Артур Рембо

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Артур Рембо
Carjat Arthur Rimbaud 1872 n2.jpg
Артур Рембо на 17 години
Роден(а) 20 октомври 1854
Франција Шарлевил, Франција
Починал(а) 10 ноември 1891
Франција Марсеј, Франција
Занимање Поет
Националност Французин
Жанрови Лирски песни, Лирска проза
Правец Симболизам

Жан-Никола Артур Рембо (20 октомври 1854 - 10 ноември 1891) бил француски поет, роден во Шарлевил. Иако сѐ што напишал е во период од само три години (од неговата 16. до 19. година), неговото влијание на модерната литература, музика и уметност е огромно, распространето и од непроценлива вредност.

Ран живот и работа[уреди]

Артур Рембо е роден во Шарлевил, во Ардените, на 20 октомври 1854 година. Тој е второ дете на пешадискиот капетан Фредерик Рембо и Виталија Куиф, ќерка на мали земјопоседници од Рош [1]. Од неговата поезија може да се забележи дека Артур никогаш не чувствувал дека е сакан од мајка му. Уште како дете ја основа личноста по која ќе остане запаметен до денес: бил бунтовен, но истовремено генијален ученик. Веќе на возраст од петнаесет години тој создава поезија со високи литературни вредности и дијалози на течен латински јазик. Во 1869 година, ја пишува „Подароци на сирачињата“, прва негова позната песна на француски. Една година подоцна се спријателува со својот професор Жорж Изамбар кој станува негов литературен ментор.

Често бега од дома, а веста за Комуната ја прима со воодушевување, постојано предизвикувајќи ги трговците и граѓаните на Шарелвил со својот чест извик: „Редот е победен!“,. Веројатно бил силуван од страна на пијани војници како што неговата песна Le cœur supplicié (Измаченото срце) можеби навестува. Токму во овој период, Рембо станува анархист, почнува често да пие, паралелно шокирајќи ја француската буржоазија со своите парталави алишта, долга коса и неприкладно однесување. На 13 мај 1871 година му пишува писмо на Изамбар, а два дена подоцна и на Пол Демени, поет од соседниот град, неколку години постар. Ова се познатите "Les lettres du Voyant" (Писма на видовитиот), во кои Рембо го тврди дека поетот треба да се претвори во пророк, и тоа по пат на едно долго, огромно и смислено растројување на сите сетила. Со оваа реченица (една од најпознатите во историјата на литературата), тој ја воспоставува теоретската основа на една нова поетика [1].

Оригинален манускрипт на песната Les Assis (Седачи)

Рембо се враќа во Париз кон крајот на септември 1871 година [2] на покана на еминентниот симболистички поет Пол Верлен[3] (откако Рембо претходно му испраќа едно писмо објаснувајќи му ја својата положба и праќајќи му неколку свои песни) и кратко време престојува во неговиот дом. Верлен, кој веќе е венчан, веднаш се вљубува во темниот, синоок, висок (1,80 m) младич со светло-кафеава коса. Двајцата стануваат љубовници и почнуваат да водат див, скитнички живот заситен со големи количини на апсинт и хашиш.[4] Ги скандализираат париските литературни друштва главно со нечуеното неморално однесување на Рембо, архетипниот enfant terrible, кој во текот на овој период продолжува да пишува несфатливо оригинални визионерски стихови.

Бурната љубовна авантура на Рембо и Верлен ги води во Лондон, во септември 1872 година[5]; Верлен ги напушта жената и дете (кои, во текот на своите алкохоличарски напади, често ги злоставува). Односните меѓу двајцата поети стануваат се позаострени.

На 10 јули 1873 година Верлен го повикува Рембо да го посети во Брисел, каде претходно Пол заминува во обид да се смири со својата жена, оставајќи го Артур во Лондон. Караниците продолжуваат. Во текот на една од нив, Верлен пука со пиштол во раката на Рембо и лесно го повредува неговиот зглоб [6] Рембо ја сметал раната за површинска и отпрво воопшто не сака да покрене тужба. Сепак, тој решава да се раздели од Верлен. Но на станица, при разделба, Верлен "се однесува како лудак", повторно заканувајќи се со пиштолот. [1] Рембо "се уплашува Верлен да не падне во искушение да направи уште некој екцес"[7], поради што почнува да бега. Како што и самиот вели, "тогаш јас (Рембо) молев еден полицаец да го уапси (Верлен)."[8] Верлен е уапсен и подложен на понижувачки легален медицинско-психолошки третман [9], кој вклучувал и анализа на дописката меѓу него и Рембо, како и односот што тој го имал со својата жена и дете. Рембо со време ќе ја повлече жалбата, но Верлен сепак ќе биде осуден на две години затвор [10].

Рембо се враќа во Шарлевил и го завршува своето ремек-дело Une Saison en Enfer (Престој во Пеколот), напишано во лирска проза, општо-признато како едно од првите дела кои го опфаќаат духот на новата симболистичка литература и во кое тој метафорично ја прикажува својата "drôle de ménage" (чудна врска) со Верлен, неговиот "pitoyable frère" ("беден брат") и "vierge folle" ("луда девица") на која самиот тој ѝ бил "l'époux infernal" ("пеколен сопруг"). Во 1874 се враќа во Лондон со поетот Жермен Нуво[11] и ги комплетира своите Илуминации, каде се напишани првите две песни на француски во слободен стих.

Доцен живот (1875-1891)[уреди]

За последен пат Рембо и Верлен се среќаваат во 1875 година, во Штутгарт, Германија, откако Верлен е пуштен од затвор и откако тој станува католик [12]. До тогаш, Рембо, од сѐуште непознати причини, веќе се откажува од пишување и се одлучува да води мирен, работен живот; некои велат дека на Рембо едноставно му здодеал дивиот, разуздан живот, но други сметаат дека тој се обидувал да се збогати за да може еден ден да биде слободен, финансиски неограничен, безгрижен поет. Рембо продолжува да патува низ Европа, најчесто пеш.

Вo 1876 година потпишува договор за служење во холандската колонијална војска во тек од три години, со цел да се обезбеди бесплатно патување до Јава (Индонезија) [13], каде и дезертира, по што со еден англиски брод се враќа во Европа [14] И денес, во Салатига, мал град сместен 46 km јужно од Семаранг, главниот град на Централната Јаванска Провинција, постои мермерна плоча на која пишува дека еднаш Рембо бил сместен во тој град.

Во декември 1878 година, Рембо пристигнува во Кипар, кајшто се вработува како надзорник на едно градилиште [15]. Во мај следната година, Рембо е приморан да го напушти Кипар поради треска, која во Франција е дијагностицирана како тифоидна. Во 1880 Рембо оди во Аден каде се занимава со откупа на кожи и кафе, како главен работник на компанијата Барди[16]. Истата отвара едно преставништво во Харар, каде Рембо, откако прифаќа да ја води тамошната трговска деловница, пристигнува на крајот на годината, по дваесет дена јавање низ сомалиската пустина [1]. Тука љубовнички му се неколку локални жени, а кратко време живее со една етиопјанка. Во 1884 Bardey престанува со работа. Рембо, веќе следната година се замешува во една зделка која ветува голема заработувачка: се работи за продажба на пушки од Белгија на кралот на Хоа, Менелик, иден цар на Етиопија. Во оваа зделка Рембо ја внесува целоата своја дотогашна заштеда. Сепак, токму во мигот кога карванот е спремен да замине, објавена е забрана за увезување на оружје во Хоа. Рембо успева да ги прокриумчари пушките покрај една италијанска научна експедиција. И покрај се, зделката нема да му донесе заработка: Рембо добива само еден дел од парите со кои не успева ниту да си ги покрие трошоците.

Во тоа време, во Франција, без знаење на Рембо, објавени се неговите Илуминации. [1]

Рембо почнува да страда од синовитис на десното колено кој постепено се претвора во канцерозен тумор. Неговото видливо влошено здравје го приморува да се врати во Франција на 9 мај 1891 [17]. Рембо е примен во болница во Марсеј и неговата нога му е ампутирана на 27 мај[18]. Еден месец по операцијата Рембо ја напушта болницата и заминува за Рош, но на пат неговата болест се влошува и кон крајот на август приморан е да се врати назад. Последните месеци од својот живот ги минува токму таму, крај својата сестра Изабела, преживувајќи ужасни страдања и натчовечки болки. Таму и умира, на 10 ноември 1891 година, на возраст од 37 години [19]. Ни тука не престанува да сонува за патувањата. Само еден ден пред да умре, во бунило диктира писмо до една поморска агенција: „Јас сум наполно парализиран, значи сакам да бидам утоварен на време; кажете ми кога треба да бидам транспортиран на брод [1] .“

Дела[уреди]

Преводи[уреди]

Англиски[уреди]

Овде се наведени само комерцијалните изданија. За повеќе англиски препеви видете кај надворешните врски.

Шпански[уреди]

Руски[уреди]

Македонски[уреди]

Белешки[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Духовната и животната авантура на Артур Рембо, Влада Урошевиќ, Артур Рембо: Поезија, мај 1977.
  2. Роб 2000, стр. 109
  3. Роб 2000, стр. 102
  4. Бернард, Сузен и Гијо, Андре. Oeuvres de Rimbaud, Classiques Garnier, Bordas, 1991.
  5. Роб 2000, стр. 184
  6. Роб 2000, стр. 220.
  7. Хардинг и Стурок 2004, стр. 160
  8. Хардинг и Стурок 2004, стр. 160
  9. Роб 2000, стр. 223-224
  10. Роб 2000, стр. 224
  11. Роб 2000, стр. 241
  12. Роб 2000, стр. 264
  13. Роб 2000, стр. 278
  14. Роб 2000, стр. 282-285.
  15. Роб 2000, стр. 299
  16. Роб 2000, стр. 313
  17. Роб 2000, стр. 422-424
  18. Роб 2000, стр. 426
  19. Роб 2000, стр. 440-441

Види исто[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Артур Рембо
Дела: PoésiesLe bateau ivreLes illuminationsUne Saison en EnferПисма
Луѓе: Шарл БодлерЖорж ИзамбарЖермен НувоПол Верлен
Друго: СимболизамНадреализамPoète mauditL'Enfant TerribleÉpater la bourgeoisieРембо и модерната култура