навидум разновидни како Кларк Ештон Смит, Монтаг Самерс, Хорас Валпол, Фантомас, Жителите, Багз Бани, стрипови, мрачните поети Семјуел Гринберг и писателот багабонт и комичар Т-Боун Слим. Би можело да се каже дека надреалистичките насоки можат да се најдат кај движењата како фри-џез (Дон Чери, Сан Ра, Сесил Тејлор итн.) па дури и во секојдневниот живот на луѓето во конфронтација со ограничувачките социјални услови.Смислувајќи го како обид на човештвото да ја ослободи фантазијата како чин на востание против општеството, надреализмот наоѓа преседани кај алхемичарите, можеби Данте, Ероним Бош, Маркиз де Сад, Шарл Фурие, Грофот на Лотремон и Артур Рембо.

Немирите од 1930[уреди]

Надреалистите веруваат дека незападните култури исто така нудат континуиран извор на инспирација за надреалистичките активности затоа што некои можат да создадат подобар баланс помеѓу инструменталниот разум и имагинацијата во бегство отколки западната култура. Надреализмот има препознатливо влијание врз радикалната и револуционерна политика, директно- како кај некои надреалисти здружувањето и жли стапувањето во сојузи во радикални политички групи, движења и партии – и индиректно- низ начинот на кој надреалистите ја нагласуваат интимната врска меѓу ослободувачката имагинација и умот и ослободување од репресивни и архаични социјални структури. Ова беше посебно видливо во новата левица на 1960-тите и 1970-тите и францускиот револт од 1968г. Во мај, чиј слоган “Целата моќ на имагинацијата” се издигна директно од француската надреалистичка мисла и примена.

Постмодернизам и популарната култура[уреди]

Многу значајни литературни движења во втората половина на 20 век имаат директно или индиректно влијание од надреализмот. Ова време е познато како Постмодерма ера, иако нема широко прифатена дефиниција на постмодернизмот, многу теми и техники идентификувани како постмодерни, се речиси идентични со надреализмот. Многу писатели од и поврзани со Бит генерацијата попримија големо влијание од надреалистите. Филип Ламантиа и Тед Џоенс често се категоризираат и како бит и како надреалистички писатели. Многу други Бит писатели исто така покажуваат значаен доказ за влијанието од надреализмот. Некои од нив се Боб Кауфман, Грегори Корсо, Ален Гинсберг и Лоренс Ферлингети.Особено Арто е многу влијателен за многу од нив, особено за Гинсберг и Карл Соломон. Гинсберг го цитира Артовиот ‘Ван Гог- Човекот самоубиен од општеството’ како директно влијание врз ‘Завивање’, заедно со Аполинеровата ‘Зона’, ‘Ода на Валт Витман’ на Гарсиа Лорка и Швитеровата ‘Приимиититии’. Структурата на Бретоновата ‘Слободна Унија’ врши забележливо влијание на Гинсберговата ‘Кадиш’. Вилијам С. Бароус, главен член на Бит генерацијата и многу влијателен постмодерен романсиер, ја разви, она што тој го нарекува ‘техника на сецкање’ со поранешниот надреалист Брион Гисин – во која шанса е навикнат да го диктира составот на текстот од зборови исецкани од други извори- однесувајќи се на тоа како ‘надреалистичка чучулига’ и признавање на неговиот долг кон техниките на Тристан Цара. Постмодерниот романсиер Томас Пинчон кој исто така беше под влијание на Бит фикцијата, експериментираше уште од 1960-тите со надреалистичката идеја за изненадувачки јукстапозиции, и коментирајќи на ‘ потребата за управување на оваа процедура со одреден степен на заштита и вештина’ тој додаде дека ‘секоја стара комбинација на детали нема да пројде. Спајк Џонс помладиот, чии таткови оркестарски снимки имаа длабок и неизбришив ефект врз мене како дете, рече еднаш во едно интервју, ‘Една од работите што луѓето не ги разбираат за видот музиката на тато е дека кога ќе замениш Си (нота) со истрел, мора да биде Си истрел или ќе звучи ужасно’. Многу други постмодерни писатели на белетристика се под директно влијание на надреализмот. Пол Остер, на пример, преведувал надреалистичка поезија и вели дека надреалистите се вистинско откритие за него. За работата на другите постмодернисти како Доналд Бартелм и Роберт Ковер,широката споредба со надреализмот е вообичаена. Магичниот реализам, популарна техника мегу романсиерите од втората половина на 20от век, посебно меѓу латиноамериканските писатели, има некои очигледни сличности со надреализмот со својата јукстапозиција на нормалното и сонот, како во делата на Габриел Гарсија Маркез. Карлос фуентес беше инспириран од револуционерниот глас во надреалистичката поезија и укажува на инспирацијата што ја најдоа Бретон и Арто во неговата татковина, Мексико. Иако надреализмот имаше директно влијание врз магичниот реализам во раните фази, многу писатели и критичари од магичниот реализам, како што се Амарил Шанади и С.П. Гангули, признавајќи ги сличностите, ги цитираа многуте разлики во споредбата на надреализмот со магичниот реализам како што се интересот за психологија и артефактите од европската култура за кои тие тврдат дека не се присутни во магичниот реализам. Истакнат пример на писател од магичниот реализам кој укажува на надреализмот како рано влијание е Алехо Карпентиер кој исто така подоцна го критикуваше надреалистичкото разграничување помеѓу реално и нереално како не го претставува вистинското јужноамериканско искуство.

Надреалистички групи[уреди]

Надреалистичките поединци и групи се обидуваа да продолжат со надреализмот по смртта на Андре Бретон во 1996. Вистинската Надреалистичка група од Париз беше распуштена од членот Џан Шустер во 1969.

Надреализмот и театарот[уреди]

Надреалистичкиот театар и Артовиот ‘Театар на Суровоста’ беа инспирација за многу во групата на драматурзи кои критичарот Мартин Еслин ги нарече ‘Театар на апсурдот’ (во неговата книга под исто име од 1963). Иако не под организирано движење, Еслин ги групираше овие драматурзи заедно врз основа на некои сличности на тема и техника, Еслин тврдеше дека овие сличности можат мозат да се проследат на влијание од надреалистите. Ежен Јонеско особено беше љубител на надреализмот, тврдејќи во еден момент дека Бретон беше еден од најважните мислители во историјата. Семјуел Бекет беше исто така љубител на надреалистите, дури и преведувал многу од поезијата на англиски. Други значајни драматурзи од групите на Еслин под поимот, како Артур Адамов и Фернандо Арабал беа во одреден момент членови на надреалистичката група.

Критицизам на надреализмот[уреди]

Феминистички[уреди]

Феминистите во минатото го критикуваа надреализмот, тврдејќи дека фундаментално тоа е машко движење и машко дружењеи покрај славните шени надреалисти како Леонора Керингтон (1917- 2011), Леонор Фини, Кеј Саг, Доротеа Танинг,Ремедиос Варо и Тојен. Феминистичките критичари веруваат дека тоа донесува архаични ставови кон жените, како обожавајќи ги симнолично преку стереотипи и сексистички норми. Жените често се создадени за да претставуваат повисоки вредности и се трансформираат во предмети на копнеж и мистерија. Пионер во феминистичката критика на надреализмот беше Хавиер Готје, чија книга ‘Надреализмот и сексуалноста’(1970) инспирираше понатамошна стипендија на маргинализацијата на жените во однос на “авангардата”. Оваа перспектива беше очекувана и критикувана како недоразбирање на поентата на надреализмот и одраз на претпоставките на поединецот , така за да можат критички да бидат доведени во прашање.

Фројдов[уреди]

Фројд ја иницираше психоаналитичката критика за надреализмот со забелешка дека она што најмногу го заинтересирало за надреалистите не е нивното несвесно туку свесното. Неговото значење беше дека нагласените манифестации на и експериментите со психички автоматизам од страна на надреалистите како ослободување на несвесното, се високо структурирани од активноста на егото, слична со активностите на соновната цензура во соновите и затоа е во принцип грешка да се однесува кон надреалистичките песни и други уметнички дела како на директни манифестации на несвесното, кога всушност тие се силно оформени и обработени од егото. Во тој поглед, надреалистите можеби создаваат големи дела, но тие се производ на свесното, не на несвесниот ум и тие се измамија самите себе си во однос на тоа што го правеа со несвесното. По психоаналитичко правило, несвесното не се искажува само автоматски, туку само може да се открие преку анализа на отпор и пренос во психоаналитичкиот процес.