Базилика Санта Марија дела Салуте
| Базилика Санта Марија дела Салуте Basilica di Santa Maria della Salute |
|
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Венеција, Италија |
| Координати | |
| Религија | Римокатоличка црква |
| Осветен | 1681 |
| Функционален статус | активна |
| Карактеристики | |
| Должина | 70 metres (230 ft) |
| Ширина | 47 metres (150 ft) |
Базиликата Света Богородица на здравјето (италијански: Santa Maria della Salute) е црква која се наоѓа во Венеција, Италија. христијанскиот храм се наоѓа на влезот од Големиот канал во градот и плоштадот Свети Марко.
Според информации, оваа црква претставува најфотографираниот објект во градот и најголема туристичка атракција.
Во текот на 1629 година, Венецијанската република била опфатена со голема епидемија, по кое две третини од вкупниот број на население починало. Молитвите на Свети Рок и Свети Лоренцо не успееле да ја сопрат епидемијата. Претходно земјата била завладеана од друга епидемија, во периодот од 1575-1576 година, кога починале 46.000 луѓе. тогашната власт како знак за благодарност за крајот на епидемијата, му дала задача на Андреа Паладио да ја изгради црквата Ил Реденторе[1]. Името на новата црква било посветена на заштитникот на републиката, Богородица Марија.
Исто така од страна на сенатот било одлучено секоја година на 21 ноември во црквата да се одржува литургија. Оваа процесија денеска е позната како Fеста дела Мадона дела Салуте, денеска учествуваат сите венецијански функционери.
Оваа двокуполна црква на полуостровот помеѓу Големиот канал и т.н. „Сплавови“ е една од најпознатите знаменитости на градот. Главниот влез на црквата, обликуван по пример на римските триумфални арки, подоцна станал предмет на имитација во неколку последователни катедрали во Венеција и пошироко.
Наводи [уреди]
- ↑ Avery, Harold (February 1966). „Plague churches, monuments and memorials“. „Proc. R. Soc. Med.“ 59 (2): 110–116. PMID 5906745. PMC: 1900794. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1900794/pdf/procrsmed00186-0033.pdf.
| Галерија на академијата | Арсенал | Голем канал | Дуждова палата | Ил Реденторе | Ка' д'Оро | Ка' Пезаро | Кa' Рецонико | Ка' Фоскари | Мост на воздишките | Мост Ријалто | Санта Марија Глориоза деи Фрари | Санта Марија дела Салуте | Сан Марко | Санти Џовани е Паоло | Сан Џорџо Маџоре |