Ренесанса

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај

Ренесансата (француски збор за „преродба“; италијански: Rinascimento, од re- „повторно“ и nascere „се раѓа“)[1] е културно движење кое, во главно, го опфаќа периодот од 14. од 17. век, започнувајќи во Фиренца во доцниот Среден век, а подоцна проширувајќи се низ цела Европа. Поимот многу поретко се користи и за историската ера, но бидејќи промените на Ренесансата не биле применети низ Европа, ова е општа употреба на поимот. Како културно движење, тоа опфаќа оживување на учењето основано врз класични извори, развојот на линеарната перспектива во сликањето и постепена но распространета образовна реформа. Вообичаено, оваа интелектуална преобразба придонесува да Ренесансата е гледана како мост помеѓу Средниот век и Новиот век. Иако Ренесансата имала револуции во многу интелектуални занимања, како и општествени и политички пресврти, веројатно е најдобро позната по своите уметнички развитоци и придонеси како оние на учените луѓе како Леонардо да Винчи и Микеланџело.[2][3]

Содржина

[уреди] Многукратни Ренесанси

Витрувов човек, дело на Леонардо да Винчи, пример за спојот на уметноста со науката за време на ренесансата.

Во втората четвртина на XX век повеќето учители го зазеле мислењето дека Италијанската ренесанса била можеби едно од многу такви движења. Ова е во голем дел поради работата на историчари како Чарлс Х. Хаскинс (18701937), кој направил убедувачки случај за "Ренесанса на XII век," како и многу историчари кои дискутирале за "Каролиншка ренесанса." Обата концепти се сега широко прифатени од научните заедници, како резултат на ова, сегашен тренд меѓу историчарите е да ја дискутираат секоја таканаречена ренесанса во поконкретни термини на пример: Италијанска ренесанса, Англиска ренесанса, итн. Оваа терминологија е посебно корисна бидејќи ја елиминира потребата за вметнување на „ренесансата“ во хронологија по Средниот век а пред Реформацијата, за која што многумина веруваат дека не е точна. Целиот период сега најчесто се заменува со терминот "ранонововековен". (Видете периодизација

Други периоди на културна преродба исто така биле насловени како „преродба“; како Харлемската ренесанса или Санфранцисканска ренесанса. Другите ренесанси не се разгледани понатаму во оваа статија, која што ќе се концентрира на ренесансата како премин од Средниот Век до Новата ера.

[уреди] Критички осврти

Бидејќи терминот за прв пат се создал во 19ти век, историчарите имаат неколку интерпретации на ренесансата. Денес повеќето историчари ја гледаат ренесансата повеќе како интелектуална и идеолошка промена, отколку како нешто самостојно. На пример: марксистичките историчари ја гледаат ренесансата како лажна револуција бидејќи промените во уметноста, литературата и филозофијата влијаеле на многу мал дел од богатите и моќните, додека животот на поголемиот дел од Европската популација останал непроменет уште од Средниот век. Поради тоа се негира дека ова е период од големо значење.

Историчарите сега укажуваат дека повеќето од негативните социјални фактори популарно поврзани со средновековниот период - сиромаштијата, незнаењето, религиозните и политички прогонувања итн. се влошуваат во овој период на Макијавели, Религиозните Војни, корумпираните Боргиа папи, и интензивираните ловења на вештерки во 16 век. Многу од обичните луќе кои живееле во текот на „ренесансата“, биле многу позагрижени за развитокот на ерата, отколку да ја гледаат како „златно доба“ замислено од некои автори од 19 век. Можеби најважниот фактор на ренесансата е тоа дека тие што биле вмешани во културалните движења - уметниците, писателите и нивните патрони верувале дека живеат во нова ера, одделена од Средниот век, дури иако остатокот од популацијата изгледа го гледале период како интензификација на социјалните безредија.

Јохан Хуизинга (18721945) го признавал постоењето на ренесансата, но се прашувал дали тоа била позитивна промена. Тврдел дека ренесансата е период на негирање на високиот Среден век, кој уништил се што било важно. латинскиот јазик, на пример, премногу еволвирале од класичниот период и се уште латинскиот јазик се користел во црквите и од другите како жив јазик. Меѓутоа, опседнатоста на ренесансата со класична чистост го гледале латинското навраќање до неговата класична форма и неговата природна еволуција како сопрено.Роберт С. Лопез гледал на овој период како на период на длабоко економско опаѓање.Во меѓувреме, Џорџ Сартон и Лин Торндајк двајцата го критизирале тоа како ренесансата влијаела врз науката, тврдејќи дека напредокот бил побавен..

Историчарите започнаа да го сметаат зборот „ренесанса“ како непотребно подуен збор кој имплицира позитивна „преродба“ од наводно попримитивниот Среден Век. Многу историчари сега преферираат да го користат терминот "ранонововековен" за овој период, неутрален термин, кој истакнува дека ово период бил период на транзиција кон модерниот свет, но нема никаква позитивна или негативна конотација.

[уреди] Почетоците на ренесансата

Нема одредено почетен период или место за ренесансата. Започнала во неколку различни места во различно време и нема дефинирани дати или места за тоа кога Средниот Век завршил. Почетното место за ренесансата е речиси универзално припишано на централна Италија, посебно градот Фиренца. Една рана ренесансна личност е поетот Данте Алигиери (12651321), првиот писател кој му дал тело на духот на ренесансата.

Франческо Петрарка (13041374) е друга рана ренесансна личност. Како дел од хуманистичкото движење тој заклучил дека човечките достигнувања од најголема висина се случиле во Римската Империја и годините потоа биле период на општествено гниење кој тој го нарекол Темното Доба. Петрарка гледал на историјата како социјално, уметничко и литературно напредување, а не како серија на наместени религиски настани. Преродбата значела повторно откривање на античкото римско и грчко наследство низ антички ракописи и хуманистички метод на учење. Овие нови идеи од минатото (наречени „новото учење“ во тоа време го започнале напредувањата на полето на уметноста, науката и други области.

Друга можна почетна точка е падот на Константинопол под турска власт во [1453]]. Тоа била пресвртница во војните бидејќи топовите и барутот станале централни елементи. Додатно, Византиско - Грчките учители отишле западно од Рим носејќи обновена енергија и интерес за грчкото и римско наследство и тоа можеби го означило крајот на старите религиски сфаќања во Европа.

[уреди] Видете исто така

Commons logo
Заедничката ризница има категорија поврзана со

[уреди] Извори

[уреди] Надворешни врски

[уреди] Наводи

  1. „Renaissance, Online Etymology Dictionary“. Etymonline.com. http://www.etymonline.com/index.php?search=renaissance&searchmode=none. Пребарано на 2009-07-31. 
  2. BBC Science & Nature, Leonardo da Vinci Retrieved on May 12, 2007
  3. BBC History, Michelangelo Retrieved on May 12, 2007