Мост на воздишките
| Мост на воздишките Ponte dei Sospiri |
|
Поглед кон мостот |
|
| Податоци | |
|---|---|
| Локација | Венеција |
| Земја | Италија |
| Архитект | Антони Контино |
| Изградбата започнала | 1602 |
Мостот на воздишките (италијански: Ponte dei Sospiri) е мост кој се наоѓа во Венеција, Италија. Мостот бил направен од бел варовник и има прозорци со камени решетки. Се наоѓа над реката на Палатите и ги поврзува старите зандани со собите за испрашување во Палатата на Дуждовите. Погледот од Мостот на Воздишките бил последниот поглед на Венеција кој го гледале осудениците пред да бидат затворени или погубени[1].
Мостот бил изграден во текот на 1602 година, а како главен архитект бил избран Антони Контино. Неговиот вујко пак е градител на мостот Ријалто.
На ова место многу луѓе за последен пат во животот погледнале кон синото небо и воздивнале за слобода. Така и го добил името - Мост на Воздишките. Овој мост станал пример за уште неколку вакви затворени премини кои служеле за преместување на затвореници. Денес овој мост е уште една од многуте туристички атракции кои можат да се видат во Венеција.
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Мост на воздишките“ |
| Галерија на академијата | Арсенал | Голем канал | Дуждова палата | Ил Реденторе | Ка' д'Оро | Ка' Пезаро | Кa' Рецонико | Ка' Фоскари | Мост на воздишките | Мост Ријалто | Санта Марија Глориоза деи Фрари | Санта Марија дела Салуте | Сан Марко | Санти Џовани е Паоло | Сан Џорџо Маџоре |