Клаудио Монтеверди

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Клаудио Монтеверди

Клаудио Монтеверди (Кремона, 4 декември 1567 - Венеција, 29 ноември 1634), Италијански композитор, еден од најистакнатите оперски композитори од времето на раниот барок. Освен опери, компонираше мадригали, миси, концерти и други музички дела.

[уреди] Биографија

Роден е во Кремона, студирал музика со прославениот теоретичар Марко Антонио Ингегиери. На 15 години, Монтеверди го создал своето прво дело, сет од три мотети, а во 1605 тој компонирал 5 книги со мадригали. Тој се заинтересирал за експерименталните музички драми на Џакопо Пери, кој бил музички директор во дворот на фамилијата Медичи и за слични дела на други композитори.

[уреди] Прва музичка драма на Монтеверди

Во 1607 година, била создадена првата музичка драма на Монтеверди, „Орфеј“. Оваа опера била над сите претходни обиди за создавање на музичка драма и најзначајна во развојот на историјата на операта.

[уреди] Извори

  • Учебник за музичка уметност за I година гимназиско образование, стр 52, 2009 година

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици