Голем канал (Венеција)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Големиот канал од Мостот на академијата
Големиот канал

Канал гранде или Големиот канал (италијански: Canal Grande; венециски: Canałasso) е најголмиот канал во Венеција, Италија. Каналот го формира главниот вовдоводен систем во градот. По овој канал се одвива главниот превоз во градот преку превозни средства кои се викаат вапорети. Покрај овој канал поминуваат и голем број на такси глисери кои ги превезуваат туристите при прошетка во градот.

Опис[уреди]

Каналот започнува од плоштадот Санта Лусија, кај истоимената жеежничка станица и води кон плоштадот Свети Марко. Самиот канал има форма на бројот 5 и градот го дели на два дела. Каналот е долг 3.800 метри, широк од 30 до 90 метри, со просечна длабочина ос 5 метри.

По должината на каналот се наоѓаат околу 170 прекрасни палати и објекти. Повеќе од овие објекти биле градени во периодот од 13 век до 18 век, демонстрирајќи ја големата уметност која владеела во времето на Венецијанската Република. Најпознати палата се Кa' Рецонико, Палацо Барбаро, Ка' д'Оро, Палацо Фоскари, Ка' Пезаро и други. Покрај каналот се наоѓаат и голем број на цркви, од кои најпознати се Базилика Санта Марија дела Салуте.

Поголемиот дел од прометот се одвива по текот на каналот, но не и преку него. До 18 век, само еден мост се поврзувал преку каналот Понте ди Риалто. Денеска преку каналот може да се престигне и преку други три моста: Понте дегли Скалзи, Понте дел Академија и Понте дела Констуционе.

Историја[уреди]

Fondaco dei Turchi.jpg

Во античко време, брегот околу Венеција бил мочурлив. Плитката лагуна била заштитена од отвореното море со мали острови и песочни брегови. Големиот канал во Венеција најверојатно настанал или служел како корито на некоја античка река која се вливала во Венецијанската лагуна. Пред Римјаните, на овие простори живееле Јадранските Венети и нивното главно занимање се состоело од риболов и трговија. Во времето на Римската Империја, односно Византија, значењето на градот постојано започнало да се зголемува. Ова овозможило кон почетокот на 9 век венецијанскиот дужд своето седиште да го премести од Маламока во Ријалто. По ова, трговската активност на градот започнала многу бргу да се зголемува. Во тоа време каналот бил поширок за разлика од денес, а бројните места биле поврзувани од дрвени мостови.

Во текот на 13 век биле изградени поголем дел од јавните простории. Овде спаѓале палатите кои ги обединувале двете активности на градот, финансиите и трговијата. Такви биле Палацо деи Камерленги и Палацо деи Диечи Сави. Кога започнала соработката со Константинопол, во градот покрај робовите започнале да доаѓаат и голем број на уметнички дела, скулптури и слично. Тие започнале да го разубавуваат градот дополнително. Така бил создаден еден специфичен спој на византиска архитектура со венецијански архитектонски елементи.

Палатите кои биле изградени во тоа време се: се Кa' Фарсети, Кa' Лоредан (и двете денеска се дел од градската управа) и Кa' да Мосто. Во текот на овој период, Ријалто претставувал седиште на градот, па поради ова, градењето било главно во овој регион. Во Венеција, градежниот материјал бил доста скап, па затоа често пати биле користени материјали од стари градби или пак новите биле градени врз старите објекти.

По падот на Константинопол и неговото ограбување во 1204 година од страна на крстоносците, во кој поход учествувала и Венеција, византискиот белег останал во градот до крајот на 14 век. Венеција до 15 век станала еден од најбогатите градови во светот. На врвот на својот развој имала 36000 морнари, кои постојано допловувале и отпловувале со околу 3000 бродови. Во следните векови биле изградени и раскошни мостови, пазари, пристаништа, палати и цркви. Венецијанците повеќе сакале да патуваат на чамци по многубројните канали. Венеција станала многу важен пристанишен град. Луѓето знаеле дека зависат од морето и секоја година јавно го изразувале тоа. Дуждот-водачот на градот, бил испраќан среде море во златна галија за да фрли прстен во брановите, велејќи дека градот е во брак со морето.При крајот на 18 век, Венеција почнала да ја губи својата политичка моќ. Но, останала важен центар на уметноста, музиката и театарот, организирајќи раскошен карневал секоја година. Венеција стана позната како La Serenisima (пресветлиот град) и се уште привлекува голем број туристи. Никој нема да ја заборави панорамата на градот, издугнувајќи се над сината вода, односно над каналите-улици направени од вода. Но, иднината на Венеција е неизвесна. Нивото на морето се зголемува, а поплавите се сè почести. Градот е ранлив и е потребно донесување многу тешки одлуки и вложување големи напори ако сакаме да ги зачуваме бесценетите градби и богатства.


Панорама

Архитектура[уреди]

Готски стил[уреди]

Готската архитектура во Венеција започнала да се практикува подоцна за разлика од останатите европски градови. Таа започнала со изградбата на јужната фасада на Дуждовата палата. Самите нови фасадни биле обоени во брилијантни бои. Во текот на 15 век, готскиот стил започнал да се распространува во голем број на фасадите од објекти кои се наоѓаат покрај Големиот канал во градот.

Ренесансен стил[уреди]

Кон почетокот на 15 век започнал да се појавува и ренесансните архитектонски елементи на палатите покрај каналот. Со ренесансни елементи биле реновирани Палацио Дарио, Палацио Корнер Спинели, како и Ка'Вендрамин Калерги, место каде денеска се наоѓа казино. Последните две градби биле дело на архитектот Мауро Кодуси, пионер на ренесансата во Венеција. Овие дела претставуваат најдобар пример за венецијанската ренесанса, големи прозори покрај масивните антички мермерни столбови.

Класичната ренесансна архитектура во градот била доведена од страна на Јакоб Сансовино, кој во градот дошол од Рим во 1527 година. Тој на каналот ги подигнал Палацо Корнер и Палацо Долфин Манин. Други позначајни ренесансни градби се Палацо Пападополи и Палацо Гримани ди Сан Лука.

Барок[уреди]

Во текот на 1582 година, Алесандро Виторија започнал со изградба на Палацио Балби (денеска во неа се наоѓа седиштето на градските власти). На оваа градба биле употребени барокни елементи. Најзначајниот архитект во Венеција од овој период бил Балдасаре Лонгена, најпознат по Санта Марија дела Салуте, која претставува еден од најубавите цркви во Венеција и симбол на Големиот канал. Оваа базилика денеска претставува една од најсниманите или најпосетуваните места во Венеција.

Балдасаре Лонгена подоцна ги проектирал и палатите Ка' Пезаро и Ка' Рецонико, како и црквата Санта Марија ди Назарет. Поради бројни различни причини, Лонгена не успеал да ги доврши овие објекти, па по неговата смрт нивната архитектонска содржина била изменета.

Гондола во Венеција

Неокласицизам[уреди]

Првиот објект во Венеција кој бил изграден во неокласичен стил била црквата Сан Симеоне Пиколо, во првата половина на 18 век.

Нова ера[уреди]

По падот на републиката во 1797 година, изградбата на објектите покрај каналот биле замрзнати, а некои пак останале недовршани. Сепак, некои од тие објекти биле значително проширени. Најзначајните од ова време денеска се наоѓаат во државна сопственост.

Во времето на Наполеон и Кралство Италија, имотите на црквите и црковните редови биле одземени. Во тоа време, голем број на слики останале без своите слики, уметнички вредности, а некои пак објекти биле целосно срушени.

Поврзано[уреди]

  • Ријалто“ — познат мост кај каналот

Наводи[уреди]