Израел

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Израел
מדינת ישראל‎
Знаме на Израел Грб на Израел
Знаме Грб


Положба на Израел
Главен град Ерусалим
42°41′N, 23°19′E
Најголем град Ерусалим
Службен јазик Хебрејски, арапски
Влада Парламентарна демократија
 - Претседател Шимон Перес
 - Премиер Бенјамин Нетањаху
Независност 1948 
 - Оcновање  
Површина  
 - Вкупно 20 770 км2 km² (148.)
 - Вода (%) ~2%%
Население  
 - 2013 8 134 100 (96.)
 - Густина 327/km² 
БДП (ПКС) 2007 приб.
 - Вкупно 161,952 млрд $ (44.)
 - По глава на жител 22 475 $ ([[Листа не земји по БДП по глава на жител|]].)
Валута Нов Шекел (Шекел)
Часовен појас UTC +2 до +3
НДД .il
Повикувачки број ++972
Карта на Израел и окупираните територии.

Израел (хебрејски: מְדִינַת יִשְׂרָאֵל, Мединат Јисраел) е држава во Западна Азија, поточно на Блискиот Исток (површина 20.770 km², 6.199.008 жители). Од некои историско-културни причини се смета за дел и од Европа. Се граничи со Либан и Сирија на север, Јордан на исток и Египет на југ. Излегува на Средоземно, Црвено и Мртво море. Главен град е Ерусалим. Други градови: Тел Авив (тука се повеќето амбасади), Ако, Вер Сава, Елат, Назарет, Тиверијада и Хајфа.

Етимологија[уреди]

Термионот Израел, низ историјата, се користел како заедничко име за Земјата на Израел и на еврејскиот народ. Денешниот назив на земјата е Ерец Јисраел или Мединат Јисраел (Земјата на Израел и Државата Израел), а со тоа се отфрлиле имињата Зион и Јудеја. Во раните години на својата независност, властите на Израел го избрале терминот Израелци за назив со кој ќе се нарекуваат граѓаните на државата.

Историја[уреди]

Историја по 1948 година[уреди]

По одлуката на Обединетите Нации за поделба на Палестина на арапска и на еврејска држава (29 ноември 1947), Еврејскиот национален совет на 14 мај 1948 година го прогласува формирањето на Државата Израел, како држава на Евреите. Арапска Палестина никогаш не беше основана. На 15 мај Египет, Ирак, Јордан, Либан, Саудиска Арабија и Сирија го нападнаа Израел, со што почна периодот (сè уште во тек) на војни и немирни периоди меѓу нив. Како последица на Првата арапско-израелска војна, Израел е формиран на 78% од територијата на тогашната Британска мандатна територија Палестина.

По оваа војна Израел влегува во воени конфликти со соседните арапски држави уште пет пати: при Суецката криза од 1956, Шестдневната војна од 1967, Војната на исцрпување во 1969, Јом-кипурската војна од 1973 и при инвазијата врз Либан во 1982 година. Во 1987 Палестинците ја започнуваат својата прва интифада, а во 2000 година својата втора интифада против Израел. Во 2006 година, по нападот на милитантната група Хизболах на израелска територија, Израел го нападна Либан со што започна Втората израелско-либанска војна.

По национализацијата на Суецкиот Канал од страна на Египет и забраната за пловидба на израелски бродови, Израел (во содејство со Велика Британија и Франција), во октомври 1956 година, го нападна Египет. Воената акција беше запрена под притисок на ОН и САД.

Во 1967 година Израел го нападна Египет, а истовремено, Јордан и Сирија го напаѓаат Израел. За шест денови, Израел ги окупираше Голанската Висорамнина (во Сирија), Западниот Брег (во Јордан) и Синајскиот Полуостров (во Египет) и ја блокираше пловидбата низ Суецкиот Канал. Израел ја зголеми својата територија 200%.

Ерусалим, поглед од Планината на маслинките

Четвртата војна меѓу соседите избувна во 1973 година, кога египетските сили го ослободија Каналот и навлегоа на Синај, но почетните успеси не беа доволни и тие беа присилени на повлекување. Првпат Израел претрпе големи воени загуби. Драматичен пресврт се случи во 1977 година, кога египетскиот претседател Анвар ел Садат и израелскиот премиер Менахем Бегин ги почнаа мировните преговори и се обидоа да внесат нова клима во регионот.

Израел се повлече (1982) од Синајскиот Полуостров, но набрзо завојува со Либан, каде што – наводно – биле базите на Палестинската ослободителна организација (ПЛО). Во 1987 година ПЛО ја почна низата напади, востанички дејства и безредија (познати како Интифада) низ Израел, на што израелските сили секогаш реагираа со вооружени акции. Во 1989 година лидерот на ПЛО Јасер Арафат објави дека Палестинците му го признаваат правото на Израел да постои. Во 1994 година Јордан и Израел потпишаа мировен договор, а во 1996 година се одржаа избори за Палестинскиот совет (претседател: Јасер Арафат) што се сметаше за чекор кон создавање палестинска држава на 6.220 км² – во Појасот Газа и на Западниот Брег. Преговорите меѓу Палестинците и Израел почнаа во 1997 година, но ниедна страна не им даде првокласно значење, можеби и поради сè позачестените самоубиствени бомбашки акции на членовите на радикалните палестински струи, кои доведоа до обновување на недовербата и до повторно затегната ситуација. Мировните преговори (2000) меѓу Јасер Арафат и израелскиот премиер Ехуд Барак (во САД) не ги донесоа посакуваните резултати. Во основа, нерешените прашања и натаму доминираат во нестабилната ситуација во тој дел на Југозападна Азија.

Административна поделба[уреди]

Карта на окрузите во Израел:
1. Северен, 2. Хаифски, 3. Централен, 4. Телавивски, 5. Ерусалимски.
Спорни подрачја: А. Голанска Висорамнина, Б. Јудеја и Самарија, В. Појас Газа.

Израел е поделен на 6 окрузи (хеб. מחוזות, „мехозот“, едн. „махоз“) со 15 подокрузи (נפות, „нафот“, едн. „нафа“). Секој подокруг потоа се дели на природни региони (вкупно 50).


Округ Админ. центар Подокрузи Население
Северен Назарет Кинерет, Сафед, Ако, Голан, Изрелска Долина 1.242.100
Хаифски Хаифа Хаифа, Хадера 880.000
Централен Рамла Rishon Lezion, Шарон (Нетанја), Петах Тиква, Рамла, Rehovot 1.770.200
Телавивски Тел Авив Бат Јам, Бнеј Брак, Гиватаим, Холон, Рамат Ган, Тел Авив 1.227.000
Ерусалимски Ерусалим Ерусалим 910.300
Јужен Бершеба Ашкелон, Бершеба 1.053.600
Јудеја и Самарија Модин Илит Јудеја и Самарија 2.592.555[1]
(350.143 еврејски доселеници)‏‏[2]

Податоците се преземени од Централната служба за статистика на Израел, и затоа ги опфаќаат сите места под израелска цивилна власт, вклучувајќи ги теритоториите окупирани од Израел. Таков пример е подокругот Голан и неговите четири природни региони кои не се признаени од Обединетите Нации и меѓународната заедница како израелски територии. Наведеното население на Ерусалимскиот округ ги вклучува и жителите на Источен Ерусалим, чие припојување кон Израел исто така нема меѓународна поддршка. Единствено невбројани остануваат жителите на округот Јудеја и Самарија, бидејќи Израел не ја наметнува својата цивилна власт во тој дел од Западниот Брег.


Демографија[уреди]

Етнички состав: Евреи (околу 81%), 20% Палестинци (Израелски Арапи) и други нееврејски заедници. Вероисповед: јудејци 81%, муслимани (сунити) 14%, христијани. Писменост: 95%. Јазици: хебрејски (официјален), арапски, англиски.

Релјеф[уреди]

Постои низина по должината на медитеранскиот брег која кон внатрешноста преминува во ридско-планински предели (највисок врв Мерон, 1.208 m), а потоа кон исток се спушта во долината на реката Јордан и депресијата на Мртвото Море (-396 m; според најновите мерења -416 m), најниската сувоземна точка на Земјата. Во јужниот дел е пустината Негев, која зафаќа речиси половина од државната територија. Хидрографија: реки – Јордан (делумно гранична со Сирија и Јордан) и Кишон; езера – Галилејско и Мртво Море. Клима: средоземна во приморјето, на исток планинска, во долината на Јордан сува суптропска и пустинска во Негев.

Стопанство[уреди]

Плажа во Тел Авив.

Израел е развиена индустриско-аграрна земја со природни богатства во кои доминираат фосфати, сол, магнезиум, железо и бром, со мали резерви на нафта и природен гас. Главни индустриски гранки се металургијата, производството на машини, автомобили, авиони, бродови и оружје, потоа хемиската, фармацевтската, електронската, прехранбената и индустријата за широка потрошувачка. Постојат околу 750 објекти за обработка на дијаманти (над 50% од светското производство). Земјоделството обезбедува околу 75% од прехранбените потреби на населението. Изградени се и се градат цели мрежи на водни акумулации, каптажи и канали, вклучувајќи ги и пустинските области каде што е овозможено одгледување на суптропски култури. Сите видови сообраќајни врски се на висок степен на развиеност. Парична единица: нов израелски шекел.

Култура[уреди]

Првите литературни пројави во Израел од 1948 година беа определбите и творештвото на писателите дојдени од Европа, кои пишуваа главно на јидиш и ладино, нешто подоцна и на обновениот хебрејски јазик. Логично дека и темите и атмосферата во европските земји беше пренесена во делата на еврејските/израелските творци. Дури при крајот на XX век, израелската литература позначајно се свртува кон ’сопствените‘ современи теми од автори веќе родени во Израел. Напоредно, музичкото творештво, како и секое друго уметничко создавање, помина сличен пат, под влијание на европските уметнички текови. Сепак, во повеќето творечки изрази секогаш беше присутна и врската со корените никнати милениуми наназад, третирани на современ начин во една синтеза специфична за творештвото на израелските уметници. Првите универзитети биле отворени во Хајфа (1912) и во Ерусалим (1918).

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]