Ренесансна архитектура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ренесансна архитектура — период во историјата на архитектурата меѓу раниот XV и XVII век во различни региони на Европа, во која имало свесно заживување и развој на одредени елементи од грчката античка и римска мисла. Стилски, ренесансната архитектура ја следи готската архитектура, а подоцна е наследена од барокната архитектура.

Ренесансниот стил го става акцентот на симетријата, пропорцијата, геометријата и регуларноста на деловите како што се покажани во архитектурата на античкото време, особено во античката римска архитектура од која останале многу примери.

Уредените аранжмани на столбовите, пиластрите и надвратниците, како и употребата на полукружни сводови, хемисферични куполи, вдлабнатини и мали згради-храмови ги замениле посложените пропорционални системи и неправилните профили на средновековните градби.

Храмот на Сан Пјетро во Монторио, Рим, 1502, од Браманте. Овој мал храм го обележува местото каде Св. Петар бил казнет со смрт.

Развиен прво во Фиренца со делата на Филипо Брунелески, кој се смета за еден од неговите зачетници, ренесансниот стил многу бргу се проширил и во другите италијански градови, а потоа во Франција, Германија, Англија, Русија и други места.

Храмот Веста, Рим, 205 година по нашата ера. Најважниот храм од Стариот Рим, станал модел за Храмот на Браманте

Историографија[уреди]

Зборот "ренесанса" произлегува од поимот "преродбa", кој за прв пат се појавил во Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти на Џорџо Вазари.

Иако терминот ренесанса бил користен прво од францускиот историчар Џулс Микелет, неговата подолготрајна дефиниција му ја дал швајцарскиот историчар Јаков Буркхарт, чија книга „Културата на ренесансата во Италија 1860“[1], извршила влијание врз развојот на модерната интерпретација на италијанската ренесанса. Фолиото на одмерени цртежи "Зградите на модерен Рим", најпрво објавено во 1840 од Пол Летаројли, исто така одиграло важна улога во обновувањето на интересот во овој период[2]. Ренесансниот стил бил признаен од страна на современици со поимот „на древниот начин“ (на Римјаните ...)

Главни етапи[уреди]

Историчарите често ја делат ренесансата во Италија во три етапи[3]. Каде што историчарите на уметноста можат да зборуваат за период на рана ренесанса, во кој го вклучуваат и развојот на сликарството и скулптурата од XIV век, тоа вообичаено не е случај и во историјата на архитектурата. Лошите економски услови на доцниот 14 век не произвеле објекти кои се сметаат за дел од ренесансата. Како резултат на тоа, зборот ренесанса помеѓу историчарите на архитектурата најчесто се однесува на периодот од 1400 до околу 1525 година, или подоцна во случајот на не-италијанските преродбеници.

Историчарите најчесто ги користат следните именувања:

  • ренесанса (околу 1400-1500) или рана ренесанса[4]
  • висока ренесанса (околу 1500-1525)
  • маниризам (околу 1520-1600)

Рана ренесанса[уреди]

Во раната ренесанса биле истражени концептите на архитектонскиот ред и биле формулирани правилата. Студијата на класичната антика особено водела кон освојувањето на класичните детали и украси. Просторот, како елемент на архитектурата, бил искористен поинаку од начинот на кој бил искористен во средниот век. Просторот бил организиран според пропорционална логика, неговата форма и ритам како предмет на геометријата, наместо да се создава по пат на интуиција како во средновековните градби. Одличен пример за тоа е базиликата Сан Лоренцо во Фиренца на Филипо Брунелески (1377–1446).[5]

Висока ренесанса[уреди]

Во текот на високата ренесанса, биле развиени и користени концепти од античкото време со поголем залог. Најрепрезентативен архитект е Донато Браманте (1444-1514), кој ја проширил применливоста на класичната архитекура кај современите згради. Сан Пјетро ин Монторио (1503), е директно инспириран од кружните римски храмови. Сепак, тој едвај бил роб на класичните форми и неговиот стил е тој кој што ќе доминира во италијанската архитектура во XVI век[6].

Маниризам[уреди]

За време на т.н. маниристички период, архитектите експериментирале со употребата на архитектонските форми за да ги нагласат цврстите просторни односи. Ренесансниот идеал на хармонија отстапил место на послободни и поимагинативни ритми. Најпознат архитект поврзан со маниристичкиот стил бил Микеланџело (1475-1564), кој е заслужен за измислувањето на џиновскиот ред, голем пиластер што се протега од дното до врвот на фасадата[7]. Ова тој го искористил во неговиот дизајн за Кампидољио во Рим.

Пред XX век, поимот маниризам имал негативни конотации, но сега се користи за опишување на историскиот период во поопшта и неосудувачка смисла.

Од ренесанса до барок[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Барокна архитектура.

Како што новиот стил на архитектурата се ширел надвор од Италија, повеќето други европски земји пред изградбата на целосно формулираните ренесансни згради, развиле еден вид на праренесансен стил. Секоја земја пресадила свои архитектонски традиции во овој нов стил, така што ренесансните објекти низ Европа се разликувале по регион. Во рамките на Италија, еволуцијата на ренесансната архитектура во Маниризам, со широко дивергентни тенденции во делата на Микеланџело, Џулио Романо и Андреа Паладио, водела кон појавата на баркониот стил, во кој истиот архитектонски речник се користел за многу поинаква реторика.

Надвор од Италија, барокната архитектура била пораспространета и целосно развиена за разлика од ренесансниот стил со значајни објекти дури во Мексико[8] и на Филипините[9].

Карактеристики на Ренесансната архитектура[уреди]

Неискористениот план на Рафаел за црквата Св. Петар

Очигледните главни одлики на класичната римска архитектура биле освоени од страна на ренесансните архитекти. Сепак, со текот на времето се промениле формите и намените на зградите, исто како што се сменила и структурата на градовите. Меѓу најстарите градби на преродениот класицизам биле цркви, такви какви што Римјаните никогаш немале изградено. Ниту пак постоеле модели за типот на живеалишта во големите градови, кои биле барани од страна на богатите трговци од XV век. Спротивно на тоа, немало интерес за огромни спортски објекти и јавни бањи, какви што Римјаните имале изградено. Античката подреденост била анализирана и реконструирана за да служи за нови цели.[10]

План Плановите на ренесансните згради имале правоаголен, симетричен изглед, во кој обично пропорциите се базирале на еден модул. Во рамките на една црква, модулот е широк колку еден страничен брод. Потребата дизајнот на планот да се интегрира со фасадата била претставена како проблем во делото на Филипо Брунелески, кој никогаш не бил во можност овој аспект да го спроведе во реализација. Првата зграда која го демонстрира ова е Св. Андреа во Мантуа од Алберти. Развојот на планот во световната архитектура ќе започне во XVI век и ќе кулминира со работата на Паладио.

Фасада

Св. Агустин, Рим, Џакомо ди Пјетрасанта, 1483

Фасадите се симетрични околу нивната вертикална оска. Црквените фасади генерално се надвиснати со фронтон и организирани со систем од пиластри и сводови. Столбовите и прозорците покажуваат редослед кон центарот. Една од првите вистински ренесансни фасади е Катедралата во Пиенца (1459- 1462), која се препишува на фирентинскиот архитект Бернардо Гамбарели (познат како Роселино). Можно е и Алберти да имал мал удел во нејзиниот дизајн. Станбените згради често биле надвиснати со корниз. Постоело редовно повторување на отворите на секој кат и централно поставената врата е обележана со напис како балкон или рустикална бордура. Еден ран и многу копиран прототип била фасадата за Палацо Рушелаи (1446 и 1451) во Фиренца со три забележани пиластри.

Столбови и пиластри

Класични редови - гравура од „Енциклпедија том 18.“ (XVIII век.)

Во римската подреденост на столбовите се употребени: тосканскиот, дорскиот, јонскиот, коринтскиот и композитниот тип. Подреденоста може да биде структурална, поддржувајќи аркада или архитрав, или чисто декоративна, поставена наспроти ѕид во форма на пиластри. За време на ренесансата, архитектите се стремеле да користат столбови, пиластри и первази како интегриран систем. Една од првите згради која користи пиластри како интегриран систем е Стара Сокровишница (1421-1440) од Брунелески.

Лакови Лаковите се полукружни или (во маниристичкиот стил) сегментални. Лаковите најчесто се користеле во аркади, поддржани на столбови или столбови со капители. Може да има дел од перваз помеѓу капителот и свиокот на лакот. Алберти бил еден од првите кој го употребил лакот за монументална скала на Св. Андреа во Мантуа.

Сводови Сводовите немаат ребра. Тие се полукружни или сегментални, за разлика од готските сводови кои најчесто се правоаголни. Сводот во форма на буре повторно се враќа во архитектонскиот речник како кај Св. Андреа во Мантуа.

Куполи

Куполата на црквата Св. Петар, Рим. Волганг Штук, 2004

Куполата била доста застапена, и како многу голема структурна карактеристика видлива само од надворешноста и како средство за покривање помали простори видливи само од внатрешноста. Куполите ретко биле користени во средниот век, но по успехот на куполата во дизајнот на Брунелески за црквата Санта Мариа Дел Фиоре и неговата употреба во планот на Браманте за црквата Св. Петар (1506) во Рим, куполата станала неопходен елемент во црковната архитектура, а подоцна и во секуларната архитектура, како кај вилата Ротонда на Паладио.[11]

Плафони Покривите се опремени со рамни или вдлабнати плафони. Не се отворени како во средновековната архитектура. Често се обоени или декорирани.

Врати Вратите обично имаат правоаголни горни греди. Можат да бидат поставени во лакот или прицврстени со триаголен или сегментален корниз. Отворите кои немаат врати се вообичаено заоблени и често имаат голем или декоративен темелник.

Прозорци

Предворјето на палатата Стоци, Фиренца

Прозорците можат да бидат поврзани и поставени во рамките на еден полукружен лак. Може да имаат правоаголни горни греди и триаголни или сегментални корнизи, кои често се користеле наизменично. Симболична во овој поглед е палатата Фарнезе (1517) во Рим. Во маниристичкиот период, понува да се употребува “Паладијанскиот” лак, користејќи мотив од високи полукружни отвори на врвот обградени со два долни правоаголни отвора. Прозорците се користат за да се даде поглед, да се внесе светлина во градбите и во домашната архитектура. Витражот иако понекогаш користен, сепак не е карактеристичен.

Ѕидови Надворешните ѕидови генерално се од високо довршена камена ѕидарија, поставена во хоризонтални редови. Надворешните агли на зградите често се потенцирани со грубо изработени ќошиња. Приземјето и подрумите биле често грубо изработени по примерот на палатата Медичи Рикарди (1444-1460) во Фиренца. Внатрешните ѕидови се глатко малтерисани, а површинскиот слој е во бела-креда боја. Кај поформалните простори, внатрешните површини се украсени со фрески.

Детали Предметите, украсите и сите декоративни детали се изрезбарени со голема прецизност. Изучувањето и усовршувањето на деталите на антчките Римјани бил еден од важните аспекти на ренесансната теорија. Различни редоследи бараат различни групи на детали. Некои архитекти биле построги од другите во употребата на класичните детали, но исто така постоел и добар дел на иновации во решавањето на проблемите, особено со аглите. Лајсните се издвоени околу вртатите и прозорците, наместо да бидат вградени како во готската архитектура. Извајани фигури биле сместени во вдлабнатини или поставени на столбови. Тие не се составни делови на градбата како во средновековната архитектура[12].

Влијанија на развојот на Ренесансната архитектура во Италија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Италијанска архитектура.

Италија од XV век, а особено градот Фиренца, била домот на ренесансата. Токму во Фиренца започнал новиот архитектонски стил, и тоа не на начинот како што готскиот стил се развил од романскиот, туку бил свесно поставен во функција од страна на одредени архитекти чија цел била да го оживеат редот на минатото “Златно доба”. Научниот пристап кон античката архитектура се совпаднал со општата преродба на учењето, врз која голем број фактори имале влијание.

Архитектонски

Романескната крстилница во Фиренца била предмет на проучувањата на Брунелески за перспектива

Италијанските архитекти отсекогаш преферирале јасно дефинирани форми и конструктивни елементи кои ја изразувале нивната цел. Многу тосканско-романски градби ги покажуваат овие карактеристики, како на пример црквата во Фиренца и катедралата во Пиза.[12]

Италија никогаш целосно не го усвоила готскиот стил на архитектура. Освен катедралата во Милано, која во голема мера е градба на германски градители, само неколку италијански цркви ја покажуваат нагласеноста кон вертикалното, насобраните отвори, раскошните орнаменти и кон сложените ребрасти сводници што го карактеризираат готското во другите делови на Европа.

Присуството на античките архитектонски остатоци и наредениот класичен стил им дало инспирација на уметниците во време кога и филозофијата се насочувала кон класичното.

Политички

Во XV век, Фиренца, Венеција и Неапол ја зголемиле својата моќ и надвор од своите граници, овозможувајќи движење на артистите. Со ова Фиренца имала значајно влијание на уметноста во Милано, а преку Милано и во Франција.

Враќањето на папата од Авињон и повторното воспоставување на папскиот суд во Рим во 1377 година, донеле богатство и значење за тој град, како и обновување на важноста на папата во Италија, што дополнително била зајакната од страна на Советот во Констанца во 1417. Последователните папи, особено папа Јулиј II, 1503-1513, барал да се продолжи временската моќ на папата низ Италија[13] .

Комерцијални

Во почетокот на ренесанста, Венеција ја контролирала морската трговија преку стоките од истокот. Големите градови од Северна Италија биле просперитетни преку трговијата со остатокот од Европа; Џенова обезбедувала пристаниште за стоките кои доаѓале од Франција и Шпанија; Милано и Торино биле центри на копнената трговија одржуваќи значајни металопреработувачки индустрии. Трговијата донела волна од Англија во Фиренца, град кој е идеално лоциран на реката за производство на фина ткаенина, индустрија врз која е засновано богатството на градот. Доминирајќи над Пиза, Фиренца се стекнала со пристаниште, а исто така доминирала и над Џенова. Во оваа комерцијална клима, едно семејство го свртело својот интерес од трговија кон профитабилен бизнис на лихварство. Семејството Медичи станале главни банкари помеѓу принцовите од Европа, за подоцна и самите да станат принцови, од две главни причини, богатство и моќ. Трговските патишта на успехот и понудената заштита од комерцијален интерес, не само што ги преселиле стоките туку и уметниците, научниците и филозофите.

Религиозни

Враќањето на папата од Авињон во 1377 година и новите истакнувања на Рим како центар на христијанската духовност, донеле налив на градење цркви во Рим, каков што немало речиси илјада години. Ова започнало во средината на 15-тиот век и станало поинтензивно во XVI век, достигнувајќи го својот врв во барокниот период. Изградбата на Систинската капела со нејзините уникатно важни декорации и целосната обнова на Свети Петар, една од најважните христијански цркви, биле дел од овој процес.

Во богатата и републиканска Фиренца, поттикот за градење цркви бил повеќе граѓански отколку духовен. Недовршената состојба на огромниот соборен храм посветен на Пресвета Богородица, не направила никаква чест за градот под нејзина заштита. Меѓутоа, како што биле пронајдени технологија и финансии за да се доврши, зголемувањето на куполата не претставувало само чест за Пресвета Богородица, нејзиниот архитект и црквата туку и за изворот на работната сила, односно еснафите и секторите на градот. Куполата инспирирала повеќе верски објекти во Фиренца.

Филозофски

Четворица филозофи на хуманизмот под покровителство на Медичи : Марсилио Фачино, Кристофоро Ландино, Анџело Полициано and Деметриус Калкондилес. Фреска од Доменико Гјарландио.

Развојот на печатените изданија, разоткривањето на древните списи, проширувањето на политичките и трговските контакти и истражувањето на светот, сето тоа довело до поголемо знаење и желба за едукација.

Читањето филозофски книги, кои не биле засновани на христијанската теологија, довело до развојот на хуманизмот, преку кој било јасно дека Господ го воспоставил и го одржува редот во универзумот, а улогата на човекот е да го воспостави и да го одржува редот во општеството.[14]

Граѓански

Козимо де Медичи, шеф на банката Медичи, спонзорирал граѓански програми за градење. Постхумен портрет од Понтормо.

Преку хуманизмот, граѓанската гордост и промовирањето на граѓанскиот ред и мир биле видени како обележја на државјанството. Ова довело до изградба на објекти како што е Болницата на Невините на Брунелески, која со својата елегантна колонада формирала врска помеѓу хуманитарниот објект, плоштадот и Лаврентијската библиотека, каде што научниците ги користеле колекциите од книги донирани од смејството Медичи.[15]

Големи црковни објекти биле нарачани, но не од страна на црквата туку од еснафите, со цел да се претстави моќта и богатството на градот. Куполата на катедралата во Фиренца на Брунелески, припаѓала на луѓето од градот повеќе од било кој друг објект, бидејќи изградбата на секој од осумте сегменти бил постигната со помош на различни сектори на градот.

Покровителство

Како во Платонската академија во Атина, припадниците на хуманизмот сметале дека оние луѓе кои ја имале привилегијата да бидат богати и едуцирани се истите тие луѓе кои требале да го промовираат тежнението кон учењето и кон создавањето на она што е убаво. За таа цел, богатите фамилии: Медичи од Фиренца, Гонзага од Мантуа, Фарнезе од Рим, Сфорцас од Милано, собрале учени и талентирани луѓе, промовираќи вештини и овозможуваќи вработување за најталентираните уметници и архитекти.

Теорија на архитектурата За време на ренесансата, архитектурата станала прашање не само на праксата туку и прашање за теоретска дискусија. Печатењето одиграло голема улога во ширењето на овие идеи.

  • Првата расправа за архитектурата била „За уметноста на градењетo“ од Леон Батиста Алберти во 1450 година. До одреден степен го следела ракописот "За Архитектурата" на Витрувиус, кој бил откриен во 1414 година во една библиотека во Швајацарија. Во 1485 година "За уметноста на градењетo" станала првата печатена книга за архитектура.
  • Себастијано Серлио (1475 – 1554) напишал многу важен текст, од кој првиот том се појавил во 1537 година во Венеција со наслов “Општи правила на архитектурата”. Познат е како “Четврта Книга”, бидејќи е четврта по ред во оригиналниот план на Серлио за расправа во седум книги. Но само пет книги биле објавени.
  • Во Венеција, 1570 година, Андреа Паладио (1508–1580) ја објавил “Четири книги за архитектурата”. Оваа книга била насекаде печатена и до голем степен била одговорна за ширењето на идеите на ренесансата низ Европа. Сите овие книги не биле наменети за читање и проучување само од страна на архитектите, туку и од страна на покровителите.

Развој на Ренесансната архитектура во Италија – Рана Ренесанса[уреди]

Брунелески[уреди]

Лицето заслужно за оформување на ренесансниот поглед кон архитектурата е Филипо Брунелески (1377–1446). Главна одлика во неговата работа е "редот".

Во почетокот на XV век, Брунелески почнал да го истражува светот со цел да ги открие правилата кои го одредуваат начинот на кој еден човек гледа на работите. Забележал дека начинот на кој еден човек гледа на црквата во Фиренца и поплочениот тротоар околу неа зависи од една математички линеарна перспектива.

Се забележало дека градбите кои останале помеѓу урнатините на антички Рим почитувале едноставен математички ред на начин на кој готските градби не го правеле тоа. Едно неспорно правило ја водело цела античка римска архитектура – еден полукружен свод е точно два пати поширок од неговата висина. Фиксен дел со импликации од такви размери не се појавил никаде во готската архитектура. Еден готски лак можел да биде проширен нагоре или пак срамнет до било кој дел кој одговарал на локацијата. Сводови од различни агли често се појавувале во рамките на иста структура. Немало поставени правила на пропорција кои би се применувале.

Куполата на црквата Санта Мариа дел Фиоре

Од набљудувањето на архитектурата на Рим произлегла желба за симетрија и внимателна пропорција во која формата и композицијата на градбата во целост и сите нејзини пропратни детали ќе бидат во фиксни односи, секој дел во пропорција со следниот, а архитектонските обележја ќе служат за да се дефинира што точно значат овие правила на пропорцијата. Брунелески се здобил со поддршката на многу богати покровители од Фиренца, како Козимо де Медичи и еснафот за преработка на свила.

Катедралата во Фиренца

Црквата Сан Лоренцо

Првиот голем архитектонски проект на Брунелески била огромната купола од тули што го опфаќала централниот дел од катедралата во Фиренца која е дизајнирана од Арнолфо ди Камбио во XIV век но останала без покрив. Иако често опишувана како првата градба на ренесансата, сепак смелиот дизај на Брунелески ги користи прочуениот готски лак и готските ребра. Се чини дека иако стилот е готски и во согласност со самата градба, структурата на куполата е правена по налик на познатата купола од Антички Рим, што Брунелески го искористил во потрагата по решение.

Куполата на Пантеон некогаш претставувала кружен храм, а денес е црква. Од внатрешната страна, куполата е вдлабната што во голема мера ја намалува тежината. Вертикалните прегради на вдлабнатините ефикасно послужиле како ребра, иако визуелно не доминираат. На врвот на куполата на Пантеон има отвор во пречник од 8 метри. Брунелески бил свесен дека купола од огромни размери би можела да биде конструирана и без темелник. Куполата во Фиренца е прицврстена со осум големи ребра и уште 16 внатрешни ребра поддржувајќи конструкција од тули накрсно наредени. Иако применетите техники се различни, и двете куполи во пракса сочинуваат густа мрежа на ребра кои поддржуаат многу полесни и потенки празнини, а и двете имаат големи отвори на врвот.

Сан Лоренцо

Новата архитектонска филозофија најдобро е прикажана во базиликите Сан Лоренцо и Санто Спирито во Фиренца. Дизајнирани од Брунелески околу 1425 и1428 година, и двете ја имаат формата на латинскиот крст. За секој од нив постоел модуларен план, секој дел бил паралелен со страничниот брод. Оваа иста формула ги контролирала и вертикалните димензии. Во случајот на Санто Спирито, страничниот брод и затворениот простор источно од олтарот се идентични, додека главниот брод претставува проширена верзија на овие. Во 1434 Брунелески ја дизајнирал Санта Марија на Ангелите во Фиренца, првата централно поставена ренесансна градба. Составена е од централен октагон опкружен со осум помали капели. Од оваа година па наваму, многубројни цркви биле изградени во варијации на овие дизајни.

Микелоцо[уреди]

Палатата Медичи Рикарди од Микелоцо.

Микелоцо Микелоци (1396-1472) бил уште еден архитект под покровителство на семејството Медичи. Негово најпознато дело е палатата Медичи Рикарди, кое бил задолжен да го дизајнира за Козимо де Медичи во1444 година. Една деценија подоцна тој ја изградил вилата Медичи во Фјезоле. Меѓу другите негови дела за Козимо се и библиотеката во манастирот на Свети Марко во Фиренца. Заминал во егзил на некое време во Венеција заедно со својот покровител. Со изградбата на дворецот во Дубровник, тој бил првиот архитект кој го користел ренесансниот стил надвор од Италија.

Палатата Медичи Рикарди по своите прозорци со корнизи и вградени врати претставува класично дело, но во споредба со делата на Брунелески и Алберти не постојат редови на столбови како доказ. Наместо тоа, Микелоцо ја испочитувал желбата на Фиренца за грубо изработени камења. Наизглед тој создал три реда столбовиод трите груби површински нивоа, совладани со еден огромен корниз во римски стил кој штрчи преку улицата за 2,5 метри.

Алберти[уреди]

Леон Батиста Алберти (1402–1472), бил значаен теоретичар на хуманизмот и дизајнер, чија книга за архитектурата "За уметноста на градњето" имала долготрајно влијание. Нагласувањето на анатомијата на природата, наука најпрво проучувана од страна на старите Грци, претставувало хуманистички аспект, особено на човечката форма,. Хуманизмот го поставил човекот како мерка за сите нешта. Алберти гледа на архитектот како личност со големи општествени одговорности.

Св. Андреа, во Мантуа, фасада. Фотографија од Фрод Инг Хеланд

Тој дизајнирал голем број на објекти, но за разлика од Брунелески тој не се сметал себеси за архитект во практична смисла па затоа надзорот над градбите им го препуштил на другите. Чудесно, една од неговите градби базиликата Св. Андреа во Мантуа била завршена со никакви промени во нејзиниот карактер. За разлика од неа базиликата Сан Франческо во Римини, обновена градба со готска структура која како и Св. Андреа имала фасада која потсетува на римскиот триумфален лак, за жал останала недоизградена.

Св. Андреа е исклучително динамична градба и однадвор и одвнатре. Нејзината фасада е обележана со екстремни контрасти. Проекцијата на редоследот на пиластри кои ги дефинираат архитектонските елементи, кои во основа се нефункционални, е многу плитка. Ова е во спротивност со длабоко вградениот лак кој што прави колонада од столбови пред главната врата. Големината на овој лак е во директен контраст со двата ниски квадратни отвора кои што го урамуваат. Светлото и сенката делуваат драматично на повшината на објектот поради плиткоста на корнизите и длабочината на порталот. Во внатрешноста Алберти не ги користел традиционалните патеки и странични бродови. Наместо тоа се забележува бавна и величенствена прогресија на наизменични високи лакови и ниски правоаголни влезови, следејќи го мотивот на “триумфален лак” од фасадата.

Фасадата на Санта Мариа Новела, 1456–70.

Две од најпознатите градби на Алберти, палатата Рушелаи и Санта Мариа Новела, се наоѓаат во Фиренца. Кај палатата Рушелаи, Алберти користел класични редови на столбови на фасадата во три нивоа. Било барано од него да ја заврши и декорацијата за фасадата на Санта Мариа Новела. Дизајнот го завршил во 1456 година, но градбата останала недовршена се до 1470 година.

На долниот дел од објектот имало вдлабнатини во готски стил и типични полихромни мермерни украси. Морало да се земе во предвид и големиот окуларен прозорец кој бил поставен на крајот од страничниот брод. Алберти едноставно имал почит кон она што до тогаш било сработено и кон фирентинската традиција на употребата на полихром, која верно била одразена во црквата Св. Јован , една од најпознатите градби во градот. Кружните мотиви, кај кои се повторува формата на полукружен прозорец, и редовните прегради створиле еден вид распоред во декорацијата, која во суштина била рамна и најчесто од полихромен мермер.


За првпат Алберти успеал да ги поврзе ниските покриви од страничните бродови со помош на два големи свитоци. Ова подоцна ќе стане стандардно ренесансно средство за решавање на проблемот на покривите со различни висини и за премостување на просторот помеѓу хоризонталните и вертикалните површини.

Ширењето на ренесансата во Италија[уреди]

Во XV век, судовите на одредени италијански држави станале центри каде што се ширела ренесансната филозофија,архитектура и уметност.

Во Мантуа, во дворецот наГонзага, Алберти дизајнирал две цркви, Св. Андреа и Сан Себастиано.

Со новата изградена војводска палата, градот Урбино станал важен центар. Со неколку нови изградени палати како палатата од дијаманти и палатата Шифаноја за Борсо д’Есте, границите на Ферара под покровителство на Есте биле проширени. Во Милано под покровителство на Висконти е изградена Чертоза ди Павија, а подоцна под покровителство на Сфорца и Кастело Сфорческо.

Во Венеција, Сан Цакарија ја добила својата ренесансна фасада, чија изработка била започната во 1480-тите години од Антонио Гамбело и Мауро Кодуси. Џовани Мариа Фалконето, архитект-скулптор од Верона, ја претставил ренесансната архитектура во Падуа со своето дело Лоџиа Корнаро во градината на Алвис Корнаро.

Во јужниот дел на Италија, ренесансните мајстори биле повикани во Неапол од страна на Алфонсо V од Арагон, по неговото освојување на Кралството Неапол. Најзначајни примери на ренесансна архитектура од овој град биле капелата Карачиоло која му се припишува на Браманте, и палатата Орсини ди Гравина, изградена од Габриеле д’Анџело помеѓу 1513 и 1549 година.

Висока ренесанса[уреди]

Во доцниот XV и раниот XVI век, архитекти како што се Браманте, Антонио да Сангало -помладиот и други покажале маестралност во оживувањето на стилот и способноста да го пренесат на градби како црквите и градските палати, кои биле сосем различни од градбите во античките времиња. Стилот станал подекоративен со орнаменти, а стауите, отворите и куполите станале поочигледни. Овој архитектонски период е познат како „висока ренесанса“ и се совпаѓа со времето на Леонардо, Микеланџело и Рафаел.

Браманте[уреди]

Св. Марија на благодарноста, Милано.

Донато Браманте (14441514), бил роден во Урбино и преминал од сликарство на архитектура. Повеќе од 20 години бил под покровителство на Лудовико Сфорца, војвода од Милано, за кого изградил голем број на објекти. По падот на Милано и неговото завземање од страна на Французите во 1499 година, Браманте заминал за Рим, каде што постигнал голем успех под покровителство на папата[16]

Најдоброто архитектонско достигнување на Браманте во Милано, бил неговиот прилог на крстосница и хор за црквата Св. Марија на благодарноста. Тоа било конструкција од тули, чија форма е правена според северната италијанска традиција на крстилници или цркви со правоаголни сводници. Новата зграда била централно планирана, освен што поради локацијата, заградениот простор источно од олтарот се протегал подалеку од страничните бродови. Полукружниот свод поставен попреку на околу 20 метри, поткрева скриен октогонален тапан продупчен на горната површина со заоблени класични отвори. Целиот екстериер има исцртани детали украсени со локалната теракотна орнаментија.

Во Рим, Браманте го создал она што повеќето го опишувале како „совршено архитектонско ремек-дело“,[12], храмот на Црква Сан Пјетро во Монторио. Овој мал кружен храм го означува местото каде што бил погубен Св. Петар и според тоа претставува најсветото место во Рим. Градбата очигледно се прилагодува на стилот, кој бил забележан кај остатоците од храмот на Веста, најсветото место од Стариот Рим. Обградена е со манастирот кој ја опкружува и е во просторен контраст со истиот. Гледано од страна на манастирот, се забележува дека е врамена со лак и столбови, облик кој се повторува во нејзината слободна форма.

Браманте продолжил да работи во Ватикан, каде што го дизајнирал импресивниот о предворје на Св. Дамасо и Белведере. Во 1506 година, дизајнот на Браманте за обновата на црквата Св. Петар бил одбран од страна на папа Јулиј II, со што бил поставен каменот-темелник. После смртта на Браманте и многуте промени, Микеланџело како главен архитект почнал да се доближува поблиску до оригиналната цел на Браманте.Видете подолу - Микеланџело.[12]

Сангало[уреди]

Палатата Фарнезе, Рим (1534–1545). Дизајнирана од Сангало и Микеланџело.

Антонио да Сангало Помладиот, (14851546), потекнувал до семејство на воени инжињери. Неговиот вујко, Џулиано да Сангало, бил тој кој доставил план за обновата на Базилика Свети Петар и на некој начин бил ко-директор на проектот заедно со Рафаел[16].

Антонио да Сангало исто така доставил план за обновата на Св. Петар и по смртта на Рафаел станал водечки архитект, за подоцна самиот тој да биде надминат од Микеланџело.

Неговата слава не се темели на неговата поврзаност со Св. Петар, туку со неговата изградба на палатата на Фарнезе, „најголемата палата од овој период“ започната во 1530 година[12]. Впечатокот на величенственост лежи во нејзината вистинска големина (56 метри долга и 29.5 метри висока) и во нејзината возвишена локација со поглед кон широкиот плоштад. Таа исто така претставува градба со убави размери, што е невообичаено за толку голема и луксузна куќа изградена во времето кога во главно се градело од декорирани тули со штукатура, наместо од камен. Наспроти нежно-розевите варосани ѕидови, грубиот масивен портал и грандиозното повторување на прозорците со ситни детали и давале помоќен ефект на градбата, со што бил поставен нов стандард на елеганција во градењето палати. Горниот кат со еднаква големина бил додаден од Микеланџело. Поверојатно е оваа импресивна градба да е изградена од тули; варовникот за нејзините архитектонски детали не потекнува од каменолом, туку од Колосеумот.[12]

Рафаел[уреди]

Рафаело Санти (14831520, Урбино, обучуван од Перуџино во Перуџа, пред да се пресели во Фиренца, одредено време бил главен архитект за обновата на Св. Петар соработувајќи со Антонио Сангало. Дизајнирал голем број на објекти, од кои повеќето биле завршени од други. Неговото единствено и највлијателно дело палатата Пандолфини во Фиренца, со два ката на строго изразени прозорци во „храмски“ стил, секој поставен околу наредени пиластри, корнизи и наизменично заоблени и триаголни педименти.

Маниризам[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Маниризам.

Маниризмот во архитектурата бил одбележан со широко дивергентните тенденции во делата на Микеланџело, Џулио Романо, Балдасаре Перуци и Андреа Паладио, кои воделе кон појавата на Барокниот стил, во кој истиот архитектонски речник се користел за многу поинаква реторика.

Перуци[уреди]

Балдасаре Перуци (14811536), бил архитект роден во Сиена, но работел во Рим. Неговите дела ги премостуваат високата ренесанса и Маниризмот. Вилата Фарнесина од 1509 година, претставувала правилна монументална коцка со два еднакви катови со силно изразени прегради од редови на пиластри. Ѕидовите со фрески ја прават оваа градба невообичаена.[12] .

Најпознатото дело на Перуци е палатата Масимо во Рим. Невообичаен елемент од оваа градба е нејзината фасада која нежно се искривува околу улицата со кривини. Во своето приземје има темна централна колонада од столбови поставена паралелно со улицата како еден полузатворен простор. Над ова се издигнуваат три неиздиференцирани катови, од кои двата горни се со идентични мали хоризонтални прозорци поставени во тенки рамни рамки кои се во еден чуден контраст со длабокиот портал, кој од врмето на неговата изградба служел како засолниште за сиромашните од градот.[17]

Џулио Романо[уреди]

Палатата Те

Џулио Романо (14991546), бил ученик на Рафаел и му во разните дела за Ватикан. Романо бил исто така многу инвентивен дизајнер, работел за Федерико II Гонзага во Мантуа на палатата Те (15241534), проект кој ги соединил неговите вештини како архитект, скулптор и сликар. Во ова дело, комбинирајќи пештерски градини и богати фрески, тој користи илузионистички ефекти, изненадувачка комбинација од архитектонска форма и текстура и честа употреба на елементи, кои на некој начин се чинат непропорционални или надвор од трасата. Крајниот ефект бил морничав и вознемирувачки. Илан Рахум го наведува Романо како „еден од првите промотери на Маниризмот“.[16]

Микеланџело[уреди]

Микеланџело Буонароти (14751564), бил еден од креативните гиганти чии дела ја одбележале високата ренесанса. Бил брилијантен во сите полиња на сликарството, скулптурата и архитектурата, а неговите достигнувања довеле значајни промени во секоја област. Неговата архитектонска слава се должи на две градби : ентериерот на Лаврентиската библиотека како и нејзиното лоби во манастирот Сан Лоренцо во Фиренца и базиликата Свети Петар во Рим.

Св. Петар била „најголемата творба на ренесансата[12], за што биле заслужни голем број архитекти со своите вештини. Но при нејзиното завршување, дизајнот на Микеланџело бил најмногу застапен од дизајнот на кој било друг архитект.

Црквата Св. Петар

Планот на Браманте за поставување на камен-темелник на Св. Петар бил усвоен во 1506 година. Низата архитекти кои го наследиле Браманте направиле различни промени на планот, но Микеланџело, кога го презел проектот во 1546 година, се навратил на планот на Браманте за поставување грчки крст и ги редизајнирал столбовите, ѕидовите и куполата давајќи им масивни пропорции на пониските носечки елементи , а елиминирајчи ги страничните бродови кај затворениот простор и идентичните трансепти. Хелен Гарднер вели: „Со неколу потези на четката Микеланџело ја претворил комплексноста на снегулката во масовна кохезивна целина“.[15]

Куполата на Микеланџело била дизајнерско ремек-дело, направена од два големи ѕидарски оклопи,поставени еден во друг, крунисани со една голема осветлена купола прицврстена на ребра, како што е традицијата во Фиренца. За надворешноста на градбата тој дизајнирал огромен редослед кој го дефинирал секој надворешен отвор, а целиот имот бил прицврстен со еден широк корниз кој непрекинато се протега околу целата градба како брановидна панделка.

Постои и дрвен модел на куполата, каде што нејзиниот надворешен оклоп е полукружен. Со смртта на Микеланџело во 1564 година, градбата достигнала висина до небото. Архитектот кој го наследил Микеланџело бил Џакомо дела Порта. Изградената купола имала многу поостра проекција од нејзиниот модел. Општо се претпоставувало дека дела Порта бил тој кој што направил промена во дизајнот се цел да се намали надворешното протегнување. Всушност не се знаело точно кој ја направил оваа промена, подеднакво можна и стилистичка претпоставка е дека тоа бил самиот Микеланџело кој за време на годините кога го надгледувал проектот се одлучил за подинамичен изглед на куполата.[18]

Лаврентиска библиотека

Пресобјето на Лаврентијската библиотека

Микеланџело најмногу го применил маниристичкиот стил во дизајнот за предворјето на Лаврентијската библиотека во манастирот Сан Лоренцо во Рим, која исто така била изградена од него и каде што престојувала колекцијата книги наМедичи. Тоа бил истиот манастир каде што Брунелески успеал на црквната архитектура да и даде покласичен карактер, со што вовел една чиста формула за употребата на класичниот ред и неговите различни компоненти.

Микеланџело ги прифатил сите компоненети на Брунелески и ги менувал по своја волја. Библиотеката се наоѓала на горниот кат. Претставувала долга ниска зграда со раскошен дрвен плафон кој е во хармонија со подот преполн со корали направени од наследниците на неговиот дизајн. Доволно била осветлена од природната светлина која навлегувала од долгата низа прозори соодветно набиени помеѓу редот на пиластри што се протегале по должината на ѕидот Предворјето од друга страна било високо, дури повисоко отколку што е широко и било натрупано со големи скалила кои како што рекол Певснер "истекуваат од библиотеката како лава и се распрснуваат во три правци кога ќе налетаат на оградата од приземјето". Тоа биле застрашувачки скалила, направени така бидејќи протегањето на скалите во центарот било поостро отколку од страните, собирајќи само по осум скали во простор за девет.

Местото било преисполнето и би требало просторот околу ѕидовите да биде поделен со пониски пиластри. Но Микеланџело се одлучил за поврзани столбови, кои наместо смело да се издвојуваат од ѕидот, тој длабоко ги вметнал во самиот ѕид. Во близината на црквата Сан Лоренцо, Брунелески користел мали носачки загради за да го прекине строгиот хоризонтален правец над аркадата. Микеланџело ги позајмил мотивите на Брунелески и секоја од вдлабнатените столбови ја поставил на пар идентични носачки загради. Певснер вели дека „Лаврентијската библиотека го открива маниризмот во својата најдуховна архитектонска форма“.[17][19]

Џакомо дела Порта[уреди]

Ил Гезу, дизајнирана од Џакомо дела Порта.

Џакомо дела Порта (15331602), бил познат како архитектот кој ја довел до реализација куполата на црквата Св. Петар. Промените во изгледот на куполата како модел и изградената купола, довело до шпекулации за тоа дали овие промени оригинално потекнувале од дела Порта или Микеланџело.

Дела Порта скоро цела своја кариера ја поминал во Рим градејќи вили, палати и цркви во манаристички стил. Едно од неговите најпознати дела била фасадата на црквата ил Гезу, проект кој го наследил од својот учител Барози да Вињола.

Повеќето карактеристики на оригиналниот дизајн се задржани но суптилно изменети со цел повеќе тежина да се даде на централнио дел над влезната врата каде што дела Порта помеѓу другите мотиви искористил низок триаголен корниз прекриен со сегментален корниз. Централниот дел, сличен како тој на Св. Андреа во Мантуа, е базиран на триумфален свод, но има две јасни хоризонтални поделби како тој на Санта Мариа Новела. Проблемот со поврзувањето на патеките со страничниот брод бил решен со свитоците на Алберти, во споредба со решението на Вињола со кое се добило многу помали загради и четири статуи поставени над поврзаните пиластри кои визуелно ги влечеле надоле аглите на зградата. Влијанието на овој дизајн може да се забележи кај барокните цркви низ Европа.

Андреа Паладио[уреди]

Андреа Паладио (15081580), „највлијателниот архитект на целата ренесанса[12], бил каменорезец, воведен во хуманизмот од страна на поетот Џанџорџио Трисино. Негов прв голем архитектонски проект била обновата на црквата Паладиана во Виченца, Венето, каде што поминал голем дел од неговиот живот работејќи.

Паладио го трансформирал архитектонскиот стил на палатите и црквите со воведувањето на поинаква перспектива на идеите на класицизмот. Додека архитектите од Фиренца и Рим обрнувале влијание на градби како Колосеумот и константиновиот лак за да обезбедат формула, Паладио се водел според класичните храмови и нивната едноставна перистил форма. За разлика од Алберти кој триумфалниот лак го користел со големи пропорции како кај Св. Андреа, Паладио триумфалниот лак, со голем заоблен отвор и пониски правоаголни отвори на секоја страна, го применил на помали елементи како што се прозорците. Овој мотив од Стариот Рим често бил нарекуван и Паладијански лак.

Најпознатата домашна градба на Паладио е вилата Капра, инаку позната и како ла Ротонда, централно планирана куќа со централен хол во вид на купола и четири идентични фасади, секоја со портико во вид на храм како оние на Пантеонот во Рим. Кај вилата Корнаро, проектираниот трем на северната фасада и вдадениот чардак од фасадата на градината се на два распределени ката, од кој горниот формира балкон[20].

Во дизајнирањето на црквената фасада Паладио, како Алберти, дела Порта и други, се соочил со проблемот на визуелното поврзување на патеките со страничниот брод и задржувањето и дефинирањето на структурата на градбата. Решението на Паладио било сосема различно од она на дела Порта. Црквата Сан Џорџио Маџоре во Венеција ја прекривал со еден висок храм, неговите столбови биле издигнати на високи плинтови поставени врз ниска и широка фасада на друг храм, чии столбови се издигаат од подземјето а тесните надвратници и пиластри се појавуваат позади големиот ред на страничниот брод.[12]

Напредок од рана ренесанса до барок[уреди]

Во Италија се одвивало незабележително преминување од архитектурата на раната и високата ренесанса и Маниризмот до архитектура во Барокниот стил. Певснер во своите коментари за предворјето на Лаврентијската библиотека спомнува дека „според мотивите на ѕидовите Микеланџело се смета за татко на Барокот“. Додека ова континуирано се одвивало во Италија, прифаќањето на ренесансниот стил на архитектурата било поспоро во другите земји, како на пример во Англија.

Како што папа Јулиј II наредил да се сруши античката црка Св. Петар за да се направи простор за нова, така и Хенри VII од Англија додал нова возвишена капела во вертикален готски стил на опатијата Вестминстер.

Барокниот стил еволуирал на почетокот на XVII век во Италија, во време кога биле изградени првите вистински ренесансни градби во Гринич и Вајтхол во Англија после подолг период на експериментирање со примената на класичните форми на локалните архитектонски форми или обратно, примената на ренесансните структурни форми во најширока смисла со отсуство на формулата за нивна употреба. Додека Англичаните откривале кои се правилата на класицизмот, Италијаните веќе експериментирале со методи за нивно прекршување. Во Англија по реставрацијата на монархијата во 1660 година, архитектонската клима се променила и стилот се движел во насока на барокот. Наместо да се развива како во Италија, тој пристигнал целосно оформен.

На сличен начин, во многу делови на Европа каде имало градби наредени во чисто класичен стил како Санто Спирито на Брунелески и палатата Медичи Рикарди на Микелоцо, барокната архитектура се појавила речиси без никакви наследувања, базирајќи се на еден вид на праренесансен локален стил[21]. Ширењето на барокот и неговата замена на традиционалната и поконзервативната ренесансна архитектура било особено воочливо во градењето на црквите како дел од борбата против реформацијата.[17]

Ширењето на ренесансната архитектура надвор од Италија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Северна ренесанса.
Француска ренесанса: Шамбор (1519–39)

XVI век бил век на политичката надмоќ на Франција и Шпанија, а подоцна и на Холандија, Англија, Германија и Русија. Како резултат на тоа, овие земји почнале да го увезуваат ренесансниот стил како показател на нивната нова културна позиција. Ова исто значело дека од 1500-тата година, па и подоцна, почнале да се појавуваат знаците на ренесансниот архитектонски стил надвор од Италија. Иако италијанските архитекти биле мошне барани, како Себастијано Серлио во Франција, Аристотиле Фиораванти во Русија и Франческо Фиорентино во Полска, наскоро не-Италијанците азпочнале со изучување на италијанската архитектура и ја преведувале со свои сопствени идиоми. Меѓу нив биле Филберт де л’Орме (1510–1570) во Франција, Хуан Батиста де Толедо (починал 1567) во Шпанија и Иниго Џонс (1573–1652) во Англија.[21]

Книги или печатени украси со врежани илустрации на планови и орнаменти биле многу важни во ширењето на ренесансниот стил во Северна Италија, во кое помогнале и автори како Андрует ду Черчу во Франција, Ханц Вредеман де Вриес во Холандија и можеби најекстремниот, германецот Вендел Диетерлин и неговата книга "Архитектура од 1593-1594".

Франција[уреди]

За време на првите години од XVI век Французите биле вклучени во војните во северниот дел на Италија, па така не само што богатствата на ренесансната уметност ги вратиле во Франција како свој воен плен туку донеле и нови стилистички идеи.

Во долината на Лоара, или "Градината на Франција", се осетил бран на нови градби и многу ренесансни замоци се појавиле во тоа време, како еден од најрано изградените бил замокот Амбоиз каде Леонардо да Винчи ги поминал последните години од својот живот.

Холандија[уреди]

Како и на сликарството така и на ренесансната архитектура и требало време за да стигне во Холандија, каде што сепак не ги заменила готските елементи во целост. Конели Флорис де Вриндт, архитект под директно влијание на италијанските мајстори, го дизајнирал Градското собрание на Антверпен, кое било завршено во 1564 година.Стилот кој бил познат и како “Антверпен маниризам”, чија целокупна структура на градбите била слична на градбите на доцниот готски стил но со поголеми прозорци и понатрупани декорации и детали во ренесансен стил, бил доста влијателен скоро низ цела Северна Европа, како на пример елизабетанската архитектура, и е дел од поширокото ширење на северниот маниризам.

Во почетокот на XVII век на Холандската Република, Хендрик де Кисер одиграл важна улога во развојот на ренесансниот стил во Амстердам, кој имал локални карактеристики вклучувајќи ја и распространетоста на високи и тесни градски куќи, холандскиот фронтон и воведувањето на декоративен триаголен корниз наместо врати и прозорци кај кои врвот се издига многу пострмно отколу во останатата ренесансна архитектура но во согласност со фронтонот.

Делканите камени детали, карактеристика со оригинално потекло од школата на Франција. често биле неприкладни. Оваа карактеристика била пренесена во Англија.[12][22]

Англија[уреди]

Англиска ренесанса : Хардвик Хол (1590–1597).

Ренесансната архитектура пристигнала во Англија за време на владеењето на Елизабета I, откако прво се проширила во Ниските Земји каде меѓу другите карактеристики со кои се здобила биле и верзии на холандскиот фронтон и фламански декорации во геометрсиките дизајни за украсување на ѕидови. Новиот стил имал тенденција да се манифестира преку големите правоаголни високи куќи како куќата Лонглит.

Првиот голем експонент на италијанската ренесансна архитектура во Англија бил Иниго Џонс (1573–1652), кој студирал архитектура во Италија под силно влијание на Паладио. Џонс се вратил во Англија полн со ентузијазам за новиот стил и веднаш почнал да дизајнира градби како куќата на кралицата во Гринич во 1616 и куќата за банкети во Вајтхол три години подоцна. Овие дела со нивните чисти линии и симетрија биле револуционерни во земјата вљубена во милионите прозорци, назабни украси и кули.[12][23].

Скандинавија[уреди]

Северна ренесанса: Фредериксбург (1602–20)

Ренесансната архитектура пристигнала во Скандинавија на истиот начин како и во Англија преку влијанието на фламанската архитектура, вклучувајќи високи фронтони и замоци како што е демонстрирано во архитектурата на палатата Фредериксбург. Токму од овој извор потекнува поголем дел од неоренесансата во скандинавските земји.[22]

Германија[уреди]

Црквата Св. Михаил, Минхен

Ренесансата во Германија била инспирирана од страна на германските филозофи и уметници како Јоханес Ројхлин и Албрехт Дирер, кој бил во посета на Италија. Особено важни архитектонски градби од овој период се резиденцијата Ландсхут, замокот во Хајделберг, замокот Јоханезбург во Ашафенбург и Градското Собрание во Аугсбург. Св. Михаил во Минхен е најголемата ренесансна црква северно од Алпите. Била изградена од војводата Вилијам V од Баварија помеѓу 1583 и 1597 година како духовен центар за борба против реформацијата. Нејзината изградба била инспирирана од црквата ил Гезу во Рим, а архитектот е непознат[12][13][22] .

Шпанија[уреди]

Ескоријал, Шпанија.

Во Шпанија ренесансата започнала да се пресадува на готските форми во последните децении на XV век. Новиот стил бил наречен Платереске поради екстремно украсената фасада, која потсетувала на комплексно деталните дела на Платерос. Класичните редови и канделабра мотивите биле слободно искомбинирани во симетрични целини.

Од средината на XVI век, под влијание на архитекти како Педро Макуча, Хуан Батиста де Толедо и Хуан де Херера се забележувало поблиско придружување кон уметноста од Стариот Рим, понекогаш дури бил надминат и маниристичкиот стил. Примери за ова биле палатата на Чарлс V во Гранада и Ескориал.[12][13][22]

Португалија[уреди]

Црквата Грача во Евора, Португалија (1530-1540).

Како и во Шпанија, прифаќањето на ренесансниот стил во Португалија се одвивало бавно. Таканаречениот рачен стил (1490-1535), ренесансните елемнти преку површна примена на живописни орнаменти ги соединил со готските структури, слично како кај готската Изабела од Шпанија. Во примерите на рачен стилот спаѓаат кулата Белем, дефанзивна градба во готска форма украсена со лоѓии во ренесансен стил и црквата Јеронимо со ренесансни орнаменти, украсени портали, столбови и засводени ходници.

Првите „чисти” ренесансни градби се појавиле во времето на кралот Јаков III, како на пример капелата Носа Сенхора да Кончеичао во Томар (1532-1540), Порта Еспециоза на катедралата Коимбра и црквата Грача во Евора (1530-1540), како и засводените ходници на катедралата Визеу (1528-1534) и Манастирот на Исус во Томар (John III Cloisters, 1557–1591). Лисабонските градби на црквата Свети Рок (1565-1587) и манастирот Сао Висенте де Фора (1582–1629), извршиле силно влијание врз црковната архитектура во Португалија и нејзините столбови во следните векови.[12]

Полска[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Полска ренесансна архитектура.
Дворот на замокот Вавељ пример за првиот период од полската ренесанса

Полската ренесансна архитектура се дели на три периоди. Првиот период (1500–1550) бил таканаречениот "италијански период". Повеќето од ренесансните градби биле изградени од страна на италијански архитекти вклучувајќи ги Франческо Фиорентино и Бартоломео Береци (дворот Вавељ, Сигизмундска капела).

Во вториот период (1550–1600), со почетоците на маниризмот и влијанието на Холандија, особено во Померанија, ренесансната архитектура станала позастапена. Меѓу најпознатите градби биле салата Ново Платно во Краков и градските собранија на Тарнов, Сандомирц, Келм (срушен) и на Познан како најпознато. Во третиот период (1600–1650), зголемената моќ на Језуитите и на борбата против реформацијата го поттикнале развојот на маниристичката архитектура и барокот[24].

Унгарија[уреди]

Влијанието на ренесансниот стил напјрво се почувствувало во Унгарија. Стилот се поајвил по баркот за време на владеењето на кралот Матиас Корвинус и Беатрикс од Неапол во 1476 година. Многу италијански уметници, занаетчии и ѕидари пристигнале во Буда заедно со новата кралица. Најаважното дело на унгарската ренесансна црковна архитектура била капелата Бакозц, обновена во XIX век и сега веќе позната како црквата Есцтергом.

Русија[уреди]

The Палатата на аспекти на плоштадот на катедралата во Москва, Кремљ.

Принцот Иван III со поканувањето на голем број архитекти од Италија, кои со себе донеле новите градежни техники и ренесансни стилски елементи но и се придружувале до традиционалните дизајни на руската архитектура, ја вовел ренесансната архитектура во Русија. Во 1475 дошол архитектот Аристотеле Фиораванти од Болоњезе со цел да изврши обнова на Црквата на Успението во Москва, Кремљ, која била оштетена од земјотрес. Како модел му била посочена Црквата на Успението од XII век во Владимир. Комбинирајќи го традиционалниот руски стил со ренесансното чувство за пространост, пропорција и симетрија тој произвел нов стил.

Во 1485 година Иван III нарачал градење на кралскиот дворец Терем во рамките на Московскиот Кремљ, а првите три ката му биле доделени на архитектот Алозио да Милано. Алозио да Миално, како и другите италијански архитекти, во голема мера придонел за ѕидовите и кулите во Кремљ.

Малата сала за банкети на рускиот крал, наречена Палата на аспекти поради многустраноста на нејзиниот горен спрат, покажува повеќе италијански стил и е дело на италијанските архитекти Марко Руфо и Пјетро Соларио. Италијанецот во Русија познат како Алевиз Фрајцин во 1505 година изградил 12 цркви за Иван III, вклучувајќи ја и катедралата Архангел, значајна по нејзиното успешно спојување на руската традиција, православните барања и ренесансниот стил.

Хрватска[уреди]

Во XV век Хрватска била поделена меѓу три држави – Северна Хрватска била дел од Австриската Империја, Далмација била под власт на Венецијанската Република (освен Дубровник) и Славонија била под Отоманска окупација. Катедралата Св. Јаков во Шибеник била започната во 1441 година од Џорџио да Себенико (Јурај Далматинац) во готски стил. Не се користело малтер, камените блокови, пиластри и ребра биле споени со зглобови и слотови на начин кој бил вообичаен за дрвените конструкции. Во 1477 работата останала недовршена и градбата продолжила под водство на Никола Фирентинац кој го почитувал начинот на изградба и планот на претходниот архитект, но додал неколку елементи во ренесансен стил како високи прозорци, сводови и куполата. Комбинацијата од висок цилиндричен свод и низок полу-цилиндричен свод над патеките и давала на фасадата карактеристична трилистна форма, која била прва од овој тип во регионот. Катедралата во 2001 била ставена на листата на Светско Наследство од страна на УНЕСКО.

Наследството од Ренесансната архитектура[уреди]

Во XIX век имало свесно заживување на стилот во ренесансната преродба на архитектурата паралелно со готската преродба. Според архитектонските теоретичари[26] готскиот стил бил најсоодветен за изградба на цркви, а ренесансната палата била добар модел за урбани секуларни објекти кои со својата појава сакале да симболизираат достоинство и сигурност, како банките, џентлменските клубови и станбените блокови[27]. Градбите чија цел била да импресионираат, како Париската Опера, биле повеќе во маниристички или барокен стил[28]. Архитекти на фабрики, деловни згради и стоковни куќи продолжиле да ја користат ренесансната форма на палата и во XX век во медитеранската преродба на архитектонскиот стил ставајќи акцент на италијанската ренесанса.[17][29]

Многу идеи на ренесансната архитектура можат да се проследат преку следните архитектонски стилови — од ренесанса до висока ренесанса, маниризам, барок (или рококо), неокласицизам, еклектицизам, модернизам и постмодернизам. Влијанието на ренесансната архитектура и денес може да се примети во модерните архитектонски стилови и правила.

Наводи[уреди]

  1. The Civilization of the Renaissance in Italy, 1860, English translation, by SGC Middlemore, in 2 vols., London, 1878)
  2. Erwin Panofsky, Renaissance and Renascences in Western Art, (New York: Harper and Row, 1960)
  3. Some architectural histories eg. Sir Banister Fletcher, include Baroque as a phase of Renaissance architecture. Because of its extent, diversity and deviation from the Classical it is not included here and is the subject of a main article.
  4. The Early Renaissance in architecture is most applicable to developments in Venice, where there was a more fluid development between medieval and Renaissance styles than in Florence. See: John McAndrew Venetian Architecture of the Early Renaissance (Cambridge: The MIT Press, 1980).
  5. Howard Saalman. Filippo Brunelleschi: The Buildings. (London: Zwemmer, 1993).
  6. Arnaldo Bruschi. Bramante (London: Thames and Hudson, 1977).
  7. Mark Jarzombek, „Pilaster Play“, „Thresholds“ 28 (Winter 2005): 34–41, http://web.mit.edu/mmj4/www/downloads/thresholds28.pdf 
  8. Cathedral of Chihuahua, 1725–1826
  9. Basilica Minore del Santo Niño, present structure 1735–39
  10. The list of characteristics below is expanded from a list based on Banister Fletcher. See below
  11. A major use of this feature is great dome of the US Capitol Building (begun 1856) in Washington DC and all the subsequent State Capitals buildings in the Renaissance Revival style.
  12. 12,00 12,01 12,02 12,03 12,04 12,05 12,06 12,07 12,08 12,09 12,10 12,11 12,12 12,13 12,14 Banister Fletcher, History of Architecture on the Comparative Method(first published 1896, current edition 2001, Elsevier Science & Technology ISBN 0750622679).
  13. 13,0 13,1 13,2 Andrew Martindale, Man and the Renaissance, 1966, Paul Hamlyn, ISBN unknown
  14. J.R.Hale, Renaissance Europe, 1480–1520, 1971, Fontana ISBN 0006324355
  15. 15,0 15,1 Helen Gardner, Art Through the Ages, 5th edition, Harcourt, Brace and World.
  16. 16,0 16,1 16,2 Ilan Rachum, The Renaissance, an Illustrated Encyclopedia, 1979, Octopus, ISBN 0706408578
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 Nikolaus Pevsner, An Outline of European Architecture, Pelican, 1964, ISBN unknown
  18. Pevsner and Gardener suggest that Michelangelo began with the idea of a pointed dome, as in Florence, then in his old age reverted to the lower silhouette, and that della Porta stuck to Michelangelo's original concept. Mignacca, on the other hand, suggests that the pointed dome was Michelangelo's final, and brilliant, solution to the apparent visual tension within the building.
  19. Ludwig Goldscheider, Michelangelo, 1964, Phaidon.
  20. Бранко Митровиќ и Стефан Васел, Андреа Паладио: Villa Cornaro in Piombino Dese (Њујорк: Acanthus Press, 2006, ISBN 0-926494-36-8
  21. 21,0 21,1 Џенсон, Ентони (1997). Историја на уметноста, Њујорк: Хари Абрамс, Inc.. ISBN 0810934426.
  22. 22,0 22,1 22,2 22,3 Robert Erich Wolf and Ronald Millen, Renaissance and Mannerist Art, 1968, Harry N. Abrams.
  23. Џон Самерсон, Architecture in Britain 1530–1830, 1977 ed., Пеликан, ISBN 0140560033
  24. Harald Busch, Bernd Lohse, Hans Weigert, Baukunst der Renaissance in Europa. Von Spätgotik bis zum Manierismus, Frankfurt af Main, 1960
    Wilfried Koch, Style w architekturze, Warsaw 1996
    Tadeusz Broniewski, Historia architektury dla wszystkich Wydawnictwo Ossolineum, 1990
    Mieczysław Gębarowicz, Studia nad dziejami kultury artystycznej późnego renesansu w Polsce, Toruń 1962
  25. Rákóczi Castle accessed 23 October 2006
  26. John Ruskin
    Cambridge Camden Society
  27. An influential example, The Reform Club in London (1841) by Charles Barry was closely inspired by the Palazzo Farnese, discussed above Photos and commentary
  28. Charles Garnier
  29. Louis Sullivan

Надворешни врски[уреди]


Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Ренесансна архитектура“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).