Плоштад Свети Марко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Плоштадот Свети Марко (Piazza San Marco) со Базиликата (1730 год.) од Каналето
Скица на плоштадот во 1831 год..

Плоштадот Свети Марко (италијански: Piazza San Marco) е главниот плоштад во Венеција, Италија.

Една забелешка, која најчесто му се припишува на Наполеон (но, најверојатно, поточно е дека тоа го кажал Алферд де Мусе) вели дека плоштадот е „Сликарското ателје на Европа“. Плоштадот е едно од ретките урбани простори во Европа, каде човековите гласови го совладуваат звукот на моторизираното движение, што се должи на Венецијанските канали. Тоа е единственото место во Венеција кое се нарекува пјаца. Останатите, во зависност од големината, се нарекуваат кампи.

Како најзначајна забележителност и главно собиралиште во Венеција, Плоштадот Свети Марко е екстремно популарен меѓу туристите, фотографите и венецијанските гулаби. Плоштадот потекнува од 9 век, кога претставувал само мала област пред оригиналната Базилика Свети Марко. Проширен е во 1177 год., кога ја добил неговата сегашна големина и форма и кога биле поставени Рио Батарио, кој го ограничил од запад, и пристаништето, кое ја изолирало Дуждовата палата од плоштадот. Реорганизацијата била направена во чест на средбата меѓу папата Александар III и владетелот Фридрих Барбароса.

Плоштадот отсекогаш бил гледан како центар на Венеција. Тој бил локацијата на сите значајни канцеларии на Венецијанската држава и бил седиште на Архиепископјата од 19 век наваму. Плоштадот, исто така, бил центар и на многу Венецијански фестивали. И денес плоштадот е многу популарно место.

Градби[уреди]

На плоштадот доминираат Базиликата, Дуждовата палата и Камбанаријата на Базиликата, која стои одвоено.

Градбите околу плоштадот се наместени спротивно од стрелките на часовникот и тоа во следниов редослед: тргнувајќи од Големиот канал прва е Дуждовата палата, потоа се Базиликата Свети Марко, Сааткулата Св. Марко, Прокуратот Векио, Наполеоновото крило и Прокуратот Нуове, по нив следува Камбанаријата и Логетата и на крајот е Библиотеката Марчиана. Најголемиот дел од приземјето на Прокуратите е зафатен со кафулиња, а меѓу нив се и познатите Caffè Florian и Gran Caffè Quadri. Кореровиот музеј и Музејот на археологија се лоцирани во некои од зградите на плоштадот. Венецијанската ковачница за пари се наоѓа покрај Библиотеката Марчиана на брегот на Големиот канал. За време на француската окупација од 1797, Наполеон го пренаменил Прокуратот Нуове во своја кралска палата. Конструирал ново крило, каде ја сместил салата за балови, што било причина за деструкцијата на црквата на Сан Џеминиано, изградена од страна на Џакопо Сансовино. Наполеоновото крило, или уште познато како Ala Napoleonica, било дизајнирано од Џузепе Соли во 1810год. Наполеоното крило е последната завршена градба на плоштадот, исклучувајќи ја камбанаријата која доживеала реконструкција, но според истиот оригинален дизајн. Плоштадот воедно послужил и како инспирација за други јавни површини. Минору Јамасаки го искористил ова место како основа за Плоштадот Остин Џ. Тобин, со површина од 5 акри, кој сè до кобниот 11 септември 2001 год. бил сместен во Светскиот трговски центар во Њујорк.

Плочник[уреди]

Плоштадот е поплочен во доцниот 12 век со цигли, поставени според шема која се нарекува рибина коска. Завоите на светлите камења се движат паралено со долгата оска на главниот плоштад. Овие линии најверојатно биле користени како основа за поставување на киосците и за организирање на честите церемонијални процесии. Овој оригинален дизајн на плочникот може да се види и на некои слики од доцниот среден век и за време на Ренесансата, како на пример на сликата Процесија на Плоштадот Сан Марко, од 1496 год., на Џентиле Белини.

Во 1723 год. циглите биле заменети со посложен геометриски плочник, чиј дизајн го направил венецијанскиот архитект Андреа Тирали. Која била причината за ваквото решение на дизајнот на Тирали, речиси и не е познато. Некои шпекулираат дека шемата била користена за да се регулираат коисците или да се отповика нивното поранешно присуство на плоштадот. Други пак, веруваат дека шемата била прецртана од ориентални теписи,кои биле популарно луксузно парче во овој трговски центар.

Дизајнот го сочинуваат едно поле од темни камења, вулкански трахит и геометриски дизајн на бел камен Истријан, сличен на травертин. Квадратите од дијагонално поствените блокови биле заменети со правоаголни и овални дизајни долж паралелните завои. Квадратите се стеснувале кон центарот, како вазна, каде водоводот ја водел водата во дренажниот систем под нивото на плоштадот. Шемата на дизајнот ги поврзувала портата на Базиликата со центарот на западниот отвор на плоштадот. Линијата многу поблиску врзува паралела со фасадата на Прокурациите Векио, оставајќи еден триаголнест простор, кој се граничи со Новата Прокурација, со нејзиниот поширок крај, затворен од камбанаријата. Шемата продолжувала покрај камбанаријата, завршувајќи кај линијата која ги поврзува трите големи јарболи, оставајќи го просторот точно пред Базиликата недекориран. Помалата верзија на истата шема на помалиот плоштад паралелно ги врзувала Библиотеката на Сансовино, создавајќи тесни трапезоидни форми соседни на Дуждовата Палата, со широк крај, затворен од југоисточниот агол на Базиликата. Во оваа помала шема, внатрешните квадрати биле закосени и формирале не-ортогонални правоаголници.

Целосната слика на плочникот служи за визуелно продолжување на оската и за засилување на позицијата на Базиликата на чело на плоштадот. Ваквата организација ја отсликува врската помеѓу интериерот, односно помеѓу бродот и олтарот во катедралата.

Како дел од овој дизајн, нивото на плоштадот пораснало за речиси цел метар, со што се ублажиле поплавите и се ослободил поголем простор за да може внатрешниот водовод да ја носи водата до Големиот канал.

Во 1890 година, плочникот бил обновен, поради нагризеноста и издупченоста. Новиот дизајн верно ја следел шемата на Тирали, но ги елиминирал овалните форми и ги отсранил западните рабови, со цел плоштадот да се адаптира на Наполеоновото крило, на тој крај од плоштадот.


Помалиот плоштад[уреди]

Помалиот плоштад Сан Марко, поглед од Базиликата Св.Марко

Делот од плоштадот кој е сместен помеѓу Дуждовата палата и Библиотеката Марчиана, Библиотеката на Џакопо Сансовино е всушност Помалиот плоштад Сан Марко. Тој е отворен кон лагуната на устието на Големиот канал и е познат по столбовите на венецијанските патрони, Марко и Теодоро, кои стојат на самиот раб на водата. На нив се наоѓаат лавот на Св.Марко и статуата на Сан Теодоро од Амазеа, или како што им е познат на Венецијанците „Сантодаро“. Тој стои на свет египетски крокодил. Теодоро е помалку познат од Евангелистот. Тој во знак на голема вера, како христијански послушник, го запалил храмот на Цибеле, поради што подоцна бил измачуван. Овие столбови ја создаваат официјалната порта за влез во Венеција. Кога немало официјални гости во градот, било дозволено коцкање помеѓу столбовите. Просторот помеѓу столбовите бил местото каде се вршеле погубувањата.

Од 1480 година, кон крабрежјето стојат свртени три бродски јарболи. Знамето на Св. Марко се вее на нив кога е ден на гозба.

Преку воденото пространтво, на полуостровот се наоѓа Пунта де ла Салуте, сместена лево од украсената базилика Санта Марија дела Салуте на Балдасаре Лонгена. Dogana di mare-Обичаите на морето (Царинарница) го дала своето име на секоја италијанска царинарница на сличен начин како што Венеција го имала оригиналниот назив, Арсенал.

Поплавувања[уреди]

Плоштадот Сан Марко е најниската точка во Венеција и поради големиот водостој за време на плимата и на големите бранови кои доаѓаат од Јадранското Море или пак поради поројните дождови, тој прв се поплавува. Водата која се слева во водоводот на плоштадот истекува директно во Големиот канал.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  • Janson, Alban & Thorsten Bürklin. (2002). Auftritte Scenes: Interaction with Architectural Space: the Campi of Venice. Basel: Birkhauser. ISBN 3-7643-6585-4
  • Lien, Barbara. (May 2005). The Role of Pavement in the Perceived Integration of Plazas: An Analysis of the Paving Designs of Four Italian Piazzas. unpublished M.S. thesis. Washington State University Department of Horticulture and Landscape Architecture. PDF
  • Norwich, John Julius, Tudy Sammartini, and Gabriele Crozzoli (1999). Decorative Floors of Venice. London: Merrell Publishers. ISBN 1-85894-108-3
  • Puppi, Lionello. (2002). The Stones of Venice. New York: Vendome Press. ISBN 0-86565-245-7
  • Williams, Kim. (1997). Italian Pavements: Patterns in Space. Houston: Anchorage Press. ISBN 0-9655268-2-8

Надвроешни врски[уреди]