14 ноември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Ноември 2014 14 ноември е 318-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (319-и во престапна година). Остануваат 47 денови до крајот на годината.

Настани:

1944  Група македонски артисти организирани во полупрофесионалниот ансамбл „Кочо Рацин“ во Битола, на македонски јазик ја изведоа едночинката „Ѓоре Магаревски“, од современиот македонски писател Владо Малески. Со тоа беше означено раѓањето на Народниот театар во Битола и раѓањето на драмската уметност во Македонија.

Родени:

1650  Вилијам III — англиски крал.
1719  Леополд Моцарт — австриски композитор.
1765  Роберт Фултон — северноамерикански инженер и пронаоѓач.
1838  Аугуст Шеноа — хрватски писател — автор на реалистички раскази и фељтони, романтичарски песни и историски романи.
1840  Клод Моне — француски сликар — еден од основачите на импресионизмот.
1889  Џавахарлал Нехру — индиски државник — еден од основачите на политиката на неврзувањето.
1922  Бутрос Бутрос Гали — египетски политичар и поранешен Генерален Секретар на ОН.
1935  Хусеин I — крал на Јордан.
1941  Филип Симоновски — истакнато име на македонското новинарство, уредник и публицист во „Нова Македонија“.
1946  Денко Малески — прв министер за надворешни работи на Македонија.
1984  Марија Шерифовиќ — српска пејачка.
1984  Винченцо Нибали — италијански велосипедист.

Починале:

565  Јустинијан I — византиски цар.
1263  Александар Невски — голем кнез на Владимирско-Суздалското кнежество.
1391  Никола Тавелиќ — хрватски светец.
1522  Ана де Божу — ќерка на Луј XI.
1716  Готфрид Вилхелм Лајбниц — германски философ.
1831  Георг Вилхелм Фридрих Хегел — најистакнат претставник на германската идеалистичка философија.
1915  Андриј Лисенко — украински писател.
1946  Мануел де Фаља — шпански композитор.,
1977  А. Ч. Бхактиведанта Свами Прабхупада — индиски хиндуистички теолог.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември