3 ноември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Ноември 2014 3 ноември е 307-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (308-и во престапна година). Остануваат 58 денови до крајот на годината.

Настани:

1903  Со поддршка на САД, Панама прогласила независност од Колумбија. Претседателот на САД, Теодор Рузвелт не сакал да ѝ плати на Колумбија колку што барала за САД да изградат канал помеѓу Атлантикот и Пацификот. Следната година, во договор со новата влада на Панама, САД ја започнале изградбата на Панамскиот канал.
1918  Во Падова, Италија, Австро-Унгарија војска потпиша капитулација, со што практично се распадна кралството Австро-Унгарија.
1944  На предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на АСНОМ донесе решение за отворање на гимназии во градовите: Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид.
1944  Во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.
1951  Со посебна уредба на владата на НР Македонија е формиран Отсекот за правни науки при Правно-економскиот факултет во Скопје. На 1 јули 1956 г. Отсекот за правни науки се одвои како посебна високообразовна институција.
1992  Генералниот конзул на Сојузна Република Германија во Скопје, господин Ханс Лотар Штепан, преку Министерството за односи со странство, ја извести Владата на Република Македонија, дека позитивно го решила нејзиното барање за отворање на Генерален конзулат на РМ во Бон.
1993  Република Македонија доби статус на набљудувач во ГАТТ - Меѓународен договор за трговија и царински тарифи.
2004  Републиканецот Џорџ Буш, по втор пат е избран за претседател на САД. Џорџ Буш, кој е 43-тиот американски претседател, на должноста стапи на 20 јануари 2001 година. Буш е син на Џорџ Буш Постариот, кој беше претседател на САД од 1989 до 1993 година.

Родени:

1500  Бенвенуто Челини — италијански вајар, златар и сликар.
1749  Даниел Радерфорд — шкотски физичар и хемичар.
1801  Винченцо Белини — италијански композитор.
1901  Леополд III — крал на Белгија.
1945  Герд Милер — германски фудбалер.
1986  Максим Буе — француски велосипедист.

Починале:

1954  Анри Матис, француски сликар и вајар.
1988  Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика.
1989  Никола Солдатов, познат македонски новинар.
2007  Александар Дедјушко, руски глумец.
2010  Виктор Черномирдин, премиер на Русија

Празници:

* Ден на независност на Панама (1903), Доминика (1978) и Микронезија (1986).
јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември