27 ноември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Ноември 2014 27 ноември е 331-иот ден во годината според григоријанскиот календар (332-и во престапна година). Остануваат 34 денови до крајот на годината.

Настани:

1095  На црковниот Собор во Клермон во Франција, папата Урбан II ги повикlа соборните црковни големодостоинственици и световните владетели да тргнат во воен поход против „неверниците“, Селџуци, кои ја зазеле „светата земја“ Палестина, со Исусовиот гроб во Ерусалим. Со тоа ја поттикна Првата крстоносна војна што започна во следната година.
1895  Шведскиот фабрикант Алфред Нобел, пронаоѓач на динамитот, во Париз напиша своерачен тестамент со кој каматите од големиот имот ги остава за развој на науката, литературата и на борците за мир. „Наградите треба да се делат без оглед на националноста“, пишуваше во тестаментот, со кој се основа Нобеловата награда за најголеми достигнувања на човековиот ум.
1919  По Првата светска војна, во која учествуваше на страната на Оската, Бугарија потпиша мир (Нејски мировен договор, потпишан во Неј на Сена) врз основа на кој Добруџа и припадна на Романија, приморјето на Тракија и на Грција, а градовите Струмица, Благоевград и Цариброд на Кралството СХС.
1926  Ахмет Бег Зогу во Тирана потпиша пакт со Мусолини за зајакнување на својот реакционен феудален режим во Албанија.
1942  Втора светска војна: Француската морнарица потопи поголем дел од својата воена флота во тулонското пристаниште за да не падне во рацете на нацистите.
1946  Солунскиот партиски весник „Лаки Фони“ објави список на околу 100 лица од Леринско и од Воденско (претежно Македонци), кои беа интернирани на егејските острови.
1982  Лидерите на 31 африканска земја, на состанокот во Триполи, ги осудија Соединетите Американски Држави поради нивната „економска, воена и нуклеарна соработка со Јужноафриканската Република“.
1997  Во Брисел, со одобрение на Министерскиот совет на Унијата, беше одобрена Спогодбата за соработка и транспорт меѓу Европската унија и Република Македонија.

Родени:

1701  Андерс Целзиус — шведски физичар и астроном.
1901  Емануел Чучков — македонски политичар.
1921  Александар Дубчек — лидер на Прашката пролет.
1931  Радмила Пашиќ — македонски археолог.
1940  Брус Ли — актер и борач.
1960  Јулија Тимошенко — украинска политичарка.
1960  Владо Јаневски — македонски поп-пејач и композитор.
1961  Авдија Пепиќ — македонски економист и политичар.
1963  Владимир Машков — руски актер.
1978  Иван Гутиерез — шпански велосипедист.
1979  Александар Васоски — македонски фудбалер.
1982  Александар Кержаков — руски фудблер.

Починале:

1570  Јакопо Сансовино — италијански вајар и архитект.
1955  Артур Хонегер — француски композитор.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември