Базилика Свети Марко (Венеција)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поврзано: Свети Марко (појаснување)
Патријархална катедрална базилика „Свето Марко“
Basilica Cattedrale Patriarcale di San Marco (италијански)
San Marco (evening view).jpg
Основни податоци
Место Венеција, Италија
Координати 45° СГШ 12° ИГД / 
Религија Римокатоличка црква
Држава Италија
Округ Патријарх на Венеција
Осветен 8 октомври 1071
Црковен статус Катедрала, Базилика
Водство Ангело Скола
Мреж. место Официјална интернет страна
Архитектонски опис
Архитект Доменико Контарини
Архитектонски стил византиска и готска архитектура
Завршено 1617
Карактеристики
Должина 7.650 metres (25,100 ft)
Ширина 6.250 metres (20,500 ft)
Купола/ли 5
Висина на купола (однадвор) 43 metres (140 ft)
Висина на купола (однатре) 2.815 metres (9,240 ft)

Базиликата „Свети Марко“ (италијански: Basilica Cattedrale Patriarcale di San Marco) е катедрална црква која се наоѓа во градот Венеција во Италија. Овој христијански објект е најпознатиот христијански храм во градот и еден од најпознатите примери на византиската архитектура. Катедралната црква се наоѓа на истоимениот плоштад и истоимениот регион. Во близина на црквата се наоѓа Дуждовата палата.

Изградбата на црквата започнала веднаш откако венецијанските трговци во 828 година ги пронашле моштите на Свети Марко Евангелист во еден столб од страна на Витале Фалиеро, кој во тоа време бил дужд. Првата црква изгорела во голем пожар кој се случил во 932 година. По ова започнала реконструкција на црквата. Но според Доменико Контарини, црквата била доста скромна во однос на останатите цркви во градот. Денешниот изглед црквата го добила во 1063 година. Оваа црква била изградена по примерот на црквата Свети Апостоли во Константинопол, која денеска не постои.

Првобитната црква посветена на Апостол Марко била неукрасена, без фрески и скулптури. Изградбата на црквата била завршена во текот на 1617 година.

Базиликата е долга 76.50 метри и висока 43 метри. Во почетокот таа се користела како параклис на венецијанските управители, а не како катедрална црква. Во 1807 година станала седиште на патријархот на Венеција, архиепископ на римокатоличката епархија на Венеција. Зградата е позната и како Златна црква.


Во текот на 20 век, три патријарси на Венеција биле избрани за папи на Римокатоличката црква, и тоа:

  • кардинал Џузепе Сарто, патријарх од 1893 до 1903 година, познат како Папа Пиј X
  • кардинал Анџело Џузепе Ронкали, патријарх од 1953 до 1958 година, познат како Папа Јован XXIII
  • кардинал Албино Лучијани, патријарх од 1969 до 1978 година, познат како Папа Јован Павле I[1]

Коњите на Свети Марко[уреди]

Денешните антички бронзени статуи (Коњите на Свети Марко) биле поставени пред катедралата во 1254 година. Претходно, тие долго време биле изложени во хиподромот на Константинопол. Но во текот на 1204 година, дуждот Енрико Дандоло ги испратил истите во Константинопол, како дел од големиот грабеж кој се случил по заземањето на Константинопол од страна на крстоносците.

Во времето на Наполеон Бонапарт, тој наредил истите да бидат однесени во Париз во текот на 1797 година, но во текот на 1815 година тие повторно биле вратени во Венеција. По 1990 година, по долга реставрација, коњите биле поставени во музејот Свети Марко, кој се наоѓа во внатрешноста на базиликата. Денешните коњи пред базиликата се копија.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]