Теорба

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Теорба

Теорба (италијански: tiorba) е вид на долговратна лејта усовршена во доцниот XVI век, заради потребата од поголем басов опсег за употреба во оперите на Фиренската камерата и новите музички дела на основа на генералбас.

Музичарите ја конструирале теорбата со адаптација на бас лејта (должина на жици ц.80+ см) со додаток на вратот каде додале бас жици, наречени дијапазони. Слични адаптации на тенор лејти (должина на жици ц.55+ см) резултирале во создавањето на надлејтата, која е слична по изглед, но различно наштимана. Штимањето на теорбата генерално се карактеризира со со октавно поместување на двете најгорни жици, со тоа ограничувајќи го горниот дијапазон на инструментот.

При изведбата на генералбас, теорбата често се свири заедно со мала органа. Теорбата се користела сè до средината на XVIII век.

Видете исто така[уреди]

  • Торбан, источноевропскиот предок на теорбата

Надворешни врски[уреди]