Бенито Мусолини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бенито Мусолини
Benito Mussolini
Бенито Мусолини

40 ти премиер на Кралство Италија, 1 от поглавар на владата (Capo del Governo)
Мандат
31 октомври, 1922 – 25 јули, 1943
Претходник Луиџи Факта
Следбеник Пјетро Бадољо

Роден 29 јули 1883
Предапио, Кралство Италија Flag of Italy (1861-1946).svg
Починал 28 април 1945
Џулино ди Мецегра, Италија Flag of Italy.svg
Партија Национал-фашистичка партија

Бенито Амилкаре Андреа Мусолини (29 јули 1883 - 28 април 1945) владеел со Италија како дикататор од 1922 до 1943. Користејќи ја својата харизма, целосната контрола врз медиумите и застрашувањето на политичките ривали, тој го распушти постоечкиот демократски систем и формира фашистичка држава. Со влезот во Втората Светска војна на страната на Нацистичка Германија, тој се поставил себеси за мета на Сојузниците, што конечно претставувало и причина за неговиот пад.

Биографија[уреди]

Таткото на Мусолини, Алесандро, бил ковач. Тој влијаел врз раните убедувања на својот син, така што во својата младост Бенито бил социјалист, а потоа и марксист. Со појавата на синдикализмот и зголемената популарност на Фридрих Ниче, Мусолини ги сменил убедувањата, што водело кон постојани судири со општеството во коешто живеел. Учествувал во Првата светска војна, а потоа ги формирал Fasci di Combattimento во чие име вооружени единици воени ветерани ги тероризирале комунистите и социјалистите.

По континуираниот неуспех на либералните влади на Џовани Џиолити, Иваное Бономи и Луиџи Факта, на 28 октомври 1922, фашистите се заканиле со обидот за државен удар, наречен „Марш на Рим“ (Marcia su Roma) и од кралот Виторио Емануеле III побарале да му дозволи на Мусолини да формира влада. Кралот морал да се согласи и Фашистичката партија дошла на власт. Во следните две децении настапил црн период за Италија: Мусолини владеел неограничено, печатот бил замолчен, граѓанските слободи одземени, а била формирана и тајна полиција. Од заслепените следбеници Мусолини бил наречен „Ил Дуче“ (Duce; Водач). Мусолини бил неосновано агресивен и храбар што го одвело во неколку дебакл-војни - во Етиопија 1935, Албанија 1939 и Грција 1941. Во 1940 се приклучил на Оската на Хитлер, но тоа бил потег од корист за Сојузниците, бидејќи италијанските трупи не биле воопшто обучени, а војниците дезертирале и не сакале да ги ризикуваат своите животи за кауза што не е нивна.

По италијанските порази на сите фронтови и англо-американското слетување на Сицилија во 1943, повеќе соработници на Мусолини се свртиле против него на состанокот на Големиот фашистички совет на 25 јули 1943. Кралот го повикал Мусолини во својата палата каде што му ги одзел овластувањата. При напуштање на палатата, Мусолини бил уапсен и испратен во Гран Сасо во целосна изолација.

На 27 април 1945, крај езерото Комо, во обид за бегство кон Швајцарија, Мусолини и неговата љубовница Кларета Петрачи биле фатени од страна на италијанските партизани. Ден потоа, на 28 април, тие биле стрелани заедно со уште 16 други министри и официјални лица на фашистичкиот режим.

Мисли на Мусолини[уреди]

Римскиот меч се претворил во симбол зашто, во суштина, тој е меч на праведноста. Рим сурово се борел за да победи, но по победата се инспирирал од правдата, ги покорувал народите за да ги нарави граѓани, соединувајќи ги во едно силата и милоста. Во тоа се состои и моето сфаќање за насилството. Ако понекогаш насилството е неопходно, тоа секогаш треба да биде придружено со чуство на благородност и великодушност[1]

Извори[уреди]

  1. Кон инвалидите на Рим, 22 октомври 1923 г., С. и г., 3, стр. 212

Видете уште[уреди]