Вилхелм II (Германија)
| Вилхелм II | |
|---|---|
| Вилхелм II, цирка 1890 | |
|
|
|
| Владеење | 15 јуни, 1888 – 9 ноември, 1918 |
| Претходник | Фридрих III |
| Сопруг | Августа Викторија од Шлезвиг-Холштајн Хермина Рос на Грејц |
| Потомци | |
| Вилхелм, Принц на Германија Принц Еител Фридрих Принц Алберт Принц Август Вилхелм Принц Оскар Принц Јоаким Принцеза Викторија Луиз |
|
| Целосно име | |
| Friedrich Wilhelm Viktor Albrecht | |
| Династија | Хоенцолерн |
| Татко | Фридрих III |
| Мајка | Принцезата Викторија |
| Потпис | |
| Религија | Евангелистичка Христијанска Црква |
Вилхелм II (герм. Wilhelm II, 27 јануари 1859 - 4 јуни 1941) бил последниот цар (Kaiser) на Германија и последен крал на Прусија. Владеел од 1888 до 1918 година.
Биографија [уреди]
Неговото целосно име било Фридрих Вилхелм Виктор Алберт Пруски (германски: Friedrich Wilhelm Viktor Albert von Preußen). Припаѓал на германската кралска династија Хоенцолерн. Неговиот татко бил Фридрих III кој владеел само неколку месеци во 1888 по смртта на својот татко Вилхелм I. Мајка му била Викторија, најстарата ќерка на британската кралица Викторија, па бил близок роднина со руската царица Александра.
Левата рака му била делумно парализирана поради повреда која ја имал при раѓањето.
Водел милитаристичка политика, ја унапредил воената индустријата, морнарицаа и го охрабрил освојувањето на прекуморските територии (германски: Weltpolitik).
Во Првата светска војна бил главно командант на германската војска, во сојузништво со Австроунгарија. Пред крајот на војната се одлучил за капитулација, но го абдицирал текот под притисок на 9 ноември 1918. Наредниот ден заминал за Холандија, каде што побарал и добил азил и тука го провел својот остаток од животот.
Поврзано [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Вилхелм II (Германија)“ |

