Индекс на забранетите книги

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Index Librorum Prohibitorum, 1564

Индекс на забранетата книга (лат.Index Librorum Prohibitorum) е збирка на публикации кои биле забранети според Римокатоличката црква. За прв пат, збирката била издадена од страна на папата Павле IV во 1559. Тоа бил период на почетокот на контрареформацијата, а и збирката главно била насочена против делата на протестантските писатели. Подоцна, во збирката биле опфатени многу повеќе еретички и слободоумни дела. Нивното читање им било забрането на католичките верници. Во индексот на забранети книги биле и едни од Коперник, Кеплер и други познати научници, француски енциклопедисти, либерални политичари и други.

Последното 32 издание на збирката е издадено во 1948. Во него биле содржани околу 4.000 книги и записи за нешто што се сметало за еретичко, неморално, што содржи елементи на порнографија и е политички некоректно.

Надворешни врски[уреди]