Витлеем
| Витлеем | ||
Маало во Витлеем |
||
|
||
| арапски | بيت لحم | |
| Значење | „дом на месото“ (арапски); „дом на лебот“ (хебрејски) | |
| Управ. област | Витлеем | |
| Управа | Град (од 1995) | |
| Се пишува и | Беит Лам (официјално)
Бејт Лам (неофицијално) |
|
| Координати | ||
| Население | 25.266[1] (2007) | |
| Општински началник | Виктор Батарсе[2] | |
| Мреж. место | www.bethlehem-city.org | |
Витлеем (арапски بيت لحم, „Бејт Лам“; хебрејски בית לחם, „Беит Лехем“) е палестински град на Западниот Брег, расположен блиску до Ерусалим. Градот е најмногу познат бидејќи овде е родното место на Исус Христос. Поради тоа, во негова чест во градот е изградена базилика „Раѓањето на Христос“.
Витлеем се наоѓа на околу 10 км од Ерусалим, на 765 m надморска височина. Во Витлеем исто така е роден и Давид, вториот цар на Израел, поради што во Библијата градот многу често е нарекуван „градот на Давид'“. Според еднo библиско предание (в. Михеј 5:2) Месијата требало да биде негов потомок и да се роди во неговиот град.
Градот има 20 000 жители.
Витлеем за прв пат се споменува во Библијата, во која пишува дека Јаков својата жена Рахела ја „покопал“ на патот кон реката Еуфрат, односно Витлеем.
Наводи [уреди]
- ↑ „Попис 2007“ (PDF). Централно статистичко биро на Палестина. стр. 117. http://www.pcbs.gov.ps/Portals/_PCBS/Downloads/book1487.pdf. проверено на 16 април 2009. (англиски)
- ↑ [http://www.elections.ps/pdf/Municipal_Elections_Results_EN_(2).pdf Локални избори на Западниот Брег (втор круг)- Успешни кандидати по единица, пол и бр. на освоени гласови - Витлеем стр. 23 (англиски)
| Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
