29 ноември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | ноември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
29 ноември е 333-иот ден во годината според григоријанскиот календар (334-и во престапна година). Остануваат 32 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1913 | Во Париз основана Меѓународната мечувалска федерација (FIE). |
| 1926 | Во Тетово е пуштена во редовно производство хидроелектраната „Пена“, прв и најстар хидроенергетски објект во Македонија (дотогаш сите биле на јаглен). Изградена е во периодот од 1924 до септември 1926 година. Инвеститор беше Тетовското индустриско акционерско друштво формирано на иницијатива на Михајлович, руски емигрант кој живееел во Тетово. |
| 1943 | Во Јајце започнува Второто заседание на АВНОЈ. Истиот ден на заседанието Јосип Броз Тито е прогласен за Маршал на Југославија. |
| 1947 | Генералното собрание на Обединетите Нации донесува резолуција за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел. |
| 1958 | Скопје и некои други градови од Македонија имаа можност со добар прием да ја гледаат италијанската телевизија. |
| 1962 | Велика Британија и Франција потпишуваат спогодба за изработка на суперсоничен авион од типот „Конкорд“. |
| 1973 | Во Маврови Анови е формирано Здружението на радиостаниците во Република Македонија. |
Родени:
| 1797 | Гаетано Доницети, италијански оперски композитор. |
| 1932 | Жак Ширак, поранешен претседател на Франција. |
| 1951 | Мирче Нешовски, македонски поет. |
| 1964 | Мајк Матијевич, хрватски музичар. |
| 1991 | Ибрахим Сисоко, фудбалер од Брегот на Слоновата Коска. |
Починале:
| 741 | Григур III, римски папа. |
| 1268 | Климент IV, римски папа. |
| 1314 | Филип IV Убавиот, крал на Франција. |
| 1543 | Ханс Холбајн Помладиот, познат германски раноренесансен сликар. |
| 1634 | Клаудио Монтеверди, италијански композитор на преодот од ренесансната кон барокот. |
| 1916 | Воин Поповиќ-Вук, војвода на Српскиот комитет на четничката акција. |
| 1924 | Џакомо Пучини, италијански оперски композитор. |
| 2001 | Џорџ Харисон, член на групата Битлси. |
Празници:
| * | Ден на Републиката во поранешна СФРЈ во спомен на прогласувањето на федералното уредување на Југославија на уставотворното собрание 1943 година, Второто заседание на АВНОЈ. Со распадот на СФРЈ се престанало со одбележување на овој ден во сите републики на поранешна Југославија освен во Србија каде останал како празник во Сојузна Република Југославија се до 2002 година. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |