Битка кај Ерусалим (1917)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Битката кај Ерусалим во 1917 година е битка која се водила помеѓу Велика Британија и Турција за време на Првата Светска Војна. На 9 декември 1917 година, британците влегле во градот.

Подготовка[уреди]

Британската војска претходно издвојувала победа за Египет во ноември 1917 година под раководство на новопоставениот генерал Аленбај. Турците немале друго решение освен да се повлечат кон исток. Во битката кај Маугар, турците повторно биле поразени во средината на ноември. По оваа победа, британската војска се упатила кон Ерусалим. Левото нејзино крило се упатило кон Јафа, а десното кон Јудеја. Командант на турските сили во Палестина бил германскиот генерал Ерик фон Фалкенхајн. Генералот знеал дека го очекува голема битка па затоа тој добил дополнително појачување во контраофанзивата против британската војска. И двете страни добиле налог да го избегнуваат Ерусалим, Светиот град како бојно поле.

Падот на Ерусалим[уреди]

Ерик фон Фалкенхајн наредил да бидат изведени серија од напади врз британската армија. Турците се утврдиле на многу места околу Ерусалим. Аленбај ги регрупирал своите сили и му наредил на командант Филип да го превземе градот. Британците го нападнале градот а на 8 декември ги зазеле врвовите западно од Ерусалим, па со овој успех извршиле и друга атака јужно од Витлеем. Турците не можеле ни овде да се спротистават па така на 9 декември 1917 година британците го зазеле градот Ерусалим.

Влегување на Аленбај во Ерусалим

Влегувањето на генералот Аленбај во Ерусалим[уреди]

Генералот Аленбај на 11 декември влегол во градот. Во градот била прогласена воена управа а стражата била поставена и во Витлеем се со цел да бидат заштитени светите места на трите религии. Во Велика Британија, освојувањето на Светиот Град бил протолкуван како конечна победа во Крстоносните војни. Тоа за Велика Британија било најголемото политичко напредување по три години неуспешна војна.

Турски контранапад[уреди]

Освојувањето на Ерусалим и неуспехот на Ерик фон Фалкенхајн довеле до големо намалување на моралот на турската армија. Борбите продолжиле и околу местните брда во кои борби турците се здобиле со појачување на армијата. На Божик, турците се обиделе повторно да го заземат градот но британците не им го дозволиле тоа, при кое им нанесиле и голем број на човечки жртви.

Последици[уреди]

Сојузниците ја прославиле подедата кај Ерусалим. Но сојузниците ма другите фронтови доживеале неуспех. Така, Русија била веќе излезена од војната бидејќи избувнала Октомвриската револуција, на западниот фронт битката кај Камбрај доживеала неуспех. Зазимањето на Ерусалим сојузниците го дочекале како едно големо олеснување. Со паѓањето на Ерусалим, тирците ја изгубиле контролата над средишна Палестина, а во 1918 година во битката кај Мегида конечно биле протерани од ова подрачје.


Литература[уреди]