Прва светска војна
Прва светска војна, исто така позната и како Големата војна и Војна на нациите е светски конфликт што се одвива од 1914 до 1918 година и започнува во Европа. Ниеден претходен конфликт нема мобилизирано толкав број војници ниту пак вклучил толку многу луѓе во бојното поле. Првата светска војна е втор најкрвав настан во светската историја до тогаш. Хемиско оружје е искористено за прв пат, изведени се првите масовни бомбардирања на цивили од небо, и некои од првите големи масакри на цивили се случуваат за време на војната. Четири династии, Хабсбурговците, Романови, Отоманците и Хохенцолерните, чии корења на моќ се протегаат до деновите на крстоносните војни, паѓаат за време на војната или после неа.
Првата светска војна претставува одлучувачко раскрстување со стариот светски поредок, обележувајќи ја пропаста на апсолутистичката монархија во Европа. Војната ќе се покаже како катализатор за Руската револуција која понатаму ќе инспирира револуции во земји како Кина и Куба и ќе ја постави основата за Студената војна меѓу СССР и САД. Поразот на Германија во војната и неуспехот да се решат некои од причините за Големата војна поставуваат основа за раст на националсоцијализам и неговиот конечен резултат - избувнувањето на Втората светска војна во 1939 година. Војната исто така на големо ја зголемува употребата на масовна индустријализација како база за нова форма на војување што се потпира целосно на технологија и вовлекува цивили како никогаш порано.
Поимот „Прва светска војна“, што имплицира настан различен од „Втора светска војна“ не е популарен меѓу некои историчари кои ја сметаат војната само како прва фаза од три-децениската војна што се протега од 1914-1945 година. Други историчари, пак, гледаат на Прва светска војна како една од последиците на францускиот пораз во Француско-пруските војни што води кон француската експлоатација на балканската криза како повод за општа војна. Историчари исто така ја цитираат и германската дипломатска неснаодливост како и бранот национализам што ја преплавува Европa во тоа време.
Прва светска војна станува позната како рововска војна, каде што голем број на војници се врзани за рововите и не можат да се движат многу заради напнатоста на одбраната. Ова е посебно вистинито за Западниот фронт. Преку 9 милиони луѓе умираат на бојното поле и уште приближно толку на домашниот фронт како последица на недостаток на храна, геноцид и битка на земја.
Содржина |
Жртви [уреди]
| Земја | Жртви | Мртви | Ранети |
|---|---|---|---|
| Русија Убиени:
5,520,000 Ранети: 12,831,000 Исчезнати: 4,121,000[1] Убиени: 4,386,000 Ранети: 8,388,000 Исчезнати: 3,629,000[1] |
6.650.000 | 1.700.000 | 5.950.000 |
| Германија | 5.989.758 | 2.037.700 | 4.216.058 |
| Франција | 5.623.800 | 1.357.800 | 4.266.000 |
| Австроунгарија | 4.820.000 | 1.200.000 | 3.620.000 |
| Британска Империја* | 2.998.583 | 908.371 | 2.090.300 |
| Италија | 1.597.000 | 650.000 | 947.000 |
| Србија | 1.978.148 | 1.250.000 | 728.148 |
| Отоманска Империја | 725.000 | 325.000 | 400.000 |
| Романија | 455.706 | 335.706 | 120.000 |
| САД | 360.300 | 126.000 | 234.300 |
| Бугарија | 239.890 | 87.500 | 152.390 |
| Канада* | 239.605 | 66.655 | 172.950 |
| Австралија* | 218.501 | 59.330 | 159.171 |
| Црна Гора | 60.000 | 50.000 | 10.000 |
| Белгија | 58.402 | 13.716 | 44.686 |
| Грција | 26.000 | 5.000 | 21.000 |
| Португалија | 20.973 | 7.222 | 13.751 |
| Њуфаундленд** | 3.565 | 1.251 | 2.314 |
| Јапонија | 1.207 | 300 | 907 |
| Вкупно | 31.266.438 | 9.381.551 | 23.148.975 |
*Британска Империја вклучува канадски, австралиски и индиски жртви.
**Њуфаундленд не е дел од Канада во овој период.
Повод за војната [уреди]
Во 1914 г. надвојводата Франц Фердинанд и неговата жена Софи Хотек биле во официјална посета на Босна. Во текот на посетата еден од незадоволните фрла бомба врз автомобилот на Франц Фердинанд. Таа се одбива и експлодирува под следниот автомобил во колоната, повредувајќи ги оние кои биле во него. Тогаш Франц фердинанд оди со автомобилот понатаму на побезбедно место. Во тој момент, додека седел во кафеана, Гаврило Принцип, станува, се пробива низ толпата, вади пиштол и со седум куршуми го убива надвојводата и неговата сопруга. Заради ова Австро-Унгарија ја обвинила владата на Србија.
Во текот на 1914 биле формирани три фронта: Западен, Источен и Балкански фронт. Освен на европските фронтови, воени дејствија се воделе и на Далечниот Исток и Северна Африка. Неколку позначајни информации 29 Јуни напад на Србија од страна на Авсро Унгарија. 1915 Бугарија се приклучува од страна на Централните сили,истата година србија подпаѓа под Австро Ѕнгарска власт. 1916 бил отворен Македонскиот фронт од Охрид до Грчки залов, а на 14 Септември истиот бил пробиен. 1917 Грција се приклуцува од страна на Антантата т.е Источните сили. 1918 Создадено кралство на Балканските држави Кралство на Србија,Црна Гора и Хрватска
Западен фронт [уреди]
Западниот фронт се протегал од бреговите на Северното Море до швајцарската граница. До крајот на август германските воени единици навлегле длабоко во северна Франција преку Белгија. По прегрупирањето на француската армија, германското напредување било запрено северозападно од Париз, кој со околината бил добро утврден.
Водачи [уреди]
Поврзано [уреди]
- Историја на Европа
- Историја на Балканот
- Литература од Првата светска војна
- Улога на жените во светските војни
- Бојни отрови во Првата светска војна
- Листа на битки 1901-2000
- Листа на луѓе поврзани со Првата светска војна
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- First World War.com „Мултимедијална историја на Прва Светска војна“
- Војната над сите војни на страната на BBC
- „Наследство на големата војна“ со многу слики
- Британската армија во Големата војна
- Прва Светска војна, војни и битки
- Енциклопедија на Прва Светска војна
- Онлајн документи и индекси за Прва Светска војна
- Архива документи за Прва Светска војна
- Пред-воената германска армија
|
|||||
- Прва светска војна
- Глобални конфликти
- Војни на Унгарија
- Војни на Црна Гора
- Војни на Србија
- Војни на Ерменија
- Војни на Австралија
- Војни на Австрија
- Војни на Белгија
- Војни на Британска Индија
- Војни на Бугарија
- Војни на Канада
- Војни на Кина
- Војни на Хрватска
- Војни на Франција
- Војни на Грција
- Војни на Германија
- Војни на Ирска
- Војни на Италија
- Војни на Јапонија
- Војни на Република Македонија
- Војни на Нов Зеланд
- Војни на Португалија
- Војни на Романија
- Војни на Русија
- Војни на Јужна Африка
- Војни на Османлиската империја
- Војни на Обединетото Кралство
- Војни на САД