Шестдневна војна од 1967

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај

Арапско-израелската војна од 1967, позната уште и како Шестдневната војна, се водела помеѓу Израел и арапските и соседи Египет, Јордан и Сирија.

Содржина

[уреди] Повод

Подршката на Сирија за терористички напади од страна на палестинската организација Фатах врз евреиското население била повод за израелска инвазија врз арапските држави. Во почетокот на 1967 година, Израел бил цел на напади од страна на сириското воздухопловство главно во Ерусалим, во кои биле срушени и шест сириски авиони.

[уреди] Тек на војната

Шестдневната војна траела од 5 јуни до 10 јуни 1967 г. Од израелска гледна точка, војната била превентивна воена кампања, чија цел е зачувување на израелската држава од пропаѓање како и зачувување на идентитетот на евреите.

Војната била многу добро стратегиски разработена и инициирана од страна на генерал Моше Дајан - тогашниот израелски министер на одбраната. Причина за оваа војна е, од една страна притисокот на Египет врз мировните сили на ООН, дислоциран по Синаиската кампања од 1956 година и новата египетска морска блокада, која го затвара заливот Акаба за израелско пристаниште; а од друга страна, од концентрацијата на арапските армии по израелските граници во мај 1967 година.

[уреди] Успехот на Израел

• Воените напади врз аеродромоте во Египет, Сирија, Ирак и Јордан на практика ги уништиле арапските военовоздушни сили на 5 јуни, при кое авиацијата достигнала дури до Луксор и Ран Банас.

• Египетските тенковни сили биле поразени на Синајскиот полуостров, а на 7 јуни е превземен и Суецкиот канал.

• Целиот западен брег на Јордан бил окупиран за еден ден - исто на 7 јуни.

• Израелската армија ги зазела град Кунеитра и навлегле на повеќе од 40 км. Во внатрешноста на Сирија.


[уреди] Резултати од војната

• Со поразот на Египет биле ослабеани позициите на претседателот Гамал Абдел Насар.

Израел повторно завладеал со заливот Акаба.

Израел ја уништува опасноста од арапска кампања на сите фронтови.

• Нови 600 000 арапи паднале под израелска власт во окупираните нови територии: ивицата Газа, Синај, Западниот бреги голанските висорамнини.


Последиците од војната директно влијаеле на денешната геополитичка ситуација на регионот. Дипломатски односи помеѓу земјите кои учествувале во оваа војна биле постигнети во 1991 година.

[уреди] Надворешни линкови

Лични алатки