Година
Година е време што и е потребно на Земјата да го заобиколи Сонцето.[1] Попрецизно, тоа е период помеѓу кои било две едноподруго доаѓања на Земјата во одредена положба наспроти Сонцето (конјункција, опозиција...). Во поширока смисла, ова може да се примени на која било планета; на пример, “марсовска година“ е годината на Марс.
Содржина |
Видови години [уреди]
Должина на разни видови години [уреди]
- 353, 354 или 355 денови — должини на регуларните години во некои лунисоларни календари
- 354,37 денови — 12 лунарни месеци; просечна должина на годината во лунарните календари
- 365 денови — обична година во многу соларни календари; ~31.53 милиони секунди
- 365,24219 денови — просечна тропска година близу 2000. година
- 365,2424 денови — година на пролетната рамноденица
- 365,2425 денови — просечна должина на годината во Грегоријанскиот календар
- 365,25 денови — просечна должина на годината во Јулијанскиот календар; светлосната година се базира на оваа година; изнесува 31.557.600 секунди
- 365,2564 денови — ѕвездена година или сидерална година
- 366 денови — престапна година во многу соларни календари; 31,62 милиони секунди
- 383, 384 или 385 денови — должини на престапните години во некои лунисоларни календари
- 383,9 денови — 13 лунарни месеци; престапна година во некои лунисоларни календари
Просечната Грегоријанска година изнесува 365,2425 денови = 52,1775 седмици, 8.765,82 часови = 525.949,2 минути = 31.556.952 секунди (просечна соларна, не СИ).
Просечната Јулијанска година изнесува 365,25 денови.
Обичната година изнесува 365 денови = 12 месеци = 8.760 часови = 525.600 минути = 31.536.000 секунди.
Престапната година изнесува 366 дана = 12 месеци = 8.784 часови = 527.040 минути = 31.622.400 секунди.
400-годишниот циклус на Грегоријанскиот календар има 146097 денови, па според тоа точно 20871 недела.
400-годишниот циклус на Јулијанскиот календар има 146100 денови, односно 20871 недела и 3 дена.
Симбол [уреди]
Не постои универзално прифатен симбол за означување на годината како мерка за време. СИ системот не предлага никаков симбол. Меѓународниот стандард ISO 80000-3:2006[2] го предлага симболот, односно буквата “а“ што е земен од латинскиот збор annus (година). Меѓутоа, тоа може да создаде конфузија бидејќи истата ознака се користи и за “ар“ како мерка за површина на земја.
Во македонскиот јазик обично се употребува симболот “г.“ или кратенката “год.“, во англискиот кратенката "y" или "yr", а слично е и кај другите јазици, кои вообичаено ја користат почетната буква од називот.
Видете уште [уреди]
Надворешни врски [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ Year, Merriam-Webster Dictionary (анг.)
- ↑ ISO 80000-3:2006 — Величини и единици Женева: Меѓународна организација за стандардизација, 2006. Дел 3: Простор и време (англиски)
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |